Се чистат косините на кејот
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ за неполн месец исчистија 22.000 квадратни метри од косите површини на кејот на реката Вардар. Во изминатиот период се работеше на потегот од пешачкиот мост кај хотелот „Александар палас“ до новиот мост кај Железничка станица. Опфатени беа и деловите кај Камениот мост и на потегот кај кајакарскиот клубот „Кајак кану“. Чистењето на тревата и на земјата се правеше рачно со копачи, мотики и со шпакли, а со тримери и моторни пили се сечеа повисоката трева и нискостебелестата вегетација. (Сн.К.) |