Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Битката не се води на улица

СТРУМИЦА - „Битката за тутунот и за цената се води на вага, а не на улица“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, вчера од Струмица. Тој смета дека блокирањето на откупот на тутунот не е во интерес на тутунопроизводителите и оти е мотивирано од политички побуди и партиски интереси.

„Во Прилеп не разговарав со тутунопроизводители, туку со членови на политички партии. Завчера беа погазени достоинството и честа на тутунопроизвoдителите. Министерството и Владата секогаш ги штитат интересите на земјоделците и не се занимаваат со профитерство и калкулации, туку со остварување на интересите на непосредните земјоделци“, нагласи Димовски. Според него, тутунот заслужува да биде соодветно вреднуван. „Ќе се обидеме со откупувачите на тутун да издејствуваме враќање на ланските цени или на приближно ниво што ќе биде задоволство за тутунарите“, додаде Димовски. Тој нагласи дека се отворени уште 84 откупни пункта.

„На второстепените комисии во подрачните единици им се дадени инструкции за нова процена на тутунот во случај да се јави производител што смета дека е оштетен“, појасни министерот Димовски. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 543 пати.

Испрати коментар

Од: todor
Датум: 28.12.2010 18:00:45
министре, платете им го реално тутунот на земјоделците и тогаш ќе се уверите дека во сиромаштијата нема политика. Овака може да се браните и да окривувате но сетете се дека вие сте власт а не опозицијата. Ситиот не можеш никогаш да го натераш за една корка леб да се понижува и да моли. Тоа го прават сега земјоделците.

Најди! во Утрински
Македонија
Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари
Тетово да функционира како Скопје
Не даваат тутун за џабе
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks