СИДНЕЈ - Најголемиот австралиски град Сиднеј е покриен со црвен прав, што е донесен од пустината со ветровите. Видливоста е многу мала така што меѓународните летови се пренасочуваат, а поморскиот сообраќај со фериботи е прекинат. Службите за итна помош пријавија зголемување на бројот на повици од луѓе, кои страдаат од проблеми со дишењето. На децата и на постарите лица им се препорачува престој во затворено. Знаменитостите во Сиднеј, како опера Хаус, се замаглени, а голем број жители носат маски. Сообраќајот на главните патишта е закочен. Правот кој ги покри источните делови на Нов Јужен Велс беше донесен од силните ветрови што понесоа тони прашина од западниот дел на земјата што е погоден од суша. Еден жител на Сиднеј за новинската агенција Асошиетед прес изјави: „Бојата беше неверојатна... Имам 72 години и никогаш досега не сум видел нешто вакво во животот“. Австралиското биро за метеорологија предупреди на „големи опасни ветрови“ во Сиднеј и во другите области, додека ветрови со брзина од 65 километри на час го удираа градот. (Би-Би-Си)
Istovo se sluci posleden pat vo 1939 god. Crvena prasina pomesana so chestichki i izgoretinki od pozarite plus pregolemo kolicestvo polen,poneseno so 90 km/h veter... Toa bese samo nekolku casovi nautro i predviduvaat za utre pak da ima. Mi se javuvaa nasi Makedonci (od Sydney i AUS) i me prasuvaa dali dojde krajot na svetot. Im rekov ako do krajot na nedelata se povtori uste ednas,definitivno ce bide i koj ima povece pari ce odi vo pekol, akoj ima pomalku ili nisto- vo raj, prema Nostradamus. Taka im treba koga ne pratat radio, TV, novini, internet...
Од: Solza
Датум: 24.09.2009 12:04:19
Ace Veruvam imas vdiseno od Cvrvenata Prasina pretezno dokolku si od Wollongong ...!!! Pa dobija poveke mojk na predviduvanja..???Hahahahaaaaaaaa....!!!