Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Шекеринска бара поддршка од неопределените

Во обраќањата на митинзите на СДСМ во неколку скопски општини, кандидатката за премиер вети одговорна влада

Радмила Шекеринска, кандидатка на опозицијата за премиер, побара поддршка од неопределените гласачи. На митинзите што коалицијата на СДСМ прексиноќа ги одржа во неколку скопски општини, таа оцени дека на Македонија и' треба влада што ќе обединува и нема да бега од одговорност.

„Ја барам вашата доверба, ја барам довербата на сите неопределени граѓани за таква влада, за влада од сите и за сите. Ја барам довербата од сите на кои им е смачено од политичари што повеќе ги мразат своите противници отколку што си ја сакаат својата земја. Да ставиме крај н�� таа политика“, рече Шекеринска.

Таа се повика на искуство како вицепремиерка за евроинтеграции:„Јасно им е дека по тие четири години мандат можам да застанам пред вас со чист образ и со високо крената глава и да ви кажам дека ќе работам Македонија да биде чесна, да има чесна влада и тие знаат дека македонската јавност ќе ми верува“.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пак, алудирајќи на честите коментари на власта за случувањата и за состојбите во опозицискиот табор, иронизирајќи го нарече премиерот Никола Груевски „реформатор светски“ и му порача дека на 5 јуни граѓаните без страв ќе решаваат за својата и за судбината на државата.

„Па, ајде реформатору светски, кажи ни кој да ни биде претседател во партијата, кој да ни биде кандидат за премиер, кои да ни бидат потпретседатели... Издиктирај ни ја изборната програма за да биде СДСМ таков каков што ти мислиш дека треба. Па, СДСМ не е тука за да ти прави ќеф, туку за да те порази“, му се обрати Црвенковски на Груевски.

На митинг во Шуто Оризари социјалдемократите ветија зголемување на социјалната помош за 40 проценти, намалување на казните за граѓаните, олеснување на процедурата за добивање патна исправа и лична карта, изградба на средни училишта...

„Ние нема да ги собираме парите од вашите џебови за да градиме лавови и златни мостови во центарот на Скопје. Срамота е само на неколку километри од вас да има пари за плажа, а овде да нема пари за ништо“, рече Шеќеринска. Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, вети дека кога ќе стане пратеник соодветно ќе се користат средствата наменети за декадата на Ромите и оти ќе направи се' за враќање на достоинството на овие граѓани.

Опозиционерите апелираа до жителите на оваа скопска општина масовно да излезат на гласање, а Црвенковски ги посоветува да не го продаваат гласот за една вреќа брашно. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар

