Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Петокраката паѓа од државниот грб со консензус

Посуштински измени на грбот ќе се прават откако државата ќе стане членка на ЕУ

Оливера Војновска

Македонија ќе го дочека членството во Европската унија без црвената петокрака на државниот грб, а дотогаш местото на овој симбол ќе остане празно. Посуштински измени на грбот ќе се прават дури откако државата ќе влезе во некои помирни води и во една порелаксирана атмосфера, растоварена од етничките предрасуди. Таква е намерата на Владата, која за отстранувањето на само еден од елементите на грбот, кои неодоливо „потсетуваат на социјализмот“, има поддршка и од опозицијата (од македонскиот блок). Сепак, опозиционерите имаат сериозни забелешки на пристапот, со кој по 63 години се менува државниот симбол, нагласувајќи дека не се работи за партиски грб за да може да се направи со договор меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Социјалдемократите забележуваат зошто за овој потег претходно не се направени политички консултации и не е консултирана јавноста.

На оваа владина иницијатива и' претходеше предлогот на ВМРО- Народна, која се заложи за земскиот грб на Македонија. Оттаму вчера соопштија дека од вторник ќе почнат да собираат 10.000 потписи за нивната иницијатива.

Хералдичарите предупредуваат дека не е добро да се прават парцијални измени на државниот грб, туку темелни. Сугерираат да не се импровизира и проектот добро да се осмисли и од ликовен и од историски аспект.

Претседателот на Македонското хералдичко здружение, Јован Јоновски, вели дека со вадењето на петокраката, во основа, не се менува ништо. „Не е само ѕвездата симбол на идеолошкиот концепт, туку и класјето, лентите што се инспирирани од грбот на СФРЈ. Потребно е целосно ревидирање на грбот, еден посериозен зафат што ќе се обработи и историски и хералдички“, ни изјави Јоновски.

Премиерот Груевски вчера од Дојран и' соопшти на јавноста дека Владата донела одлука за симнување на петокраката од државниот грб. „Донесовме владина одлука во оваа фаза да се тргне само симболот кој има идеолошки предзнак од комунизмот, а тоа е петокраката“, изјави Груевски. Тој додаде дека сега нема да има други корекции.

„Не затоа што сме убедени дека тој е идеален или дека не може да биде подобар, но наша процена е дека ова е период во кој многу тешко би дошло до договор помеѓу сите политички партии и можеби би создало раздор и поделби и затоа сметаме дека сега не е време за тоа“, смета Груевски.

Симнување на петокраката ќе оди во редовна законска процедура, за што ќе биде потребно најмалку шест месеци. По изменувањето на грбот, ќе следува промена и на таблите пред сите државни институции, а ќе се менуваат и пасошите, но во еден подолг период. Измените на Законот за грб ќе бидат мали, само два-три члена, а според најавите од Владата, тие ќе бидат доставени до Собранието најдоцна за еден месец. Законот се носи со двотретинско и со Бадентерово мнозинство, но е извесно дека нема да биде проблем да се обезбеди.

Изразувајќи оптимизам дека измените на Законот ќе бидат направени со консензус, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече: „Сметавме дека со овој предлог може да се достигне и максимално можно ниво на усогласеност помеѓу сите политички субјекти и нема да се предизвикаат дополнителни поделби во македонското општество. Овој предлог е прифатлив, ненавредлив и разумен и цениме дека до зачленувањето во ЕУ во целост ќе ги задоволи потребите и стандардите“. Тој верува дека и за овој закон ќе се обезбеди широка политичка поддршка како за Законот за лустрација.

Шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, вели дека СДСМ без проблем ќе го поддржи предлогот да се тргне петокраката од грбот, но за нив е проблематичен начинот на кој власта го прави тоа.

„Ова не е грб на Груевски и на Ахмети, туку грб на Република Македонија и навистина е недопустливо владејачкото мнозинство да го менува на ваков начин. Очекувавме дека за промена на државниот симбол на Македонија ќе бидат информирани и вклучени граѓаните. Ова е клучно прашање и за него мора да имаме политички дијалог. Самиот факт што ова прашање поминало на Влада без претходно да биде запознаена јавноста - е голем пропуст“, изјави Иванова. Таа додаде дека вакви слични иницијативи за измена на грбот произлегувале и од СДСМ во изминатите пратенички состави. Бришење на петокраката, своевремено, како претседател на Собранието, предлагаше и социјалдемократот Никола Поповски.

