Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Едиторијал

Конкретни мерки, а не лажен оптимизам

Нина Нинеска-Фиданоска

Не само магливи и фиктивни мерки и ширење лажна надеж, туку реални и здрави чекори за спас на компаниите. Вакви барања директно на адреса на Владата, по којзнае кој пат, упатија македонските бизнисмени, откако државата и официјално прогласи рецесија. Стопанството упорно инсистира на конкретна буџетска помош за најпогодените фирми и сектори, како што тоа го направија сите држави во светот, особено за големите компании чиј опстанок беше пресуден за нивното заздравување.

Или уште попрецизно, фирмите побараа директни државни субвенции од 30 евра за секој вработен во текстилната индустрија. Металните компании, пак, се заложија Владата да помогне во наплатата на долговите, што оди исклучително тешко, и ако ништо друго, барем државните претпријатија да ги подмират своите обврски, а не да одолговлекуваат до бесвест со исплатите, па фирмите практично на колена да ја молат државата за своите пари. Побараа и евтини кредити, но и репрограмирање на веќе земените заеми. Толку е јасно тоа што го бара бизнис-секторот, што појасно не може да биде. На сите ни е познато дека тоа се непазарни мерки, но од друга страна неопходни и многу логични во време на рецесија. Впрочем, по нив посегнаа токму земјите кај кои се сметаат за свети пазарните принципи.

Но, место таква конкретна поддршка, која со месеци наназад ја бараат бизнисмените, од власта добиваат само бледи мерки во форма на отпис на камати на фирми, кои и така не функционираат, како и бесконечни ветувања за евтини кредити од Европската инвестициона банка, кои никако да протечат таму каде што се потребни, во бизнис-каналите.

Владата во своето оправдување кажа дека клучни адути во нејзините антикризни пакети се двата ребаланса на буџетот, со кои таа, наводно, ги скуси државните расходи, во обид да го растовари штедрото стопанство. Но, уште неизгласаниот втор ребаланс во законодавниот дом се смета дека ќе излезе сосема промашен, бидејќи е заснован на преоптимистички прогнози за економијата. Или со прости зборови кажано, 80-те милиони евра кои Владата во вториот пат реши да ги скрати од државната каса, се сосема недоволни за да се надмине кризата.

Токму новите показатели за драстичниот пад на собраните приходи во државната каса во август покажаа дека била сосема неоправдана владината еуфорија во јули, кога малку мрднаа нагоре даночните приливи, што за властите веднаш беше сигнал оти Македонија ја пребродила кризата и веќе нема ризици на патот на домашната економија. Е, ама сега излезе точно тоа на што предупредуваа експертите, оние аналитичари чии совети власта не ги смета за добронамерни, дека малото позитивно придвижување во јули било со краток здив и оти врз база на тоа не смееја да се засноваат идните владини чекори во врска со кризата.

Но, тоа само покажува колку тимот на премиерот Никола Груевски, за целиот овој период додека трае кризата, не успеа да се одлепи од ширењето лажен оптимизам меѓу народот и одбивањето да се признаат реалните проблеми. А тие се гледаат во фактот што кризата не ја одмина Македонија, како што на нејзиниот старт ни сервираа министрите, а уште помалку, пак, дека земјава успеа да профитира од неа, какви што надежи можеа да се слушнат, и конечно, дека кризата со сета своја сила удри врз нашите фирми, а тоа воопшто не успеаја да го ублажат неколкуте досегашни популарни владини антикризни сетови мерки.

Веднаш откако ги слушна лошите вести дека земјава влегува во рецесија, премиерот, со веќе вообичаениот манир на рамнодушност, се обиде да ја смири македонската јавност со фразите дека иако веќе втор квартал имаме негативна стапка на раст, сепак, тоа и не било толку лошо, бидејќи минусот бил помал од оној што Владата го очекувала! И сега повторно никој од власта како да не сака да ги слушне експертските прогнози дека рецесијата ќе продолжи и во третиот и во четвртиот квартал и оти на компаниите итно им се потребни реални мерки за спас, а не демагогија и празни ветувања!


#
Статијата е прочитана 913 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2009 07:34:58
Би го парафразирал Кенеди,,што ти си сторил за државата а не што сторила државата за тебе,, или така некако.Имено дали приватните бизнисмени почнаа да го трошат профитот што го стекнале предходно или пак тој настрана а бенефит од државата.Смешно е барањето за 30 евра помош за вработените во текстилната индустрија,власта ќе треба да го ангажира ФБИ,Интерпол и Скотланд Јард да ги обезбедат парите,инаку нестигаат до вработените.А кадее тука еднаквоста ,секој сака 3о евра помош.
Од: Трпе
Датум: 24.09.2009 08:07:39
Инает ли е ова или панаѓур.Нашава влада многу има мерак да се инаети а истовремено да се забавува како да се наоѓа на панагур.Де кризата ке не одмине нас,те ке имаме и кар,те имало криза а не во толку голема мера(нормално каде повеке од дното).Те ке има ребаланс те нема да има,ке има ама со пмалку но нема да се скратат средствата за играчките на децата.Славевски на заминување,препорача да има ребаланс на буџетот минимум 100 мил.евра и тоа под хитно но децава заинает велеа дека нема да има па пак ке има ама не 100 туку 80 милиони итнт.тнт.Сега велат предвремени избори нема да има но мириса на нешто друго штом е тргнато по врата со лаги на народот.Погодете ке има или ке нема,ке нема или ке има....
Од: jovan
Датум: 24.09.2009 09:17:03
Da ne sakaat "biznismenive" i po 1000 evra mesecno da im nosi Vladata doma vo krevet.
Од: stecaec
Датум: 24.09.2009 12:42:53
Ma kakvi biznismeni vo Makedonija - se se toa apa{i koi za dzabe gi lapnaa firmite, a nie ostanavme na ulica. Sega baraat pomos? Ma vo zatvor treba da se piknat.

Најди! во Утрински
Насловна
Каспаров два пати подобар од Карпов
Данок од еден денар
Караманлис и Папандреу сложни само за Македонија
Почина грандиозниот писател Коле Чашуле
Зденко
Сиднеј прекриен со црвен прав
Хеликоптерот на АРМ ќе се вештачи во октомври во Лондон
Бугарката Ирина Бокова на чело на УНЕСКО
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува
Мала, мала, мала... група
Иванов ја зацементира двојната формула
Метафора со сарказам за капетанот на еден брод
Државата се откажува од патарините
Карикатура