Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Северна Кореја - земја што живее во минатото

Празни автопати со повеќе ленти од главниот аеродром на градот, сообраќајни полицајци на патишта речиси без автомобили. Оние што патуваат редовно до своите работни места се возат во руинирани, но функционални подземни возови, а портретите на диктаторите татко и син висат над секоја врата од вагоните. Војници изгледаат смалени во своите преголеми шапки и воени униформи. Во градот каде што неисхранетоста, наводно, е искоренета, само малкумина имаат доволно храна, а црните берзи работат подалеку од главните улици. Околу една четвртина од 24-милионското население на Северна Кореја има потреба од помош во храна.

Најдобро нахранети мажи во земјата изгледа се оние што доминираат на нејзиниот физички и психолошки пејзаж: основачот Ким Ил-Сунг и неговиот син Ким Јонг-Ил. Традицијата продолжува, ако фотографиите од внукот и наследник на семејството, дебелиот Ким Јонг-Ун, се некаква индикација. Средбата со култот на Ким кулуминира пред балсамираното тело на „големиот лидер“ во палатата Кумсусан, надуен споменик на неговата митолошка големина.

Со само неколку фабрики, незагадениот воздух над Пјонгјанг е свеж и чист, иако во квечерина и додека електраните се обидуваат да обезбедат доволно електрична енергија за осветлување на улиците, градот добива затворско сива боја. Навечер, бледите светилки од 40 вати ѕиркаат од апартманите. Најсјајно осветлени објекти се портретите на Ким, кои се поставени низ градот и на кулата „Јуче“, споменик на измамничката филозофија на Ким Ил-Сунг за независност.

И покрај стереотипните слики за земјата, која изгледа како да се враќа во историјата, има знаци на напредок. Меѓународни мобилни телефони се конфискувани, додека, пак, се множат мобилните телефони од кинеско производство: повеќе од 535.000 луѓе во Северна Кореја сега ги користат. Технологијата бавно пристигнува, но со неа можеби пристигнува и шансата за поголема слобода. (АП)


#
Статијата е прочитана 841 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 08.08.2011 13:03:11
Uste malku ova ke go pisuva za Makedonija! Cudno e kako moze 2-3 bolni uma da go zavedat cel narod! Ama i do narodot ke da e.

Најди! во Утрински
Свет
Ден Д за економијата на САД
Дојде ли крај на американската империја?
Кина му одржа лекција на Вашингтон
Лондон во пламен
Војници на сомалиската влада

"""