Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Хилари Клинтон во Атина

Потребно е да се изоди растојанието од „блиску до решение“ до „конечно решение“ во грчко-македонскиот спор

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, вчера во Атина изрази силна поддршка Грција да продолжи со имплементирањето на новиот среднорочен фискален план. Таа ги пофали лидерскиот гест на Папандреу и новите економски мерки што, иако нема да бидат лесни за владата и за народот, сепак, се единствениот начин Грција да се врати назад на патот на економски просперитет и стабилност.

Хилари Клинтон направи сефте-средба со новиот шеф на грчката дипломатија, Ставрос Ламбринидис, откако пред еден месец тој ја презеде позицијата од Димитрис Друцас по реконструкцијата на владата на Папандреу.

Иако спорот за името бил дел од дискусијата за време на средбата меѓу Ламбринидис и Клинтон, на заедничката конференција се слушна едвај по една индиректна реченица за конкретниот проблем. Ламбринидис посочи дека државите од Западен Балкан и нивната европска иднина се главен приоритет за Грција, но и заедничка визија за Грција и Америка со цел во регионот да се задржи состојбата на мир, стабилност и безбедност.

„Наместо да се обидуваме одново да ја пишуваме старата историјата, имаме оригинална можност за да напишеме, создадеме нова историја. Треба да падне национализмот од минатото и сите држави да имаат добри врски за соработка во рамките на ЕУ“, изјави шефот на грчката дипломатија.

Во сличен дух, Клинтон индиректно, говорејќи за средбите на Папандреу и Груевски, како и за македонското прашање, спомна дека ја ценат работата на премиерот Папандреу и на грчката влада за решавање на долгогодишните спорови и внесување на државите од Западен Балкан во ЕУ и трансатлантските институции. Како што неофицијално дознаваме, ставот на САД во врска со спорот за името не е променет од она што досега го слушавме, а американската страна гледа дека двете страни се со волја и блиску до решение, но оти е потребно да се изоди тоа растојание од „блиску до решение“ до „конечно решение“.

Од она што се шушкаше во ходниците за време на средбата, САД сметаат дека две децении се предолг период за овој спор и дека неможноста по толку време и преговори да се најде решение е фрустрирачко и за двете страни, но и за другите држави, како што се САД, кои ги поддржуваат двете страни во преговорите. Проблемот меѓу Македонија и Грција за САД е „стара, долгогодишна шега“, но шега што веќе не е ни смешна и има потреба од итно решение.

Клинтон и Ламбринидис говореле за новите можности на грчката економија, за развојот на туризмот и за интересот на странските инвеститори за Грција. Вчера попладне во новиот музеј на Акропол, Клинтон, Ламбринидис и министерот за култура, Павлос Геруланос, потпишаа заеднички документ за заштита на културни артефакти со цел да се подобри борбата против нелегален шверц на археолошки предмети.

Клинтон негираше дека финансирањето на мисиите на НАТО може да биде ослабено поради економските проблеми на дел од нејзините членки, како што е Грција. Потенцираше дека се можни промени, но и дека Алијансата досега еволуирала преку вакви повремени промени.

По целодневните разговори со грчкиот државен врв, Хилари Клинтон вчеравечер, во хотелот во атинската луксузна населба Вуљагмени, навиваше за репрезентацијата на САД во финалето со Јапонија на Светското првенство во фудбал за жени. Американската државна секретарка по грчката престолнина ќе го посети Њу Делхи, за втората рунда од стратегискиот дијалог меѓу САД и Индија.

Шефицата на американската дипломатија вчера требаше да се сретне со премиерот Јоргос Папандреу, со претседателот Каролос Папуљас и со првиот човек на грчката економија, министерот за финансии, Евагелос Венизелос. За денес е резервиран термин за средба со лидерот на опозицијата, Адонис Самарас.


#
Статијата е прочитана 1159 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 18.07.2011 09:35:18
Грчиштава со европејците и амерканците се дружат а ние со африканците.Сигурно затоа ни пракат афричка жештина.
Од: Tina
Датум: 18.07.2011 10:51:31
Sto saka Hilari vo Atina? Da ja vidi taa starata gradba na Akropoleto? Bilo sto e razlogot, nema da ima fajde. Oti i Hilari gi znae samo lagite i desepciite na Grcija. Nema nisto od Hilari, kao i sto nemase nisto so site drugite koi sekogas nas ne potsetuvat za da go smenime imeto i da popustime na tie koi vo dva rata ne istrebuvale od nasata majka Makedonija. Eh, Hilary, ti si hilariozna.
Од: Tatko i na Tina od Mars
Датум: 18.07.2011 15:55:41
Tina,mila na tato,od tebe nisto ne biva.Epten si tinozna!Te intimidiraa toa Zemjanite,so nivnoto bugljenje!
Од: Taka e Tina
Датум: 18.07.2011 18:33:07
Nikoj, pa ni Hilari , ne ja znae pravata vistina. Pravata vistina ja znaes samo ti Tina. Steta sto Hilari namesto da te poseti tebe, ja posetuva Grcija!

Најди! во Утрински
Втора страница
Колапс на совеста
Големите прашања
Вербатим
Нова фабрика за обработка на тутун

"""