|
|
|
|
|
|
Општински пари за проекти на здруженија и фондации
Сите здруженија на граѓани и фондации со регистрирано седиште или разгранок на подрачјето на општината Гази Баба можат да добијат општински пари за реализација на своите проекти. За таа цел, Општината распиша конкурс за заинтересираните, кои потребната документација треба да ја достават најдоцна до 4 септември.
За учество на конкурсот е потребно да се достави пријава за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани или фондации, проектна пријава, статут и доказ за регистрација на здружението, односно фондацијата и извештај за евентуалните добиени средства од Општината во изминатата година, како и начинот на нивната реализација. Согласно со конкурсот, општински пари од буџетот за 2012 година ќе се доделуваат на здруженија и фон��ации што работат во областа на граѓанското општество и демократизација, човекови права, култура, здравство, социјално-хуманитарна работа, информации, спорт, млади, образование, екологија и оние што ја третираат меѓународната соработка.
Подетални информации за конкурсот се објавени на општинската интернет-страна www.gazibaba.gov.mk. (Дс.Т.)
|
#
|
Статијата е прочитана 359 пати.
|
|
|
|
|
|
|