Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма

Неквалитетни преводи во репрезентативна едиција

Д-р Владимир Цветковски, универзитетски професор во пензија

Како преведувач со подолго преведувачко искуство бев замолен да се нафатам со превод на некое дело од македонски на англиски јазик, што не е лесна работа. За да му се оддолжам на мојот драг пријател со кого служевме војска во Задар, се определив за „Пасквелија“, со големи сомнежи дека ќе успеам во овој потфат зашто стилот на Чинго е специфичен со изобилно лексичко богатство и регионализми за кои тешко може да се изнајде соодветен еквивалент во англискиот јазик. За жал, тешкотијата во преведувачката постапка не е само заслуга или вина на авторот на делото, зашто преведувачот е исправен и пред многубројни пропусти во печатарската постапка и не знам уште пред какви не грешки што не би смеело да се среќаваат во ваква репрезентативна едиција, уште повеќе што тоа е проект на Владата на Република Македонија и е промовирана од премиерот.

Се прашувам, има ли право преведувачот да врши корекции на грешките, а доколку не го направи тоа, тогаш на што би личел англискиот превод?!

Еве со какви грешки се соочува преведувачот:

...Сите раце го туркаат попчето в црква, бргу вчас, го впикуваат со сиот глас, - господ да ти поможи, самите нагодете се, божји, му ја тргаа тешката врата, го затвораат ... (стр. 27). Бидејќи глаголите во пасусот се во презент и глаголот – му ја тргаа вратата, би требало да е во презентска форма – му ја тргаат ...

Еве некои уште поступидни грешки или пропусти, сеедно:

... Низ голите круни на дрвјата спиеше црн дождец и земјата ја претвораше во тесто... (стр. 48). Доколку би се превело ова дословно како што стои, би се добил нонсенс текст на англиски јазик.

Зарем не ви се чини дека наместо спиеше, би требало да стои сипеше, што е логично. (Ова го проверив кај Чинго во примерокот што ми го подари и таму стои сипеше)

Се наидува и на други бисери: пореполуционерно (стр. 38) наместо пореволуционерно, а што би можело друго да биде?!

Има и вакви нелогичности:

- Што, - прашуваат од сите страни, глувите прослушаа, немите прогледаа, болните оздравеа (стр. 27). Не ви се чини ли дека логично би било да стои проговорија?

Да не зборувам за тоа дека на крајот од многу реченици нема точка; наместо е стои с и многу слични „технички пропусти“.

Обично, за некои „вешти“ дактилографи се вели дека чукаат на слепо; смеело ли да се дозволи вакви пречукувања на текстовите при компјутерската обработка на слепо?; и доколку таквите текстови се лекторирале, непростливо е ваков вид грешки да им избегале од вид на лекторите.

Едицијата ја „красат“ и други пропусти. Зарем мораше толку ударнички да се подготвува оваа едиција?

Народот не рекол залудно - брзата кучка слепи кучиња раѓа!


#
Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар

Од: lost in translation
Датум: 20.12.2010 12:58:58
A kako ke se prevedi "brza kucka slepi kucinja raga" doslovno na Angliski i dali ke ima sens.
Од: граѓани
Датум: 20.12.2010 14:54:29
Се создава сомнеж дека и тој проект, (како и оној со историските споменици), е само начин да се исперат пари. Приоритет на власта е квантите а не квалитет. Набрзина и наголемо се трошат пари демек за национални интереси и се прават утки на секој чекор. А ако некој се обиде да лоцира одговорност ќе види дека е тоа невозможно бидејќи организацијата на вакви проекти е бирократски лавиринт на кој не може да му се најде крајот, а освен тоа дополнително си се заштитени со нон-сенс закони.
Од: USA
Датум: 20.12.2010 16:16:42
Se dobiva vpecatok deka nasekade e zastapena mrzelivost ili negriza za toa sto e napisano/kazano. Prv i osnoven primer se iminja/preziminja vo pisani vesnici, TV,.... Site znaeme kako toa zvuci, osobeno vo Makedonija (so V ili bez). Duri moze da se procita/cue "Ministerot za nadvoresni rabiti MILOSEVSKI"????? Za drugoto sto ostanuva.
Од: Vlav
Датум: 20.12.2010 16:19:37
Тоа секогаш се случува, кога ќе се запослат како преведувачи аналфабети, лица со поминати 2-3 курса, а најважен критериум при вработувањето е партиската книшка. А, оние армија на невработени со филолoшки факултети? Е, тие нека причекаат да дојде на власт друга политичка партија. Кој чека ``ќе дочека``. Ама некој чеакајќи умрел.
Од: Дони
Датум: 20.12.2010 23:57:20
За пофалба е идејата дела од македонски автори да се преведат и направат достапни на странски читатели, за промоција на македонската литература, но при тоа навистина не би смеело да се оди на квантитет, туку квалитетот да има многу поважна улога. А не вака како со голем број други работи (за да се заштедат пари и истите да ги добие некој близок до власта) да се бираат неквалитетни изведувачи па да летаат покриви, да добиваме катастрофални учебници и сл. Мора да се постават и почитуваат одредени стандарди, доста беше од оставање ваква слика за Македонија.
Од: todor
Датум: 21.12.2010 10:30:36
Бранко е крив за ова! Ги отргна сите паметни луѓе од политиката па сега Грујо мора да им дава работа на квази интелектуалци или да им украде по некој кариерист од СДСМ.

Најди! во Утрински
Писма
Разрешувањето на Протоѓер - апсолутна невистина
Не клеветиме, туку прашуваме
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census