Либералдемократите ја поздравија иницијативата за измена на државниот грб почната со симнувањето на петокраката. „Како општество и држава сме меѓу последните од посткомунистички земји што се' уште ги имаме тие идеолошки симболи во државните обележја“, изјави пратеничката Роза Топузова-Каревска. Таа, исто така, потсети дека ЛДП го предлагаше истото решение пред повеќе од една година.

Нова демократија на Имер Селмани смета дека наместо „козметички измени“, на Македонија и' треба обележје кое ќе ја отслика мултиетничноста на државата. „Не сме за козметички измени, бидејќи сметаме дека држава како Република Македонија, која е составена од различни култури и вредности, треба да има унифицирачки кодови што ќе го одразуваат мултиетничкиот карактер на државата“, изјави пратеникот на НД, Сулејман Рушити.

Со Уставниот закон за спроведување на Уставот од 1991 година се предвиде за шест месеци да се донесе закон за нов грб. Но, таков закон нема до денеска. Многупати досега имаше иницијативи за измена на грбот и сите беа безуспешни. Последната беше пред две години, во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, исто така, се предлагаше отстранување на петокраката. Но, идејата не се реализираше по реакцијата на експертската јавност дека треба да се менува целиот грб, а не само ѕвездата.

Инаку, државниот грб со мали модификации датира уште од 27 јули 1946 година кога е заменет грбот на Народна Република Македонија. Денешниот грб на Македонија има неколку верзии кои се разликуваат, главно, во боите. Македонскиот грб е еден од двата во Европа (заедно со оној на Белорусија) кои се' уште се во социјалистички стил и со пејзажен карактер, наместо историски.

Државниот грб, пак, што го предлага ВМРО-Народна е земскиот грб на Македонија од 1620 година, објавен и во книгата „Грбовите на Македонија“ од академик Александар Матковски во 1990 година. Основата на грбот претставува жолт лав поставен на црвен штит, исправен на задните нозе и свртен налево. Лавот е со мала круна на главата со отворена уста, густа грива, и со двокрака опашка свртена нагоре.

