Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Тасева во судир со Европски универзитет за спорен докторат

Дали актуелната деканка на Факултетот за детективи и криминологија ќе даде отказ

Гордана Дувњак


Актуелната деканка на Факултетот за детективи и криминологија, д-р Слаѓана Тасева, дошла во сериозен судир со раководството на Првиот приватен универзитет, Европски универзитет на Бојо Андревски, и размислува да даде отказ. И покрај тоа што почна новата академска година, таа веќе две недели не оди на работа.

Несудениот претседателски кандидат на Македонија, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување корупција, бивша директорка на Полициска академија и сегашен прв човек на невладината организација „Транспарентност - нулта корупција, веќе една година е декан на споменатиот универзитет, каде што е и вонреден професор. Која е причината за незадоволството на Тасева и кои се вистинските мотиви за судирот, никој на Универзитетот не е подготвен јавно да зборува. Но, во кулоарите се говори дека во прашање е пријавата за докторатот на полициски функционер од власта кој е високо позициониран во структурата на МВР, а која не била во согласност со позитивните законски прописи. Тој неодамна магистрирал и веќе се подготвува за докторат.

Официјалниот ПР на Европскиот универзитет, д-р Живко Андревски, кој наедно е декан и на Факултетот за новинарство и комуникологија, вчера ни изјави дека деканката Тасева моментно е на неплатен одмор.

„Тоа не е ништо чудно за Тасева. Но, таа ќе се појави на работа во вторник, за кога е закажана седница на Наставно-научниот совет на факултетот со кој таа раководи“, нагласува Андревски. Тој не сакаше да коментира дали во прашање е некаков судир, останувајќи на изјавата дека „кажал што имал“.

Д-р Тасева вчера во изјава за „Утрински весник“ ни потврди дека е точно оти моментно не е на работа и дека навистина постои „некоја ситуација“ на Универзитетот. „Ми требаше време да размислам, но и да и' оставам простор на другата страна да ги коригира своите ставови. Доколку не се најде решение, ќе одлучам што ќе правам натаму“, ни изјави Тасева во кусиот телефонски разговор, која не ја исклучува ни можноста да си замине од Универзитетот.

Таа не негира дека во прашање е процедурата околу докторатот на висок претставник на МВР, но не сакаше да открива за кого станува збор, а особено детали околу случајот. „Не би сакала сега пред време да зборувам“, додава таа. Тасева вели дека навистина планира да се појави на работа по празниците, кога го очекува исходот од спорот со надлежните.

Факултетот за детективи и криминалистика со кој раководи Тасева од 15 септември минатата година има цел да едуцира високостручни кадри и компетентни лица кои ќе можат да одговорат на работата и надлежностите на Министерството за внатрешни работи во областа на јавната и државната безбедност, Министерството за одбрана во обезбедување на нивните објекти и разузнавањето, Министерството за финансии и Министерството за економија во областа на економското разузнавање, како и подготвување високообразовни кадри за вршење детективска дејност и дејност на обезбедување имоти и лица.

