Сара Џесика Паркер
Кери Бредшоу не носи бурма
Почетокот на снимањето на продолжението на филмот „Сексот и градот“ предизвика воодушевување меѓу обожавателите. Четириесет и четиригодишната актерка Сара Џесика Паркер ја покажала својата завидна фигура во проѕирен бел фустан на снимањето во Њујорк.
Иако не се познати никакви детали за филмот, Кери на прстот не го носи венчалниот прстен, па се претпоставува дека не е се' блескаво во бракот со Фаца.
Во првиот дел од филмот кој постигна голем успех, Кери и Фаца стапија во брак, но изгледа дека не е се'едноставно во љубовта како што изгледа.
Паркер се враќа на работа откако пред еден месец стана мајка на близначки, која ги доби од сурогат-мајка.
Сите четири актерки, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон, Кристин Давис и Ким Катрал ќе се појават во новиот дел кој во кината ќе се прикажува во мај наредната година. |