Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Признавање

Нa oдмор во Тувалу

Малата држава составена од девет корални острови се наоѓа во Тихиот Океан, северно од Фиџи и брои 10.544 жители

Државата Тувалу не' призна под нашето уставно име - Република Македонија. Во просториите на нашата Мисија во ОН, во средата беа воспоставени дипломатски односи на амбасадорско ниво. Тувалу е 132 земја што официјално ја призна Македонија под уставното име.

Инаку ,Тувалу е една од најмалите држави во светот според бројот на жители, зад неа се само Науру и Ватикан. Тувалу е членка на Комонвелтот и британската кралица е формален шеф на државата. Малата држава составена од девет корални острови се наоѓа во Тихиот Океан, северно од Фиџи. Од она што може да се најде на интернет за Тувалу се податоците дека на островите нема извори ниту постојан тек на вода, а од вегетација има најмногу палми на кокос. Тувалу брои 10.544 жители, кои во 14 век дошле таму од Самоа и Тонга. Првите Европејци што поминале покрај островите биле Шпанци, за кон средината на 19 век таму да пристигнат протестантски мисионери. Денес животот на островите, особено на подалечните, се води најмногу од почитување на религијата.

Тувалу одржува блиски односи со Фиџи и со Австралија. Исто така, одржува дипломатски односи со Република Кина (Тајван), која е единствената земја што има амбасада таму и е еден од најголемите донатори на финансиска помош. САД имаат амбасада на островот Фиџи, која е акредитирана за дипломатски односи со Тувалу. Во 2000 година Тувалу станува полноправна членка на ОН.

Еден од главните приоритети на нацијата Тувалу е глобалното затоплување и можниот пораст на морското ниво. Тувалу е еден од главните двигатели на Протоколот од Кјото и бара целосна негова примена. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 3620 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 01.07.2011 01:13:52
Треба да провериме во манифестот на мистер мр Рејтинг,да не случајно решил да не изненади па и да ни ја купи ова државичка.Покрај плажите ,покрај Вардар да можеме и таму да одиме да се капиме и сончаме.
Од: N3nad
Датум: 01.07.2011 06:26:10
"Еден од главните приоритети на нацијата Тувалу е глобалното затоплување и можниот пораст на морското ниво. Тувалу е еден од главните двигатели на Протоколот од Кјото и бара целосна негова примена. (Т.Г.)" Kako misliste glavni prioriteti se globalno zatopluvanje... kako e napisano kako da ti edvaj cekaat porast na morsko nivo.
Од: MKD
Датум: 01.07.2011 07:38:28
BLAGODARNOST DO TUVALU! Da se nadevame deka posle niv ke sleduvaat i Nov Zeland i Avstralija, za Figji neznam dali e na listata shto ne priznale.
Од: pektorio
Датум: 01.07.2011 08:09:57
Golem del od nashive novinari samo pishuvaat i ne se navrakaat da vidat shto napishale .Nekoi ne ni mozat da razberat shto napeshale
Од: Stole
Датум: 01.07.2011 09:01:25
Ne li razbravte, tamu ke begaat site voslivi vm ovci otkoga se ke srusat vo drzaviceto. Tamu im se i veke ukradenite pari.
Од: dedo dimo
Датум: 01.07.2011 09:36:19
Po nekoj luge navistina so nishto ne se zadovolni ,"Kako chitatelot pogore ".Takvite luge do pladne mrazat sekogo a posle pladne i sami sebe..
Од: bitola troa skolovan
Датум: 01.07.2011 10:00:20
Ete vidis na ambasadorsko nivo sme vospostavile odnosi.Pa zarem sme tolku bogati ili imame obvrska da plakame ogromni pari za da si odat na mandaten odmor na Tihiot okean.Najbogatite drzavi toa ne go pravat si imaat ambasadi koi pokrivaat celi polutopki od zemjata a nie izgleda sme zabata a ne konjot.
Од: Зевзекмен
Датум: 01.07.2011 10:01:36
koga ke gi polavi Okeanot, ke se selat, moze ke investiraat vo MK ??
Од: Buntovnik
Датум: 01.07.2011 10:48:51
Vi blagodaram za korekcijata na vcerasniot clenok so istata tema. Mojot komentar, - dali ima eden makedonec koj znae kade e tivalu-, bese pogresno svaten kako kritika na makedonskiot narod. Mojot komentar bese upaten kon nedostatokot na informacija vo clenokot, koja vie deneska ja korigirate.
Од: www.makedonija.tv e registrirana vo Tuvalu
Датум: 01.07.2011 13:42:37
По втор пат честитки за признавањето од Тувалу. Оваа мала пацифичка држава има големо срце. Таму веќе долги години е регистрирана www.makedonija.tv ( интернет страница каде може да се причитаат и видат многу важни информации за Македонија и македонската дијаспора). Останува уште Мисијат ана Република Македонија во ООН (the former Yugoslav Republic of Macedonia) конечно да направи и своја интернет страница во ООН ( единствени сме што немаме своја интернет страница а никој не зинува ниту збор да рече за тоа, додека цели лавини се фрлаакон ООН за злоупотребите во терминологијата со името и т.н,...ако помните?).
Од: tuvalu
Датум: 01.07.2011 14:40:56
DO ZEVZEKMEN DUR DA GI POLAVI (POPLAVI) SE PISI VODATA TI KE POCNIS NA GRCKI DA ZBORAS DA SE NEMALO POSTOVANJE ZA EDNA PEDA ZEMJA A NIE SO EDEN GRST SAKAME REPUBLIKA E NEMA OD NEKOJ KAKO TEBE.

Најди! во Утрински
Политика
Политичари на распуст
Димитров не' пофали за „споменик на бугарски цар“
Врие во трите весници на Велија Рамковски
Започнува распитот за смртта на Мартин Нешкоски

"""