Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Државата се откажува од патарините

Се нудат под концесија пет наплатни станици, кои покриваат 95 километри автопат

Билјана Ангеловска
Сања Наумовска



Ќе се откаже ли државата од сопствената златна кокошка, па наплатата на патарините ќе им ја отстапи на приватни компании? На такво нешто упатува намерата на Владата да даде под концесија пет наплатни станици, кои покриваат околу 95 километри од Коридорот 10 во Македонија.

Министерството за транспорт и врски вчера објави јавна покана до сите заинтересирани компании и конзорциуми да учествуваат во тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарината на наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Станува збор за делниците Куманово-Миладиновци, Скопје-Петровец, Петровец-Велес, Велес-Градско, сите во двата правца. Компаниите што ќе бидат заинтересирани за концесионирање ќе имаат обврска да ги реновираат и осовременат наплатните рампи, за што во одреден период ќе ги собираат парите од патарините.

Во Министерството се' уште немаат конкретни сознанија колку пари би требало да вложи потенцијалниот концесионер во нивната модернизација, како ни тоа на колку години ќе се издаваат наплатните станици. Оттаму велат дека им е важно да се воспостави нов интегриран систем на наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта. Тоа значи дека во иднина наплатата би се вршела како и досега, со плаќање во готово, но ќе треба да се инсталираат и системи за безготовинско плаќање со при-пејд и постпејд електронски картички и со микробранови транспондери. Исто така, ќе треба да се инсталира и нов систем за видеонадзор, за комуникација со оптичко поврзување на рампите во централен систем и систем за автоматска категоризација на возилата. Цел на модернизацијата е да се овозможи поголема ефикасност во наплатата, како и намалување на времето на чекање на наплатните рампи.

Со јавната покана, практично, Министерството има цел да го испита пулсот кај компаниите што се заинтересирани да станат концесионери на некој од наведените наплатни пунктови. Во овој повик се нудат половина од вкупно десетте наплатни рампи на нашите автопатишта. На државата ќе и' останат станиците во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, кои опфаќаат 91 километар автопат.

Што ќе добијат компаниите-концесионери, допрва ќе треба да се анализира. Сепак, барем според објавата, не е тешко да се претпостави дека оној што ќе стане концесионер на која било наплатна станица, освен првобитната инвестиција во нова современа електронска опрема, сето она по нејзиното инсталирање ќе биде чист ќар. А тој воопшто не е мал. Како податок, само во август годинава од петте наплатни станици, кои се нудат на концесија, биле инкасирани околу 67 милиони денари, односно 1,1 милион евра.

Од друга страна, пак, концесионерот ќе нема никаква обврска да се грижи за одржувањето на делницата од чија експлоатација ќе ги зема парите. Тековното и инвестициското одржување н�� патот и натаму останува обврска на „Македонија пат“, односно на Агенцијата за државни патишта.

Ниту во Министерството, ниту во Агенцијата за државни патишта не откриваат како ќе се регулира распределбата на собраните средства од патарините меѓу државата и идниот концесионер. Поточно, колкав дел од ќарот ќе земе приватната компанија, а колку ќе и' даде на државата, која, пак, овие средства треба да ги инвестира во изградба, реконструкција и одржување на патиштата. Висината на патарината, сепак, и натаму ќе остане под капа на Владата, а ќе се одредува во согласност со Законот за јавни патишта и во зависност од фреквенцијата на возила, од видот возила по категории и од извозените километри автопат.


