„СУПЕРХИКС“
Номинирани за награда на Ем-Ти-Ви
Популарните момци од групата „Суперхикс“ ќе се борат за наградата „Најдобар регионален изведувач“ на претстојните музички награди на Ем-Ти-Ви, што ќе се случува на 5 ноември во Берлин. Инаку, покрај „Суперхикс“, во оваа категорија се номинирани белграѓаните „Дарквуд Даб“, Босанците „Дубиоза колектив“, Словенците „Елвис Џексон“ и Хрватите „Лолобриџ“. Победникот ќе го избира публиката по пат на електронско гласање од земјите на поранешна Југославија.
Да потсетиме, гласањето започна на 1 септември, а ќе трае до 11 септември на полноќ. По пребројувањето на гласовите, победникот во категоријата за најдобар регионален изведувач ќе влезе во трката за најдобар европски изведувач, заедно со победниците од локалните канали на Ем-Ти-Ви во Европа. |