Над црвениот штит е поставена круна, која претставува знак на сувереност и интегритет. Под црвениот штит е поставен дел од пергамент, извиткана хартија во златно жолта боја, на која е испишан текст ,,МАЦЕДОНИ“. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 2241 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 19.09.2009 00:04:21
Jas ja pozdravuvam ovaa odluka. Denesnava Makedonija ne ja zasluzuva. Petokrakata e simbol za nadez za svetla idnina. Koj deneska veruva vo svetla idnina za Makedonija i makedoncite(i albancite)? Nikoj.
Од: od Bobby
Датум: 19.09.2009 00:13:41
Ve molam sto pobrzo od petokrakata samo komunistite neprijatelite imale interes zosto uvek da bideme posledno.
Од: Magyar
Датум: 19.09.2009 00:15:24
Kako nov simbol koj e etnicki prifatliv i ja otslikuva multietnicnosta na BJRM(samo uste narednite dva meseci) predlagam da bide MAGARETO.
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 19.09.2009 00:43:58
zosto dpmne ne go stava lavot tuku ostanuva istiot socijalisticki grb?pa nema eu so vakov grb na pasosite.koalicijata li so uck ke se narushi? e sto docekavme makedonci toj sto ubivashe nasi sinovi da ni odlucuva za grb na drzava.pozdrav do vistinskite vmrovci i cel makedonski narod!
Од: Сергеј
Датум: 19.09.2009 00:47:55
Секој кој вимателно го погледнал македонскиот државен грб, забележал дека во него нема многу идеолошки симболи. Грбот едноставно ги изразува, во најголема мерка, природните богатства на нашата земја, нешто што е нормално за ваквите симболи. А кому му смета тоа што грбот ги потсетувал на државниот грб на СФРЈ?! Очигледно, на некој (кој?!) во оваа држава му смета историската вистина за потеклото на оваа држава. Затоа почнува да го „корне“ симболите, со надеж дека на крај ќе го искорне и - сопствениот народ. Аферим, Грујо! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Лав Македонски
Датум: 19.09.2009 01:03:17
"Посуштински измени на грбот ќе се прават откако државата ќе стане членка на ЕУ" - Кажано со еден збор - НИКОГАШ. И после Груевски ќе каже дека е лидер на партија со предзнак ВМРО. Треба да си премногу глуп за да не можеш да разбереш дека ДПМНЕ е комунистичка творба која само го злоупотребува името на историската организација ВМРО за политички поени, т.е. за перење на пари и полнење на џебовите на политичарите на сметка на осиромашувањето на народот. Дури и Владо Бучковски е вмровец над вмровците во споредба со гркоманот комуњар Никола Груевски. ДПМНЕ намерно го стави лавот како партиски симбол за да не може истиот да се употреби за државен грб и денес само го потврдуваат тоа. Заради добри односи со ДУИ, ДПМНЕ-овците го погазија вековниот историриски грб на Македонија, златножолт лав. Не знам само кој уште му верува на предавникот Груевски.
Од: mene
Датум: 19.09.2009 01:25:30
nekogas bese:i sonceto e zvezda,a sega zvezdata e precka -temnina,treba da ja nema,smenete ja,a jas nemam veke pari,vreme i volja sekoja godina da go menuvam pasosot, a za torturata sto ja prezivuvam mi treba mnogu mesto za da objasnam
Од: mitko ist nicht kommunistisch
Датум: 19.09.2009 01:37:47
Eve uste eden ubav povod uste poveke da gi zamrazam dvete politicki partii vo Makedonija. Toa e toa, Makedoncinja nikoj nisto ne vi e kriv sami si go barate. Izbrisete ja zvezdata i na plostadot stavete statui na uste nekolku pijani VMROovci koi cel zivot vikale deka se Bugari. Izlazete deka ste potomci na najslavniot vojskovodec Djingis Kan (pardon Aleksandar) . Samo ne zaboravete i nemojde ni sekunda da se posomnevate deka komunistite ja imaat sozdadeno ovaa nacija i deka taa treba toa da go ceni i zapomni. Drugite zemji ne si gi zaboravaat svoite osnovaci, na dolarot ima masonsko okce (super bile masonite?) na grbot na Anglicanite pisuva Dieu et mon droit" na francuski. Tie ne si ja unistuvaat tradicijata, ne se Makedonci. Takva zemja e Makedonija bez minato i idnina.
