Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Чисти теписи наместо чисти заби во Шутка

Од „Водовод“ апелираа за разумна потрошувачка, но дел од Шуто Оризари со месеци нема вода

Бојан Шашевски

Не е тајна дека жителите на Шуто Оризари веќе со години важат за најголеми потрошувачи на вода. Убедливо водат во однос на останатите градски општини во нерационалното користење на свежата вода за пиење. Без контрола ја трошат за перење теписи, па не им останува за лична хигиена. Но, и покрај тоа што од ЈП „Водовод и канализација“ повеќе пати апелираа до тамошните жители за разумна потрошувачка на водата, дури се споменуваше и спроведување едукативни кампањи, некои од граѓаните на Шутка се жалат дека воопшто немаат вода во своите домови. И тоа со месеци наназад.

На горниот дел од Шутка, на брдото близу градските гробишта, дел од жителите на улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Плачковица“, „Гарибалди“,„Нов живот“ велат дека цело лето се без капка вода.

„Цел јуни, јули, а еве и август немаме вода за пиење, а не можеме ни да се искапеме ниту да измиеме садови. Ниту, пак, да одиме во тоалет. Ужас. Мораме да ги викаме роднините од населбата, а понекогаш и од околните општини да ни носат вода во канти. Се снаоѓаме од ден за ден. Некои дури ги ангажираат пријателите и нивните цистерни. Веќе навистина не знаеме што да правиме и кому да се обратиме. Ќе се рашират разни зарази болести. Зошто не' третираат вака и ја исклучуваат водата? Веќе 44 години не сум пропуштила да платам сметка на ’Водовод’“, вели жителка од улицата „Плачковица“.

Истото тоа го потврдија и жителите на „Гвадалахара“. Кај нив само по еден часот по полноќ течат капки вода, како што велат, минимално и недоволно за нивните потреби, за миење садови или за капење на децата. Некои тврдат дека редовно одвојуваат пари за вода, а други, пак, сметаат дека „Водовод и канализација“ треба да им прогледа низ прсти, бидејќи поголемиот број се социјални случаи.

„Бидејќи не ни пуштаат вода, почнавме од револт да не плаќаме. А, повеќето и немаме од каде да најдеме пари. Добро е што од неодамна се изгради бунар подолу кај шпедицијата на ’Макошпед‘, па целото соседство зема вода оттаму. Се познаваме со чуварот, па ни дозволува да си ги полниме кантите и шишињата. За перење на алиштата ни помагаат соседите од улицата отспротива“, раскажуваат на „Гвадалахара“.

За разлика од овој дел, каде што се складираат буриња во дворовите, а на ќерамидите на сонцето се топлат шишиња со вода, речиси низ цела Шутка се забележува масовна нерационализација во користењето на водата. Огромно количество чиста вода постојано се слива по сервисните улички и тротоарите, но и по асфалтот на централната „Шуто Оризари“. Некои од жителите со црево директно од домовите константно ги ладат дворовите и околните тревници, а, други, пак, ги мијат автомобилите или ги перат теписите. Има и такви што ги разладуваат фасадите и покривите на своите куќи, но и на куќите на соседите. Некаде е невозможно селективно исклучување на водоснабдувањето, па се чини дека и тие што се редовни во плаќањето страдаат поради несовесната употреба на водоводните услуги на соседите.

За проблемот со водоснабдувањето во Шутка се обративме до „Водовод и канализација“. Но, оттаму не добивме информација до затворањето на весникот. За ова сакавме да поразговараме и со градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Од Општината ни рекоа дека Бајрам е на состанок и, иако оставивме број за контакт, не добивме повратен одговор.


#
Статијата е прочитана 1162 пати.

Испрати коментар

Од: od site
Датум: 09.08.2011 10:28:15
Па не ја плаќаат, затоа ја трошат во изобилство. Ама не се секирајте ние сме тука да платиме за нив кутрите Цигани.
Од: od site romi
Датум: 09.08.2011 17:49:34
vie site ste kutri i bezobrazni makedonci samo imate hrabrost da gi vregaate romite zatoa sto albancite ve stavija na red zosto ne gi vregate niv se plasite vie ste kutri makedoncite so grujo toj ve nauci na vakva kultura.

Најди! во Утрински
Скопје
Се гради Мостот на уметноста
Општински пари за проекти на здруженија и фондации

"""