Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Нова фабрика за обработка на тутун

КАВАДАРЦИ - Со 80 отсто поголем капацитет за обработка на тутун и официјално во Кавадарци започна со работа новата фабрика на „Алајанс уан Македонија“. Инвестирани се околу четири милиони евра во најсовремена опрема за обработка на тутун. Како што информираа од компанијата, се работи за редок тип партнерство меѓу две успешни компании, едната од странство и другата домашна. „ИГМ трејд“ ја финансираше изградбата на објектот по стандардите на тутунската индустрија и е потпишан долгорочен договор за закуп.

„Денеска сме овде за да им изразиме голема благодарност на луѓето што ја имаа истата визија како и ние и кои веруваа во големиот потенцијал на македонскиот ориентален тутун“, нагласи главниот извршен директор Стергиос Григоријадис.

„Алајанс уан“ во Македонија работи од 1998 година, кога нејзиниот претходник „Дајмон“ влезе на пазарот со купување две домашни компании во Кавадарци и во Виница. Од компанијата рекоа дека прават напори во изминативе две години повторно да го заживеат полуориенталниот тутун од типот „отља“, претежно во Кумановскиот и во Скопскиот регион. ��Алајанс уан“ е на десетто место во земјава на листата извозници.

„Ние инвестиравме во оваа земја бидејќи тука најдовме околина што е пријателски настроена за создавање бизнис и соодветна почва за имплементирање нови идеи и технологии“, рече Хосе Марија Коста, регионален директор за европскиот регион и додаде дека оваа година се склучени договори за повеќе од 6.700 тони македонски ориентален тутун. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 1052 пати.

Испрати коментар

Од: Александар
Датум: 18.07.2011 02:11:35
Едноставно НЕМА ШАНСИ Сашо Мијалков да нема замешано прсти во овој проект.
Од: vinicanec
Датум: 18.07.2011 02:34:22
Kupija go Jugotutun vo Vinica ovie sea so otvarat, rabotia nekoe vreme, gazdata si najde edna lubovnica od kavadarci i se prefrli tamo, a tuka rabotnicite si otidea doma i nikoj nisto ne prezima, plus toa halite so bea drzavni sea stojat prazni i zatvoreni i nikoj nisto ne gi koriste, so glea ovaa drzava.

Најди! во Утрински
Втора страница
Хилари Клинтон во Атина
Колапс на совеста
Големите прашања
Вербатим

"""