Брoj 2685  среда, 14 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Ингра“ ќе го крене „Маврово“ на здрави нозе

Сите 1.100 работници ќе останат на работа, а ќе има место и за нови

Сања Наумовска

„Ингра“ планира да го издигне „Маврово“ на здрави нозе и со него како партнер да излезе на нови пазари низ светот. Ова го соопшти на вчерашната прес-конференција раководството на хрватската компанија. Откако „Ингра“ стана сопственик на 80 проценти од акциите на „Маврово“, кои ги купи за 7 милиони евра, остварена е првата средба со менаџерите и синдикатот на домашната фирма. Хрватските газди ќе се сретнат и со претставници на повеќе државни институции, со кои ќе се разговара за долговите на „Маврово“ кон Управата за јавни приходи, како и за заостанатите плати и придонеси за работниците.

„’Маврово‘ има долг од околу 25 милиони евра, но и побарувања од државата од близу 20 милиони евра“, вели Јасна Лудвигер, член на Управниот одбор, што значи дека за овие прашања ќе треба време да се разговара со сите надлежни институции. „Дел од долговите ќе мора да се платат веднаш, но за некои македонските закони дозволуваат отплата на 50 рати, па во идниот период ќе се разговара за сите можности“, потенцира Лудвигер.

„Ингра“ планира задржување на сите 1.100 работници, на кои ветуваат дека во иднина ќе им бидат намирени побарувањата, и вработување нови. „Маврово“ ќе го задржи својот бренд, со додавката дека е член на групацијата „Ингра“. Хрватите, кои работат на повеќе пазари низ светот, особено на Блискиот Исток, велат дека веќе настапиле заедно со „Маврово“ на проект за изградба на брана во Алжир. Планирано е партнерски да работат, особено во регионот, на проекти во Македонија и во Бугарија.

„До крајот на годинава ќе трае транзицискиот период во работата на ’Маврово‘, во кој планираме да се решат проблемите со долговите и фирмата повторно да почне со нормално работење. Имаме почетен дијалог со повеќе страни, меѓу кои и со синдикатот, а планираме потпишување колективен договор и регулирање на обврските спрема вработените“, истакна Игор Опенхајм, претседател на Управниот одбор на „Ингра“. Тој нагласи дека поранешниот директор на „Маврово“, Ванчо Поповски, ќе има само советодавна функција.

До оформувањето на македонската управа во „Маврово“, која според примерот на моделот на управување на новите газди ќе има само Управен и Надзорен одбор, лидер на транзицискиот тим ќе биде Марјан Костренчиќ, член на НО на „Ингра“. Тој изрази задоволство од стучноста на кадарот во „Маврово“, за кои истакна дека имаат потенцијал да ја издигнат фирмата во партнер на „Ингра“, со кој ќе може да влегуваат во нови проекти.


Статијата е прочитана 236 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Славески_ Нема да ги зголемиме даноците за да ја намалиме инфлацијата
„ДХЛ Македонија“ отвори нов сервисен центар
Бензинот се' поскап - автомобилите се возат
Се топат ли полека девизните резерви на државата?
Цените на индустриските производи пораснале за 10,7 отсто