Од: Makedonec
Датум: 19.09.2009 01:48:03
petokrakata ne e simbol na kumonizmot. Taa petokraka go prizna prva makedonskiot narod i drzava sto sega ja imame . I neznam sto im smeta na nasite politicari ke go stavite lavot na lupco
Од: Bern-CH
Датум: 19.09.2009 02:54:03
Koga sme nacija 2,5 iljadi godini, i vo sonot da ne prasat kako ni izgleda grbot ne treba da imame dilema. Mozebi pak Grujo saka da ne iznenadi so nov grb duri pred slednite izbori.
Од: jastreb
Датум: 19.09.2009 04:51:19
Vi smeta petokrakata?! Aj belkim ke bide poarno so ORLETO???
Од: Svedok
Датум: 19.09.2009 04:54:42
Ako heraldicarite ne znaat, Makedoncite znaat deka toj grb simbolicno gi obedinuva Egejska - moreto, Pirinska - planinata, i oslobodenata Vardarska Makedonija - sonce, tutun, klasje pod edinstvenata ideologija - crvena zvezda. Od sto treba da otkazat Makedoncite?
Од: Kolo Diamantot
Датум: 19.09.2009 07:08:43
Site se oslobodija od petokrakata samo na SDSM im je ubava ke gradat socijalizam ednoumie.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.09.2009 07:28:59
На голема жалост на плавците некој се сети да го отстрани симболот на нивните идеолошки претци.Иако покажуваат кооперативност и божемен консензус,со задршка демек нее информиран народот,душата им се корне.Па нее малку,кога ќе се сети спасителот како под таа звезда,,водиља,, ги стекнал првите партиски напредувања,па стигнал и до ЦКСКМ.Па драги мои плавци и стиснатата тупаница е во корелација со петокраката.Што би рекле некој и ,,крвта нее вода,,.
Од: kole
Датум: 19.09.2009 07:51:16
Не е работата во ПЕТОКРАКАТА !!? Во друго е...................
Од: Махатма Ганди
Датум: 19.09.2009 08:03:50
Тешко на она семејство каде внукот командува, семјество брзо ќе се распадне. Тешко на таа земја каде децата апсолвенти менуваат нешто исконско.Додека нивните дедовци гинеле, за земјата сега нивните внуци тоа го негираат. Кој го поставил симболот? За вистина на народот и децата што не си ја знаат историја, македонија за првпат во својата историја добива државност на 29.11.1943 год. од АСНОМ. Деца незнат, меѓутоа татковците и дедовците треба да ги научат. За жал во македонија децата водат политика.
Од: Prilepcanec
Датум: 19.09.2009 10:49:20
Se mi se cini deka Premierot i Vladata trgnuvaat oro na koe celta mu e da se zbuni narodot,da debatira za znacaen simbol samo da ne gleda deka sekoj den na ulicite se poveke lugje strajkuvaat za da go dobijat parceto leb za koe rabotele.I sto sega im preci pettokrakata?Zarem i kade treba i kade ne treba se vee zname so 12pettokraki zvezdi na EU?Znaci,ja simnuvame petokrakata od makedonskiot grb,gi zakacuvame pettokrakite od evropskoto zname.Boze,Boze ,prosti im ne znaat sto pravat,osven sto znaat da se cukaat v gradi i da vodat nedomisleni polemiki.I se-za zabava na narodot.Kolku samo sobraniski sednici ke pominat vo debati za ideologii-a nemaat nikakva ideologija.Prosti mu Boze na narodot koj ne znae ,a im veruva.Zabavata moze da pocne...
Од: coce
Датум: 19.09.2009 13:31:15
a na amerikancite ne im smetaat ni peesetina zvezdi
Од: конзенватор
Датум: 19.09.2009 13:40:01
Така треба.После сите промени на ред беше и петокраката.И нее некој голем грев,бидејќи главна причина не е само социјалистичкото.Но дали беше време сега кога на сите страни ја изоравме земјата.Само да внимаваме во делетирањето на се.Немој некој да ни ја испразне Recyde Bin.Тој некој,кај нас обично секогаш постои,во кругот на "пријателите".
Од: zabegan.
Датум: 19.09.2009 14:09:30
под таа ПЕТОКРАКА е створена нашата држава МАКЕДОНИЈА.Кому сега му смета таа петокрака???. Овија ЛАНГАЧИ ќе се откажат и од својата МАЈКА и ТАТКО ако распродале се што им спечалиле.Е мизериииии низаедни.Ако под та петокрака се створило нешто треба барем почит.Ќе си бевте СИРОЧИНА а не богаташи.Ај СТВАРАЈТЕ градете а не се украдовте.Ставете и МАГАРЕ како еден читател ви предложи само да одиме НАПРЕД.Се ви смета а вие колку му сметате на овој напатен НАРОД баш вие гајле се занимавате со будалштини.