Од: неопределен
Датум: 01.06.2011 00:17:43
Е, баш нема да дадам поддршка на Шекеринска затоа што е лицемерна. Сакате пример! Добро, на седница на собраниска комисија зборува за екологија и колку прозорите во Собранието биле енергетски не ефикасни, а таа вози џип од над 2000 кубика (ПЕЖО, мислам беше), кои се едни од најголеми загадувачи и потрошувачи на гориво. Сакате уште, нема проблем. Таа беше против формирањето на факултет за информатички науки во рамките на скопскиот универзитет, само заради заштита на интересите на ЕТФ. Примери има уште многу...
Од: Боби
Датум: 01.06.2011 00:21:56
Ќе ја добиеш! Токму од категоријата на граѓани кои бевме третирани како граѓани од втор ред во оваа држава. Даваме подршка на Рада
Од: jovan
Датум: 01.06.2011 00:25:27
Pa tie glasovi i se i glavniot adut. Ovie drugive si gi imaat svojte "opredeleni" i si go znaat brojot,i mozat samo da smetaat deka toj broj moze da im se namali(Ljube, Ljubco...)nikako zgolemi.Brojot na "opredelenite" za Sekerinska e vo popovolna situacija za zgolemuvanje,i vo nikoj slucaj nema da se namaluva.Sansite ako "neopredelenite"izlezat na glasanje se mnogu mnogu pogolemi deka tie glasovi ke zavrsat za Sekerinska, ili za nekoja od pomalite partii. VMRO na neopredelenite ne ni treba da smeta,a i veke ne smetaat na niv,naprotiv molat boga da ostanat"neopredeleni".Inaku tokmu tie glasovi ke im ja zapecatat sudbinata.A ne se malku.
Од: trpe original
Датум: 01.06.2011 01:34:36
Postoi edna definicija: najglupav e onoj sto ne izleguva na izbori (bozem pameten e?) a pomalku glupav e onoj sto glasa za lazni nadezi.
Од: Todor
Датум: 01.06.2011 03:38:22
Draga Radmila-ischisti si go gjubreto od partijata i so novi sili vo pobeda.Segasniov nametnat tim ti e katastrofalen.Zgora na toa nemase ni vreme da podgotvis programa.Koga ke gi ispolnish ovie uslovi-siguren sum narodot ke glasa za tebe i tvojot tim.So ovoj izliten bezideen tim nema pobeda.Narodot e izgoren od nekoi clenovi na vasiot tim i za zal ke glasa za kako sto veli "pomaloto zlo na gruja" za zal.Odberi si dobar tim od novi lugje i podgotvi dobra izdrzana programa i siguren sum uspehot ke bide neminoven.Pozdrav
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 08:26:16
Верувам дека ке ја добие подршката и од поголем процент на неопределени гласчи.Но кога ке дојде на власт ке мора да остварува од ветеното.Народот дава власт ама и ја зема.Госпогата Шекеринска има многу поцврст чекор(иако е жена) од сегашниот премиер, кој се фали со 100 чекори ама несигурни.,еден напред а три назад и самиот не знае кое оро го игра ама си го прави личниот ќеф.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 01.06.2011 09:39:29
Sto poveke brojot na neopredelenite i apstinentite na izborite se namali,opozicijata odi vo nagoren trend. Ova e edna od osnovnite karakteristiki na site dosega sni izbori i dokaz deka,recisi ,nikoja aktuelna vlast ne mozela da se pojavi i eksponira so zabelezlivi konkret ni rezultati,dela,proekti,realizacii,a ne goli propagandi ,pred koi i eden Gebels bi se nasol zateknat!.
Од: Неопределени од државна администрација
Датум: 01.06.2011 11:38:55
Шеќеринска ја добива подршката од нас! Со радост го чекаме 6 Јуни за да ти ја честитаме победата и да продолжиме на патот на развојот на Македонија. Таму каде застанавме пред 5 години. НАПРЕД
Од: Jovanka
Датум: 01.06.2011 13:13:22
do koga so ovie filmovi deka opozicijata odi vo nagorno nivo? samo sonuvajte deka ke dobiete poveke od 26 pratenici , a i toa vi e mnogu
Од: Police
Датум: 01.06.2011 13:25:55
Podrska samo moze da dobie od onie koi neznaat sto sakaat sto pagaat na nivnite prozirni lazgi !
Од: Маж
Датум: 01.06.2011 13:51:41
Ако ја избереме Рада,барем ќе имаме маж за премиер,кој машки ќе се фати за работа,не како овој што се крие во глувчешка дупка,едно збори дома,друго надвор!Плус Шеќеринска е ценета во ЕУ,а Грујо во Африка!
Од: Д.
Датум: 01.06.2011 14:35:35
Радо никој не те спасува од пораз на 5ти!!!
Од: volk
Датум: 01.06.2011 16:12:34
cel zivot baraat nesto ... nikako da dadat
Од: Був
Датум: 01.06.2011 16:26:33
На митинг им апелираат на Ромите да не го продаваат гласот за вреќа брашно, а нивните коалициони партнери им го бараат гласот за 2 килограми расипано месо.

Најди! во Утрински
Политика
Можен ли е пресврт на изборите?
Груевски
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Не дадовме донација за СДСМ, туку кредит
Власта го столчи малиот бизнис
Партиски потпис против притисоци

"""