ДОЈРАН – „Предвремени избори нема да има“, изјави категорично вчера од Дојран премиерот Никола Груевски. Тој нагласи дека избори не планираат и оти не се организираат, туку ги интересира исполнувањето на она што го ветиле пред граѓаните. „Мене ми е жал што опозицијата и претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, оцениле дека со нашето работење се подготвуваме за избори. Претпоставувам дека тие не се навикнати да работат на таков начин, кога беа на власт, со вакво темпо и динамика. Ние работиме на ваков начин, како утре да се изборите, затоа што тоа е наша филозофија на работење. Црвенковски да не се плаши, не планираме предвремени избори. Уште помалку размислуваме за варијантата што тие ја пласираа, па ја негираа дека во ист ден ќе има и референдум за името. Такво нешто не ми паднало на памет“, нагласи Никола Груевски. (Е.П.)
Не му верувајте на Груевски, тој што ќе каже - се` лаже! И пред ланските предвремени избори тој „категорично тврдеше“ дека предвремени избори нема да има. Со тој изживеан трик тој само сака да држи предност пред противникот (за него - непријателот) за да кога ќе објави предвремени избори - ги остави неспремни. Така направи и лани. Предвремени избори пак ќе има! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: krste
Датум: 19.09.2009 06:45:47
Лаже Грујо, па и цело владеење се сведува на лаги и ништо друго... Мандатот му минува само во избори, за друго и онака се неспособни.......
Од: Трпе
Датум: 19.09.2009 07:29:51
Кога мистер Рејтинг ,вели НЕ во суштина тоа значи ДА.Последните три години многу добро е прочитан.А за ова што вели дека работел многу,народот не сака зборови,сака дела.Каде му се резултатите.Завршена работа не е само обеќање и поставување каментемелници.Досега тој очекуваше други да го фалат а веќе гледаме дека и самиот си стана портпарол и самиот се фали.Господине премиер резултати ,резултати очекува народот.Се кажува карикатурата на Зденко.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.09.2009 07:40:47
Добро е можат плавците на чело со спасителот да здивнат и да поземат душа,нема да има вонредни избори.Да го парафразирам другарот ТИТО,работетете како да утре ќе има избори,не се опуштајте.А и нее многи за верување на поморанџестите,те чекаат зад кривина и ,, оп избори,,.Затоа патот под нозе и презентирање на плавичастата програма по градови и села.Посебно одење во Паљурци да ви се прости гревот.
Од: Patriot
Датум: 19.09.2009 08:44:28
Навистина се патетични овие комуњари. Од пусти страв од избори, бидејќи не се сеќаваат веќе кога последен пат победиле, си измислиле афера дека пак ќе има избори. Потоа аферата ја проширија преку нивните партиски огласни табли- читај весници, па веднаш најавија бојкот, па дури побараа и мислење од ЕУ дали и тие се за избори. Пуста параноја од избори. Не се навикнати на ова темпо на работа. Груевски и владата работат 24/7. За нив владата треба да работи само три месеци пред избори. Значи да работиш постојано. тоа е знак за престојни избори. Не грижете се кога и да се изборите народот повторно ќе ви пресуди и ќ�� ви даде шут карта.
Од: tebe
Датум: 19.09.2009 15:02:15
e zosto da nema izbori,pa stvatno ne e fer,sto ke gledame na tv i citame,pa zosto da ne potrosite nekolku nilioni od nasite zaeednicki pari.pa rejtinzi,plukanje,ocrnuvanje na drugiot,reklami,spotovi-neka ima izbori-makedonija naviva za vas:)))))
Од: Padobranac
Датум: 19.09.2009 15:57:57
Што добиваме ние од предвремени или било кои избори ? Ништо, ама баш ништо. Ако немаш партиска книшка од вмро све ти е џабе. Депресивна држава.