Конституирањето на Факултетот за детективи и криминалистика се базира на одредбите од Законот за високо образование, односно на нормативите и стандардите за основање високообразовна установа. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 2072 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 19.09.2009 00:04:00
Се знае како се делат дипломи на приватните универзитети во Македонија. Мизерија...
Од: kris
Датум: 19.09.2009 00:19:04
Денешниве магистранти и докторанти се едноставно СМЕШНИ..... почнувајќи од Груевскиот па надолу..............
Од: gorde
Датум: 19.09.2009 08:47:53
Мизерија и СМЕШНИ се Вашите коментари. Не ги ставајте сите во ист кош. Во Македонија има прекрасни млади квалитетни кадри и приватни висообразовни институции. Срамота од вас.
Од: Makedon
Датум: 19.09.2009 09:11:33
Ne so cel da ja omalovažuvam,no dr Taseva se"navleče" na funkciite,ne se simnuva.Treba doblest za piznavanje na uspešnoto plivanje vo vodite na site tie funkcii,koristejki gi uspešno napravenite uslugi na momentalno aktuelnata vlast.Pa i vrapcite na Mitko ja znaat.
Од: Alvadjiska nauka.
Датум: 19.09.2009 09:15:23
"Znaenjeto e sila znaenjeto e moc" Vo Makedonija na privatnite univerziteti se delat diplomi doktorati i magistraturi kako alva! Navali narode!!!
Од: Ози
Датум: 19.09.2009 09:19:20
Не знам што се буни Тасева. Како да е од друга планета. Па човекот платил (на газдата на ’факултетот’) и нормално си ја бара докторската титула. Како и во секој друг приватен бизнис. Плати па клати. А башка човекот е на власт. Власта, нели, не смее да се предизвикува.
Од: od mene-realnost
Датум: 19.09.2009 09:56:09
Privatnite Fakulteti vo Makedonija se DUVLO na nestrucnost i neznaenje.Se zapisuvaat t.nareceni Studenti,koi Koeficientot na Inteligencija I Kultura im e podprosecen.Dali nekoj Student od Privaten Fakultet PADNAL NA ISPIT ILI POVTORUVAL GODINA(padnati ima od stolce i na skali). Mizerija od PRivatno Visoko Obrazovanie vo Makedonija.
Од: Student
Датум: 19.09.2009 11:14:02
Pa tamu cel Sitel na celo so Latas diplomiraa, magistriraa i doktoriraa.( i toa na 40 godini od vecerna sredna skola doguraa do magistri). Za ostanati deca "talenti" sinovi i kerki na poznati "biznismeni" veke na 23 godisna vozrast prijavuvaat doktorati. Edna golema smeska ni stana obrazovanievo blagodarejki na vakvite privatni fakultetcinja. A i vo policiskata akademija (drzavnata) sega ne e poarno. I tamu site otpadnici (no zasluzni partiski kriminalci) se zapisuvaat na studii, pa ke imame inspektori koj "uspesno" ke ne branat od kriminal(veke imaat i zivotno iskustvo na ova pole, im fali samo diploma).
Од: dora
Датум: 19.09.2009 12:00:08
i drzavniot fakultet,ne e nisto podobar,tamu se polaga so mito,po vrski.........na tug grb,profesorite gazdi se pravat,,,cela drzava ni e takva ... koga nema sto da se raboti site ucat,toa e, no toj sto uci uci kaj i da e zapisan
Од: K
Датум: 19.09.2009 16:41:24
Site znaeme koga VMRO dojde prv pat na vlast vo 1998g.nemaa kadar so visoko obrazovanie, za da ne se povtori istoto i sega koga dojdoa na vlast vo 2006g. otvoria fakulteti vo sekoe selo za da nivnite clenovi imaat visoko obrazovanie.No za žal na ovie selski fakulteti i kuce da zapišeš i toa ke završi. Sramota za obrazovanieto vo Makedonija, spored mene Makedonija ne treba da vleze vo EU se dodeka postojat ovie selski visoko obrazovni ustanovi. Sekoja cest na univerzitetot SV Kiril i Metodija vo SK.
Од: ozna
Датум: 19.09.2009 17:41:45
Ako se misli prijavata za doktorat na LJUBCO TODOROVSKI za nego ke bide sporna i magistraturata no toa podocna ke go kaze drzavniot prosveten inspektorat .Ako ne ste znaele toj magistrira na sila pogazuvajki gi site rokovi i zakanuvajki im se na profesoeite na poveke nacini.Do sega vo istorija na eden fakultet nemalo takva postapka za magistratura kako sto toj ja ima izbutkano na fakultetot za bezbednost so demonstracija na sila posle 15 godini otkako se zapisal na poslediplomski so nevazecki rokovi i so tema koja mu ja napisaa kolegite od MVR . DRZAVEN PROSVETEN INSPEKTORATU KADE SI ? proveri na studenski vo fakultetot za bezbednost !
Од: Podrska za Taseva
Датум: 19.09.2009 21:50:02
Dokolku Taseva ne podlegnala na pritisokot na ,,Kaplarot,, od JNA (kvalifikacija na Lj. Frckoski) da mu dodeli nekomu doktorska titula (za pari), togas zasluzuva cestitki i pocituvenje! Za steknuvanje na magisterski i doktorski tituli treba da se propisaat strogi pravila i istite dosledno da se primenuvaat! So ogled na mosne niskite kriteriumi vo ocenuvanjeto na privatnite univerziteti treba da im se zabrani da dodeluvaat magisterski i doktorski tituli se dodeka ne gi podginat ocenuvackite kriteriumi na potrebnoto/povisoko nivo!

Најди! во Утрински
На прво место
Петокраката паѓа од државниот грб со консензус
Ќе се менуваат таблите на институциите, пасошите...
Предвремени избори не ќе има
Бакојани со симптоми на пневмонија