#
Статијата е прочитана 1595 пати.

Испрати коментар

Од: Mene do Vas
Датум: 24.09.2009 00:23:38
Katastrofalna odluka. Ne e samo priliv na pari vo prashanje tuku i zaposluvanja vo policija, naplati, sudstvo . . . Vo drugi drzavi nema naplatni rampi. Na vlez vo drzavata se placa odredena suma i se lepi kartickata na vetrobran. Policija kontrolira po patistata i toj sto ne placa ce plati kazna. Ima pravo na zalba . . . . no mora da se plati za obnova i razvoj na patnata mreza. Ovaka onie koi sedat i naplacaat za nekoja godina se pod zemja. Samo koncesionerot ima profit i toj sto mu dal koncesija - ne drzavata. No kako i obicno, zosto da bide lesno i polezno za site, koga poedinci moze da stanat milioneri?
Од: getbet
Датум: 24.09.2009 00:25:44
Ova mirisa deka poedinci od vlasta ke si gi napolnat dzebovite, pa ovie ludi li se pa kaj go ima toa na privatna firma da i se dade da sobira pari bez prito da vlozi. Renoviranjeto koncesionerot ke go isplati za pomalku od pola mesec. A ako dojde nekoj 'stranec' samo kakvi li falbi ke ima, kako strancite eve bas kaj nas investirale
Од: Zagrizen od drskosta
Датум: 24.09.2009 01:04:10
SUPER, zna~i u{te edna golema pqa~ka. Ke zemaat pari od narodot i ke gi delat so politi~arite. Legalen organiziran criminal .A posle pak ke raspi{at samopridones da se gradi avtopatot. Pa lu|e, site nie so godini odvojuvavme pari za toj avtopat da se izgradi. Ne pametam koga e renoviran. U`asen e, i pred i strancite sme `iv stram. Patarinata treba da se se pla}a realno, kako i segade vo evropa-50-100 evra godi{no, a za strancite na vlez vo dr`avata. Kolku e prosto, ama nema }ar za privatnite xebovi. GOLEMA SRAMOTA OD OVAA (NE) VLAST Pozdrav
Од: koko
Датум: 24.09.2009 01:21:32
Zasto bas ovie rampi gi zadruvaat ovde mirisa da dobra para ,sto ima vo istocna nisto gledam deka zainteresirani se kade ima para pa dobro e..
Од: влези земи излези наплати
Датум: 24.09.2009 10:24:08
Проектот е со криминална позадина. Да ги дадеш рампите за наплата на сопствено изграден пат, наместо да дадеш оглас за едноставни модерна наплатни рампи штое во основа и не е одвојување многу пари, замислете во делот кон тетово немат намера да го спроведат затоашто тоа не им одговара на коалиционите партнери е во најмала рака срамотно. Секој паркин по градовите го имат МОДЕРНИОТ систем, влез излез кој треба треба да се јави и на патарините, Влези земи карта на излез ја наплати ја.
Од: risto gusterov
Датум: 24.09.2009 10:26:54
Na glupostite na Vladava i nema kraj. Vakvata odluka e kriminalna i e protiv interesite na graganite. Pogolema glupost od toa da se dade koncesija na naplatni rampi nema i ne ke ima!!! Sekade vo svet se dava koncesija za koristenje na odredeni patni pravci,pri sto prihodite sto gi sobira koncesionerot od naplata za koristenje na tie patni pravci sluzat pred se za kvalitetno odrzuvanje na patniot pravec i za pokrivanje na drugite troskovi sto ke gi ima koncesionerot i sekako da napravi odreden profit za da mu se isplati negovata investicija vo kontroliranata naplata na patarinata i vlozenite sredstva za kvalitetna patna delnica so koja upravuva.
Од: Red Rose: Vmrovska mapa na profitot
Датум: 24.09.2009 10:38:18
Na mapata na drzhavata ,rasshirena pred vmrovskite ekonomski glaveshini na partijata,od shumata zabodeni strelki na profitonosni objekti,dojde red i na avtopatot i patarinite.Shepata na alchnata vlast na chelo so "jas ne znam " liderot,nema da ostavi nishto podaleku od dofatot na kandzhite koi nemilosrdno razgrabuvaat se shto nosi pari.Nema razlika vo metodite na pustoshenje i obezlichuvanje na MKD kaj vmrovcite.Se razlikuvaat samo vo finesi na stilot,zashto ovie denes primenuvaat kamuflirani so propaganda nachini na grabezh,pritoa lazhejkji i napagjajkji ja opozicijata za se i seshto za odvlekuvanje na vnimanieto od nivnata kleptokratija.Kolku zhivoti im trebaat za tolkava alchnost i trupanje mnemerlivo bogatstvo.Familijata eliminira se shto im stoi na patot na bogatenjeto(Fershped,Lotarija i dr.) i deli koncesii na svoi lugje(zaedno se vo toa) za najdohodovnite biznisi,kako vo ovoj sluchaj.Nema ushte mnogu da ostane,zashto koga znaat deka im se blizhi krajot unishtuvaat ponemilosrdno
Од: igor
Датум: 24.09.2009 10:45:28
poglupa ideja od ovaa zdravje!!!! mnogu lesno moze da se napravi elektronska plakjanje shto kje obezbedi 100% naplata. namerno ne se pravat efikasni(i eftini reshenija)
Од: Ni malku cudno
Датум: 24.09.2009 11:13:41
Vo Hrvatska od patarini drzavata sobira godi[no povece od milojardi evra. Odlukata na Vladata na RM za koncesijata na patarinite e so necij interes. Treba samo novinarite da go sledat tenderot i firmite koi ce ja dobijat koncesijata, posle tie na koi drugi firemi ce ja prepustat itn, kako vo slucajot so Fudbalskata federacija so stolcinjata, dadeni na edna firma za kamuflaza, a taa potoa op na firmata na potpretsedatelot na federacijata.
Од: д-р Бит
Датум: 24.09.2009 12:34:12
Како досега не се сетив? Како доктор би сакал концесија на шалтерите за наплата на Кардиологија, Радиолошки Институт и Неврохирургија. Само шалтерите. Што ќе ми се опремата и зградите - па тие носат трошок?! Шалтерот има да го направам за мерак. Има да вложувам, да вложувам во него,... ма има до промил да стасам од наплатата, еве ветувам!
Од: belco
Датум: 24.09.2009 15:16:46
Луге па зарем не Ви е јасно нема веке што да се распродава па дај што ке дадеш

Најди! во Утрински
Насловна
Каспаров два пати подобар од Карпов
Данок од еден денар
Караманлис и Папандреу сложни само за Македонија
Почина грандиозниот писател Коле Чашуле
Зденко
Конкретни мерки, а не лажен оптимизам
Сиднеј прекриен со црвен прав
Хеликоптерот на АРМ ќе се вештачи во октомври во Лондон
Бугарката Ирина Бокова на чело на УНЕСКО
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува
Мала, мала, мала... група
Иванов ја зацементира двојната формула
Метафора со сарказам за капетанот на еден брод
Карикатура