Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Груевски: Сакаме да си го зачуваме образот!

Лидерот на десницата од Гостивар и од Тетово порача дека повторно ќе победат бидејќи работеле чесно и одговорно

Оливера Војновска



Насмеаниот лик на американскиот претседател Барак Обама е прва работа што му го привлекува вниманието на намерникот при посетата на Гостивар. Огромното пано не е дел од изборниот декор, туку се надвисува над локалот на еден гостиварец, кој, веројатно, импресиониран од американскиот лидер, својата кафетерија ја нарекол „Обама“. И во сенка на оваа реклама паѓаат ликовите на главните јунаци во Шестата изборна единица - гостиварскиот градоначалник и лидер на НПД, Руфи Османи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и Роза Топузова-Каревска од ЛДП, билбордот на ДПА со порака „Дојдете со нас“. Како и огромните платна (банери) поставени над главната улица на кои се испишани изборните слогани на ДПА, на НДП- „Да ја вратиме гордоста“, на ДУИ - „Заедно право кон целта“, на ВМРО-ДПМНЕ - „Реформите ќе победат“ и на СДСМ - „За твојата иднина“.

Деновиве Гостивар и Тетово, како и сите други места во државата, ја живеат изборната сага. Таму вчера беше особено живо, митингуваше владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На плоштадите трештеше музика еден час пред почетокот на митинзите. Атмосферата ја загреваа познати имиња од македонската музичка сцена. За дел од присутните (оние што беа поблиску до бината) собирите беа можност да се фотографираат со нашите музички ѕвезди, особено со младиот Влатко Илиевски.

На митинзите беа собрани неколку илјади луѓе, претежно партиски членови и симпатизери. Имаше и такви што беа дојдени од љубопитност, некои, пак, за да гледаат сеир, а за некои ова беше „културно-забавен настан“, па по завршувањето на музичкиот дел си заминуваа.

Според сценариото, на бината се редеа пејачи, а настапот на Владо Јаневски со „Земјо македонска“ беше најава дека наскоро ќе се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тогаш атмосферата се вжешти и кулминацијата се случи кога Сузе Спасовска ја испеа „Слушајте Македонци, чувајте го името!“ Во момент кога се разлеаја стиховите: „Оган да го гори тој што ќе ми збори да те оставам Македонијо. Каде да сум таков сум, не се давам никому да ме крсти, прекрстува“, на плоштадот пристигна Груевски.

Премиерот синоќа, прво во Гостивар, а потоа и во Тетово, порача дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја однесе победата на изборите. „Тоа ќе се случи затоа што четири години работевме чесно и гледавме да не го лажеме народот. Сакаме да си го зачуваме образот и во наредните четири години да докажеме дека секогаш сме биле со и меѓу народот. Нема да останам мирен додека не видам дека се реализираат сите 1.200 проекти“, рече Груевски. Според него, „Манифестот“ на ВМРО-ДПМНЕ го има духот на Крушевскиот манифест од 1903 година.

И носителот на изборната листа во Шестката, Никола Тодоров, нагласи дека биле одговорна власт: „Стоиме пред вас со ’Манифестот‘ во едната рака и со ’Отчетот‘ за сработеното во другата“, рече Тодоров.

Митингот заврши со раскошен огномет во кој како да „стежне“ пораката: „Дај Боже во мир да ги завршиме овие избори!“, што од Тетово ја испрати на претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска. Неа, инаку, младиот водител ја претстави како „вистинско освежување на македонската политичка сцена“, веројатно, не знаејќи дека Поповска е присутна во политиката речиси две децении.