Од: M
Датум: 19.09.2009 14:22:13
Vo vrska so petokrakata, kako toa Italija nikogas ne bila soc. zemja a ima petokraka,vtoro treba da znaeme so ovoj grb dobivme drzava
Од: macedonec od u.s.a.
Датум: 19.09.2009 14:40:46
petokrata vi smetase a orelot nevi smeta stose vee niz cela makedonia sega stavetego orelot i eden po eden neka ve zema ive pystat vo vardar vamaro ne zaslygyvate da vise spomni imeto bryka nevidena sve
Од: tebe
Датум: 19.09.2009 15:06:54
potpolno se slozuvam so lav makedonski.site izjavi nasite politicari treba da se primaat so rezerva i vnimatelno da se analiziraat
Од: kris
Датум: 19.09.2009 15:17:11
A moze li namestoto od petokrakata dve lopati da se stavat??????? I onaka lopatijadata otpocna i e omilen alat na Vladejackata garnitura....
Од: Padobranac
Датум: 19.09.2009 15:55:07
Полека полека држвава ми станува туѓа.
Од: Аналитичар од надвор
Датум: 19.09.2009 15:58:22
Ова може да е последната капка што ќе ја прелие чашата. Само ако се пгледне низ призмата на т.н. диференцијација и разделување на Македонците за да се создадат спротивставени маси, ќе може да се види дека се е тоа антидржавен заговор на оние кои со измами и лажни ветувања ни ја продадоа државата на туѓинци кои се нивни партнери во криминалот. Оние школованите од олигархијата први ќе се разбегаат (само каде и што ги чека таму?). Критичната маса е сега на околу 40% ( на оние кои се невработени до 34 годишна возраст), кога ќе биде на 56% Господ нека им е на помош на сите- покрај сувото ќе гори и суровото. За жал ова им е на сите внимателно спремено во патолошка лабораторија од надвор!
Од: Sara
Датум: 19.09.2009 17:03:11
Ovie stvarno nemaat pamet.... Drzavata propagja ekonomski, 99% od lugeto ziveat vo siromastija, niv do petokrakata im dojde... Koga ke docekame ovie primitivni kopita da se vratat da pasat ovci od tamu kaj sto dojdoa??
Од: Ilir
Датум: 19.09.2009 17:13:28
Dobar poteg. Samo, bi predlozil da Petokrakata se zameni sa "Dvoglav Orel". I vrapcite na grankite znaat oti vo bliska idnina Makedonija ce postane Treta Albanaska Drzava na Balkanot. Neli?
Од: kumanovec
Датум: 19.09.2009 19:49:00
pa videte i ne e losa idejata da se trgne petokrakata pa posle toa moze da stavime edno lavce i eden dvoglav orel bidejci sme multi etnicka drzava mora i na toa da mislime od ovie raboti ponekogas me faca strav deka koga togas ke ja izgubime i ovaa drzava sto ja imame samo vie se igrajte so drzavnite obelezja i menuvajte edno po edno pa moze i da go stavime aleksandar makedonski na grbot pa da zavojuvame so grcite moze togas tie ke ne sramnat za da ne se unistuvame samite sebesi.... samo gospod neka i e na pomos na ovaa drzava
Од: Albanec od EU
Датум: 19.09.2009 20:10:50
Petokrakata ke ja trgnete od grbot, ama kako ke ja trgnete od srceto...Pa ludje, petokrakata vi napravi drzava ( doduse, privremeno)
Од: ivan gradsko
Датум: 19.09.2009 20:19:23
jas mislam deka nema tuka nikakov problem za petokrakata cela rabota e sto treba graganite dagi smenat pasosite i drugi dokumenti i grujo da sobere nekoj dinar , sega grbot cego menuvaat utre cemu tekne registerski tablici i uste neznam sto ostanuva da vidime pozdrav
Од: Mitre
Датум: 19.09.2009 21:43:00
Ako sustinski se menuva grbot togas i albancite ke insistiraat na nivni obelezja,potoa i japoncite i laponcite ke insistiraat na vmetnuvanje na nivni obelezja vo grbot na R. Makedonija....
Од: 12345
Датум: 19.09.2009 22:22:11
branko i grujo revosno go stitat stalinistickiot rezim taka da grbot tesko da se smeni, a i za petokrakata ke odi tesko. Makedonija e bez grb od 41 sednica koga bese prekinata za da ne se donesta simbolite na drzavata uste pred 15 godini.
