|
|
|
|
|
|
Се гради Мостот на уметноста
Жешкото сонце вчера не ги попречи работниците на ГП „Бетон“ да вршат ископи во коритото на реката Вардар за втемелување на Мостот на уметноста. Тие веќе втора недела работат речиси без прекин на објектот, кој конечно почна да се гради, а треба да ги поврзува кејот кај Градскиот трговски центар и новата зграда на Јавното обвинителство.
Договорено е ГП „Бетон“ да го изгради мостот во рок од 16 месеци.
За објектот Општина Центар ќе плати речиси два милиона евра. Но, ова нема да биде конечната сума што ќе се потроши. Стотици илјади евра ќе треба да се потрошат за 29 скулптури кои е предвидено да се наоѓаат на преминот. Тие ќе бидат двометарски, излеани во бронза и ќе бидат распоредени симетрично по 14 од двете страни на мостот. Исклучок ќе биде централната скулптура, која ќе достигне висина до 3 метри.
Скулптурите ќе бидат излеани ликови на македонски и на албански уметници, меѓу кои се планирани Тоше Проески, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани и други.
Мостот на уметноста се гради по проект на архитектот Коста Мангаровски. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 1394 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Распучин |
Датум: 09.08.2011 06:02:21 |
|
Конечно и нашите уметници добија шанса за проспиритет во сопствената држава,Само не ми е јасна алчноста на газдите на фас 11окт.Што не ја земаа зделката за автобусите,имаа неколку шанси за тоа ,а и ги знаеа понудите од другите можеа да се корегират.Барем градежниците подеднакво го поделија колачот.Администрација ,Градежништво ,уметност.Се професиите кои профитираа во кризава.Се надевам дека владата во иднина ќе има слух и за другите во стил ако неможеш да помогнеш не одмагај. |
|
|
|
|
|
|
Од: patriot |
Датум: 09.08.2011 08:05:08 |
|
abe izgradete i izlite spomenik na onie mladi luge koj go dadoa zivotot na karpalak a ne tuka na umetnici |
|
|
|
|
|
|
Од: do Raspucin |
Датум: 09.08.2011 10:29:22 |
|
A spomenik na tvoite sogragani sto go dadoa zivotot i za tvoja sloboda? Ne ti se sram da ne pisuvas konmentar na taa tema a tuka kazuvas za 11ti oktomvri... KAde ti e covecnosta? Pak ke kazam, poglupav narod od makedonskiot NEMA. |
|
|
|
|
|
|
Од: skopjanec |
Датум: 09.08.2011 15:31:18 |
|
kolku gi pocituvame tie sto go dale zivotot za nasa sloboda se gleda po spomenikot na osloboditeli na Skopje pokraj kameniot most. Skulpturata ja nema postamentot e obrasnat so suva treva i se okolu e gubre, Strasno i sramno. |
|
|
|
|
|
|
|
|