Бакојани со симптоми на пневмонија
Атина - Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, вчера е хоспитализирана во болницата „Хенри Дјунант“ во Атина, со симптоми на пневмонија.
Бакојани вчера претпладнето била пренесена во болницата, каде што по препорака на лекарите е задржана на лекување и на дополнителни прегледи.Поради болеста, откажани се сите активности на 55-годишната Бакојани за наредните неколку дена. Во Грција во тек е предизборна кампања за парламентарните избори закажани за 4 октомври. (МИА) |