Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Ден Д за економијата на САД

Можно е уште едно намалување на рејтингот на САД во следните 12-18 месеци

Во последниве 48 часа се пишуваше голема економска историја. Сагата за тоа дека САД го загубија својот ААА кредитен рејтинг продолжува. Министрите за финансии од САД и нивните партнери од Г-7 ќе одржат голем број групни телефонски разговори за да дискутираат за одлуката на „Стандард енд Пурс“ (СиП) за деградирање на американскиот долг. Европската централна банка вч��ра, исто така, одржа вонреден состанок за нејзината должничка криза во Италија, Грција, Португалија и веројатно во Шпанија додека се развива оваа голема кредитна криза. „Мислам дека се наоѓаме во несигурни води. Што ќе дискутираат Франција и Британија (и Г-7) овој викенд? Тие се навикнати да имаат долари. Тие се свртеа кон нас да ги решиме нашите проблеми и да предводиме со пример, а ние тукушто бевме деградирани“, вели Џоел Смолен, фонд менаџер во „Аксион капитал“ во Сан Рафаел, Калифорнија. „Каде на друго место да се обратат?“

Ова е за првпат во историјата на САД да им биде намален кредитниот рејтинг. Деградирањето на долгот е сериозна работа и ја доведува во прашање улогата на американскиот долар како водечка светска резервна валута. Исто така, тоа е и голема политичка непријатност по несогласувањата меѓу републиканците, демократите и Белата куќа, што ги истуркаа САД на работ на неисполнување на обврските. СиП сигнализираа дека е возможно уште едно намалување на рејтингот во следните 12 до 18 месеци. Во соопштението СиП наведоа дека го промениле својот став „за потешкотиите за премостување на јазот меѓу политичките партии“ околу уверлив план за редукција на дефицитот.



Цената на финансиската криза и рецесијата, како и на војните во Ирак и Авганистан, пооделно придонесоа за зголемување на долгот на Америка во последната деценија и ги збриша вишоците што земјата ги имаше за време на претседателствувањето на Бил Клинтон. Но, токму проектираните идни трошоци за голем број големи планови за здравствена заштита и пензии, вклучувајќи ги „Медикер“ и социјалното осигурување се тие што го ставија долгот на земјата на пат за кој многумина, вклучувајќи ги и СиП, веруваат дека е неодржлив без дополнителни намалувања и зголемувања на даноците.

Погодени од првото намалување на рејтингот САД почнаа отворен и неконтролиран напад врз СиП, доведувајќи го во прашање нивниот кредибилитет и интегритет. Меѓутоа, кредитната агенција ги оправда своите акции и посочи дека гневната реакција од САД е очекувана од земја или компанија на која и е намален рејтингот. ЕУ, исто така, се посомневаа во одлуката на СиП да го намали рејтингот на Грција во март, и нејзини највисоки официјални претставници изјавија дека не се согласуваат со ставовите на рејтинг агенцијата.

Намалувањето на кредитниот рејтинг на САД може да отвори нов свет на болка за доларот. Веќе разнишан од ниските каматни стапки, бавниот економски раст и странски инвеститори алчни за внесување различност поинаква од американскиот капитал, загубата на ААА статусот може да го зацементира ставот дека доларот повеќе не е најбезбедното засолниште во немирниот свет.


#
Статијата е прочитана 970 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo SAD
Датум: 08.08.2011 07:11:28
Znachi slednata svetska valuta kje bide Kineskiot Juan? Uuups ne nemozhe, juanot e so fiksiran kurs od 8,5 : 1 sprema Amerikanskiot dolar. Neka dozvoli Kina nejzinata valuta da porasne srazmerno so nejzinata ekonomija, pa da vidime dali togash kje bide interesna destinacija za proizvodstvenite pogoni na svetskute multi-nacionalni kompanii.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 08.08.2011 10:49:53
По 1971 год. кога САД (Никсон) ја укина обврската за заменливост на доларот за злато (25% од девизните резерви на ЦБ на останатите земји), Америка почна да применува економски модел кој е базиран на ПОТРОШУВАЧКАТА И УВОЗОТ. Ваквиот модел го овозможуваше позицијата на доларот како главна светска резервна валута! „Балонот“ пукна кога задолжувањето на САД спрема странство го надмина нивниот БДП! Одлуката на САД за заштеда на 4 бил. долари во наредните десет години означува крај на овој модел и во оваа земја! Во последно време сите држави штедат, само нашиот премиер најавува „силни“ проценти за зголемување на платите на администрацијата и пензиите!? Нека ни е Господ на помош со вакви „економисти“!

Најди! во Утрински
Свет
Дојде ли крај на американската империја?
Кина му одржа лекција на Вашингтон
Северна Кореја - земја што живее во минатото
Лондон во пламен
Војници на сомалиската влада

"""