Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Што пишуваат весниците во светот

Војници на сомалиската влада

Војници на сомалиската влада се возат низ напуштените улици на главниот град Могадишу. Африканските мировници ги протераа исламистите од главниот град, но тоа ни оддалеку не е крај на крвавата војна.

Ла република

Последен летен одмор за еврото?

Пазарите пробија една од многуте слабости во европската одбрана, предизвикувајќи уште еден пад во цената на акциите и зголемување на високите каматни стапки што ја влошија државната должничка криза во еврозоната.

Меѓутоа, пазарите не се единствените одговорни за ситуацијата, која е симптоматична за подлабока политичка слабост. Ако не најдеме решение за овој проблем, опстанокот на европскиот проект ќе биде загрозен. Овој пат, нападот дојде преку процепот отворен од неверојатното одложување во имплементацијата на одлуките донесени на самитот на европските шефови на влади одржан на 21 јули.

Ако се' помине добро, овие „ургентни“ одлуки ќе имаат ефект на крајот на септември. И дотогаш нивното влијание ќе биде недоволно.

На 4 август токму во моментот кога претседателот на комисијата Жозе Мануел Баросо ги повикуваше владите да осигураат брза имплементација на одлуките донесени во јули - иницијатива која „јасно не успеа да ги донесе посакуваните ефекти“ - Европската централна банка се обидуваше да затвори уште едно протекување во бродот на еврото, со обелоденување дека било изгласано „со огромно мнозинство“ да се продолжи со аквизиција на секундарни пазари каде што има намера да купи државни обврзници на земјите во проблеми.

Хуриет

За масовната оставка на турските генерали

Не смееме да се залажуваме за некои работи. Не треба да ја прифатиме здраво за готово објавата во петокот минатата недела дека турските генерали поднесуваат оставка во знак на протест поради апсењето активни и пензионирани офицери во врска со истрагата за ковање заговор за државен удар.

Во почетокот на 2000 година од кабинетот на началникот на Генералштабот на турската армија беа купени неколку веб-страници со парите на сите турски граѓани. Потоа армијата креираше дигитално присуство преку употребата на различни веб-страници. Со овие многубројни веб-страници, армијата објавуваше лаги и продолжи со манипулирање на турската јавност. Армиските веб-страници честопати работеа на напад и ширење на пропаганда против конзервативната религиозна влада на Партијата на правда и прогрес (ЈПП) на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Лажните информации објавени на веб-страниците креирани од првите луѓе на армијата беа прифатени како доказ и искористени од обвинителите во отворање случај со намера затворање на ЈПП. Сите овие информации излегоа на виделина во 2009 година. Во тоа време началникот на Генералштабот рече: „Да го направивме тоа, но само затоа што ни беше наредено да го сториме тоа од тогашниот премиер на Турција (Булент Еџевит)“. Иследниците трагаа по докази од кабинетот на премиерот Еџевит, но интересно овие т.н. наредби не беа најдени.


#
Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Ден Д за економијата на САД
Дојде ли крај на американската империја?
Кина му одржа лекција на Вашингтон
Северна Кореја - земја што живее во минатото
Лондон во пламен

"""