Од: analiticar1
Датум: 19.09.2009 23:01:34
Izgleda namerno politikata vo makedonija se turka vo pravec da od "lisjata da ne se gledaat grankite".More od problemi vo Makedonija kade i nejzinoto bitisuvanje sekoj den se doveduva vo prasanje, a tie se bavat so petokrakata.Smesno i ludo.Narodot treba site da gi izbrise od politikata.Koga sme kaj petokrakata, pa ti sto ja stavile tamu, tie i prvi napravile od Makedonija drzava, togos sto e sporno vo petokrakata?Sramota, a i ne e prv pat da se pravat vakvi gluposti.
Од: citatelka
Датум: 19.09.2009 23:17:33
Bez petokrakata ke bideme pogolemi makedonci, patrioti, sto? Ne e problemot vo grbot, se bega od sustinskite problemi koi za zal niedna nasa vlada ne uspea da gi resi, samo gi trupaat... So ili bez grbot, istorijata ne se menuva, zatoa e istorija. A na tie sto ne im odgovara, neka napravat podobra IDNINA, mozebi ke gi slavat nekogas i negde....
Од: Mene do Vas
Датум: 19.09.2009 23:18:18
Kade bevte junaci koga Se De Se Moe ja krsti drzavava vo FYROM? Pa Sonceto se promeni. Pa sega i zvezdite padjaat od neboto. Ako prestaneme zito da seeme i toa ce go izbrisheme kako obelezje. I t.n. Pa na krajot i Makedonija ce ja izbrishete. Toa li vi e celta. Eden predlog: Noj so glavata vo pesok - sledno obelezje.
Од: ludilo
Датум: 19.09.2009 23:36:25
dali ima nekoj pameten da go spreci ova ludilo vo nasava zemja ,se zivo se unisti pa i istorijata do kade vodi ovaa vlast ,sto e narode sto se kuti kako sto pisuvaat i drugite se unistuvaat kako nekoja oluja ,se na se ova ne e na dobro za ovaa i taka krevka drzava,dodeka ne se pobuni nikoj uste poloso ke bide
Од: nacional-patriot
Датум: 20.09.2009 00:50:59
Abe Mitko,bugarofiliste nizaedno.Makedonskiot narod e najstar narod vo Evropa, a i posiroko. Ova go pisuvaat svetski statii.Za Ilir sto saka treta albanska drzava,informacija deka ima samo edna takva drzava,Albanija.Kosovo ne e priznaena od mnozinstvoto drzavi i ponatamu e nedefinirana teritorija(parazitska tvorba).Vo bliska idnina Albanija ke se raspadne na dva dela.Edniot del na Gegite,drugiot na Toskite.
Од: od Norveska
Датум: 20.09.2009 02:37:10
Sve ni zedovte i zname i petokraka ama imeto ne go davame
Од: ova e posledniot cin za raznebituvanje na Makedonija
Датум: 20.09.2009 06:16:41
So odstranuvanje na zvezdata-petokraka od Makedonskiot grb Gruevski JASNO poracuva deka Makedonija ke ja NEMA. Site onie koj tvrdat deka petkrakata odnosno zvezdata predstavuvala komunizam sakam da gi prasam A DALI i Amerika e komunisticka Drzava so poveke od 50 zvezdi-petokraki pa isto i Avstralija, Anglija i MNOGU drugi zemji vo svetot kako i EU i NATO???? Site tie zvezdi na USA znameto kako i na ostanatite znaminja simboliziraat KOLKU ZVEZDI TOLKU DRZAVI. Nie imame SAMO edna zvezda-petokraka a TOA E MAKEDONIJA no Grujo i VMRO-DPMNE i nea ke ni ja zemat i unistat. Na Makedonskite "patrioti" vo dijasporata im smeta nasata Makedonska zvezda-petokraka a ne im smetaat stotici znaminja so 50-tina zvezdi-petokraki koj cel zivot nad glavite im se veat vo zemjite kade sto ziveat. Sekoja cest i pocit kon takvite kako onoj "Makedonec od USA" no za zal malkumina imame takvi PRAVI MAKEDONCI vo dijasporata. Poglednete gi onie GADOVI kako "Kolo Dijamantot" "FELIKS" "ORCE MEKEDONSKI" bolni DIBECI..
Од: emilsali
Датум: 20.09.2009 09:49:24
petokrakite crveni ili plavi vo celiot svet se isti.Vo Amerika gi ima na sekoja kuka...dali treba i Amerikancite po ogled na Makedoncite svoite crveni petokraki da gi skinat od site Kuki...zosto kako obelezje na Komunistite toa nikako ne i odgovara na edna Kapitalisticka amerika ....ili pogresno gi posmatram rabotote

Најди! во Утрински
На прво место
Ќе се менуваат таблите на институциите, пасошите...
Тасева во судир со Европски универзитет за спорен докторат
Предвремени избори не ќе има
Бакојани со симптоми на пневмонија