Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Градската куќа ќе се проектира на слепо


Градот бара идејно решение за свој објект, но се' уште не ја утврдил локацијата

Деспина Трајковска



Градските власти бараат идејно решение за објект Градска куќа на се' уште неутврдена локација. Но, и покрај тоа, посочуваат дека предлогот се однесува за објект кој би се градел на парцела од 2.367 квадратни метри со површина за градба од 1.274 квадрати, максимална катност од 21 метар и капацитет за паркирање од 153 возила.

Непоимлива ситуација, а истовремено сомнителна, коментираат урбанистите. Велат дека е невозможно да се предвиди идејно решение на објект со барани критериуми од повеќе аспекти, кога поради недефинирана локација тие не можат да се конкретизираат. Од друга страна, упатените се сомневаат дека локацијата, всушност, е позната, но се држи во тајност, со цел идејното решение по нарачка да го сработат архитекти блиски на владејачката гарнитура.

„Повеќе веројатна ми е втората варијанта. Од друга страна, пак, доволно е да се спомене сообраќајно решение и пристапи до објектот, за и лаик да се запраша како е можно да се бара идејно решение за објект за кој допрва ќе се утврди локацијата“, коментира еден архитект, кој не сакаше да му се споменува името.

Од Градот, пак, тврдат дека нема да биде прв пат да се бара идејно решение за објект за кој допрва ќе се утврдува локацијата. Сепак, не посочуваат идентичен пример. Велат дека утврдените градежни параметри ги направиле врз основа на пресметките и ��отребите за сместување на градската администрација, за која, всушност, и ќе се гради објектот. Тврдат дека засега немаат во план некоја конкретна локација, но надлежните интензивно биле во потрага по соодветна. Од комбинација биле исфрлени некогашните идеи градска куќа да се изгради на местото на дел од Старата железничка станица, како и маркичка да се вцрта во близина на Кале. Од Градот ниту демантираат ниту потврдуваат дека се разгледува можноста за петстотините градски вработени нов објект да се изгради во близина на црквата „Пресвета Богородица“ каде што важечкиот урбанистички план предвидува административен објект.

Инаку, градските власти објаснуваат дека нивното барање за идејно решение за Градска куќа не е идентично со што го реализираше Министерството за култура пред три години кога делото на Коста Мангароски го избра како најсоодветно. Тоа здание, за разлика од ова на Градот, кое ќе биде наменето за администрацијата, ќе било репрезентативен објект со сала за приеми, кабинет за градоначалникот и сала за венчавки.

Токму за тој објект, чија изградба Министерството за култура амбициозно ја најави пред три години, освен идејно решение не се преземени други конкретни мерки. Од Министерството вчера не одговорија каде „запнал“ проект. Единствено Коста Мангаровски ни изјави дека за објектот само е избрано идејно решение, а наводно, немал сознанија дека продолжиле постапките за изработка на идеен и изведбен проект.


#
Статијата е прочитана 2200 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 07.07.2010 00:37:57
Да не и овој тендер го добие непостоечка фирма? Мајмунлаците излегуваат на виделина.Уште да се види кај кого одат парите.И тука е КУМ от.
Од: Свадбарска
Датум: 07.07.2010 09:47:20
Куме, изгоре ти ќесе!
Од: mkd
Датум: 07.07.2010 10:37:24
Mene kako gradjanim mi e samo vazno toj objekt vo lik na Oficerskiot dom da se izgradi na svojata orginalna mestopolozba do kameniot most. Istiot vo eden del da se upotrebuva kako Maticna sluzba i da se napusti onaa smrdliva baraka. Taka plostadod ke zazivee a strancite vo zivo ke mozat da vidat del od Makedonskata tradicija.
Од: NA MKD
Датум: 07.07.2010 13:54:50
Koja tradicija? Kolku dolga tradicija?

Најди! во Утрински
Скопје
Се чистат косините на кејот
Засадените дрвца нема да го скријат загадувањето од „Усје“
Обновено платото пред „Свети Спас“