Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Праисториските дами од Македонија на изложба во Норич

Денеска во центарот Сеинзбери за визуелна уметност во Норич, Велика Британија археологот Ирена Колиштркоска - Настева од Музејот на Македонија, ќе говори за музејската изложба „Праистриските дами од Македонија“.

Освен неа, со свои излагања ќе се претстават повеќе еминентни проучувачи на праисториската уметност од различни краишта на светот, во рамките на студискиот ден со кој ќе биде одбележано поставувањето на изложбата „Откопани“ - која во Центарот ќе биде отворена на 22 јуни, а ќе трае до 29 август.

Ќе бидат презентирани женски теракотни фигурини од почетоците на цивилизацијата, поставени наспроти современите претстави на жени.

Автор на концепцијата за изложбата и куратор на истата е Симон Канер од Сеинзбери институтот за проучување на јапонската уметност и култура во Норич.

На изложбата ќ�� бидат презентирани древни фигурини со претстави на жена откриени при археолошки ископувања во Јапонија, Република Македонија, Косово и Романија. Музејот на Македонија учествува со десеттина експонати од своите колекции од периодот на енеолитот и неолитот.

Ирена Колиштркоска - Настева е соработник во реализацијата на изложбата од страна на Музејот на Македонија, а во рамките на презентацијата на современите претстави на жени, ќе биде поставена и скулптурата „Невеста“ на Мери Аницин - Пејоска. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Културно лоби“
Промоција на книгата „Алтернативен театар во Македонија“ од Љубиша Никодиновски-Биш
Внатрешното око“ ми е главна алатка
Едоардо Сангвинети
Стрип-работилница на Златко Крстевски