Ентони Хопкинс
Рано е за пензија
Ентони Хопкинс (71) е уверен дека направил се' и дека нема да му пречи ако не добива улоги. „Сосема искрено, направив се'“, заклучил Хопкинс, ѕвездата на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Актерот изјавил и дека размислувал дали треба сериозно да се грижи околу својата работна иднина и заклучил оти треба да е мирен.
Хопкинс, и покрај се', не планира да се повлече и ќе продолжи да снима филмови се' додека е во добра форма. „Сакам понекогаш да се одморам, но нема да одбијам доколку наиде нешто интересно и ако доволно ме платат. Тоа го одржува мојот мозок активен. Често размислувам како со 70 години почнувате да мислите: О, толку сум уморен, мислам дека ќе се повлечам, а потоа ќе умрете“, додал актерот. |