Силвестер Сталоне
Ќе се снима „Рамбо 5“
Силвестер Сталоне ќе биде режисер на петтиот дел на легендарниот филм „Рамбо“.
Петтото продолжение на акцискиот филм е веќе во подготовка, а главната улога секако ќе ја има Сталоне, кој не планира да оди во пензија. Ако мислевте дека четвртото продолжение беше дефинитивен крај, во петтото продолжение Рамбо ќе се врати со оружјето за да спаси киднапирана девојка од нарко-мафија на американско-мексиканската граница.
Снимањето почнува на пролет, штом Сталоне ќе го заврши филмот „Експендабл“ и ќе се одмори од напорните обврски.
|