#
Статијата е прочитана 998 пати.

Испрати коментар

Од: Мане
Датум: 01.06.2011 00:23:28
Образот на државава одамна го избербативте! Македонија не ви дава уште една шанса. Македонија нема време за губење со манипулатори
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 00:42:29
Ако мистер мр Рејтинг,методот на кој работеше овие 4,5 години 3 месеци и 15 дена го нарекува чесност,јас како Трпе од утре трчам кај нив да си земам пристапница.Барем нема да морам да си трпам.А човеков има и реални ветувања.Не умирај магаре до зелена трава.Барем веке за лажниот патриотизам нема да јадам корења се додека има трева.
Од: tigar
Датум: 01.06.2011 00:47:00
taka e gospodine premiere, narodot nauci koj raboti a koj krade.. vie ste edinstvenata opcija za podobra Makedonija.. samo napred, narodot e so tebe !!
Од: Кутлеш
Датум: 01.06.2011 00:58:41
Освежување не значи младост или почеток, туку позитивна енергија! А сценариото - е исто секаде и на сите партии! Разликата е во тоа што оствариле партиите кога биле на власт и колку може да им се верува. А со отчетот оваа Влада покажа дека е прва Влада на која може да и се верува!
Од: koj
Датум: 01.06.2011 01:04:28
taka e gospodine premiere.. zatoa i narodot tolku vi veruva, zatoa sto ste cesen i odgovoren.. zatoa i tolku vreme ste na vlast a i veruvam deka ke bidete uste mnogu
Од: jasko
Датум: 01.06.2011 01:44:00
VMRO-DPMNE bese i ke bide najdobrata partija za makedonskiot gragjanin!
Од: trpe original
Датум: 01.06.2011 01:54:30
Vika obrazot! Da bese gjon, ke se iskinese.Mora da e od rosfraj celik. I koga laze, ne menuva boja, ne rgjosuva.
Од: patriotot
Датум: 01.06.2011 02:10:08
i ke go zacuvate obrazot premiere. Narodot znae da go ceni toj sto raboti i sozdava !!
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 01.06.2011 03:27:16
Kako moze Gruevski da se" prekrstuva" koga toj "bega" od krstot. Za Pavle Trajanov nemam najdobri misli,zasto za mnogu raboti mi e nestabilen duri i od atentatot na Gligorov,"skoka" partija na partija, no ako i Liljana Popovska navistina e edna kako Pavle Trajanov,togas navistina neka se trgne od politickata scena,zasto za nejziniot soprug Gligorie imam najubavo mislenje. Do kolku raboti za "slava"togas neka i sluzi na cest.
Од: Mrsul
Датум: 01.06.2011 03:57:14
Toa e toa sto se bara cesnosta i odgovornosta! Nema zapiranje.
Од: ?????
Датум: 01.06.2011 09:35:35
Kako moze da zacuva obraz nekoj koj go nema.
Од: излажан и искраден
Датум: 01.06.2011 10:02:35
За да го зачуваш образот,прво треба да го имаш. Исто како што треба прво нешто да си имал па потоа да ти го одзеле. На мнозинството од народов мислам, кој за 5 години владеење на овие “чистообразни“, многу,ептен многу осиро- маши. И тој нашол за образ да зборува. По 5 јуни подобро ќе биде Груевски и Фамилијата да му ја мислат како да си го спасат газот.
Од: Jovanka
Датум: 01.06.2011 11:17:15
Taka e gospodine Gruevski.. na 5ti juni dobivame 61 pratenik i gi isprakjama edna za sekogas isfrustriranive komunjarcinja vo istorija!!
Од: realen
Датум: 01.06.2011 12:44:03
A kade se vo posledno vreme Singo, Mijalkovi, Stojmenov i onaa trabantka od DOM, sekogas vo svetli boji, a Makedonija e zaviena vo crno. Kade e Joker nasmevkata na Gruevski, prebledeniot Milosovski i site kako da se na pogreb (ovojpat ne go utnaa, sopstveniot neli).
Од: jimmy1
Датум: 01.06.2011 15:31:26
Za kako obraz zboruvas, zarem negledas deka ti voopsto nemas obraz, tuku imas curulka i toa svinska, samo dupki kopas za da go skries ona sto go imas oplackano. Curulkasive baraat uste eden mandat da e zavrsat razrodbata. Duri ima ovci kako ovaj Svaba, nisto ne me cudi.
Од: seirdzija
Датум: 01.06.2011 15:47:15
Da socuvas nesto prvo treba da go poseduvas!Djon ne e obraz,a 6 stana ne se reforma tuku krazba!Dali ke se svesti Makedonecot do 5 juni ostanuva da se vidi...

Најди! во Утрински
Политика
Шекеринска бара поддршка од неопределените
Можен ли е пресврт на изборите?
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Не дадовме донација за СДСМ, туку кредит
Власта го столчи малиот бизнис
Партиски потпис против притисоци

"""