|
|
|
|
|
|
Разрешувањето на Протоѓер - апсолутна невистина
РЕАКЦИЈА на ВМРО-ДПМНЕ на текстот „Кој му плете свилен гајтан на Протоѓер?!“
Етиката е многу битна и значајна во животот. Таа ги разликува луѓето од нелуѓето, а заедно со разумот, особено ги разликува од останатите животински видови. Професионализмот, покрај изградениот вредносен суд на поединецот или, пак, на колективитетот, како апсолвиран принцип, налага и почитување на етичките норми што ги пропишува секоја професија – како кодекс сама за себе. Имиџот долго и тешко се гради, но уште полесно се уништува.
Ние сме зачудени од големата лага што се обидовте да и' ја пласирате на македонската јавност во Вашето издание од петок (17.12.2010 ), преку статијата на насловната страница со наслов „Кој му спрема свилен гајтан на Протоѓер?!“
Изненадени сме од Вашето крајно непрофесионално и неетичко однесување, во кое при изготвувањето на статијата се повикувате на некакви наводни извори од социјалната мрежа „Фејсбук“ за кои и Вие самите знаете дека немаат никаква релевантност. Но, и тоа што пласирате една манипулација што се обидувате да ја издигнете на ниво на вистина за некаква измислена тема за која воопшто не се дискутираше во јавноста. Особено, поради прекршувањето на етичкиот кодекс на новинарската професија, затоа што не се ни обидовте да побарате став од споменатото лице во статијата.
Загрижени сме од ова однесување преку кое му вршите сериозна клевета и навреда на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, и на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Ваши постапки за кои не можеме да ги разбереме мотивите и никако не може да ги оправдаме таквите изблици на емисија на невистини.
„Утрински весник“ е весник што пледира да биде сериозен. Имате право да не ја симпатизирате ВМРО-ДПМНЕ. Може слободно и остро да не' критикувате кога има, па и кога нема основа за тоа, но никако не смеете да навредувате, клеветите, истакнувате невистини и да ја доведувате во заблуда македонската јавност. Бараме од Вас јавно извинување за невистината што ја пласиравте до генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, до ВМРО-ДПМНЕ и до Владата на Република Македонија, која ја споменувате во прилогот. Статијата за наводното разрешување на Протоѓер е апсолутна невистина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ |
#
|
Статијата е прочитана 998 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: mitko-gevgelija |
Датум: 20.12.2010 12:45:02 |
|
VMRO-DPMNE e partija na aramii!!!!!!1 |
|
|
|
|
|
|
Од: сенегал |
Датум: 20.12.2010 13:43:54 |
|
А пак на сдсм сите угледни лица се...Оди бре три грама мозок немате да запаметите некои работи што се случуваа досега.Овие барем нешто градат а сдсм што направија што изградија? бранко викаше градат црвки крстови ( за Плаошник и за Милениумскиот на Водно) а кога стана претседалет прв замина на Плаошник со делегации,таму доделуваше и некои стипендии дипломи/Сошто не замина од таму? Зошто не замина некаде каде што сдсм изградил нешто?Или пак во некоја фабрика што тие ја изградиле? |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 20.12.2010 15:27:25 |
|
Senegal, menorijata slabo te sluzi, Breanko megju drugoto izgradi 200 km avtopat i edna hidrocentrala, a najvece od se drzava koja tvoite-decata prerodbenici ja unistuvaat, i ja napravija da bide za potsmev vo svetot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Senegal |
Датум: 20.12.2010 16:45:37 |
|
Senegal,tvojot pretsedatel vo Senegal izgradi pogolem spomenik od Grujo.I tie bile ameboidi! |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 20.12.2010 20:35:52 |
|
Znaci navistina ima nesto okolu "svileniot gajtan" za g-dinot Protugjer.Do takov zaklucok dojdov ne od
napisot na "Utrinski vesnik",tuku od demantot na
Centarot za kumunikacii na VMRO DPMNE.
Vsusnost plasiranite informacii vo javnosta od razni izvori,'Utrinski vesnik",kako i sekoe istrazuvacko novinarstvo i voopsto istrazuvacka aktivnost,se obiduva da ja potvrdi ili demantira od nesporni i relevantni izvori razgovor so Pretsedatelot na centarot sto go demantira).
Posle iznesuvanjeto na utrinski na negovoto mislenje,a zestokosta so koja istiot toj se nafrla na vesnikot,mi davat za pravo da veruvam deka sepak nesto se slucuva!!! Nazdravje,Dimovski koga ne ti e jasno deka i megju redovi se cita!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Виктор |
Датум: 21.12.2010 04:28:45 |
|
Да етиката е многу битна, во неа постои категорија морална одговорност. Таа во ДПМНЕ е непозната категорија. |
|
|
|
|
|
|
|
|