|
|
|
|
|
|
Лондон во пламен
ЛОНДОН – Еден полицаец е хоспитализиран, 25 други се повредени, a 42 лица се уапсени за време на нередите во сиромашната област Тотенхем во Лондон, соопшти вчера полицијата откако демонстрациите против смртта на еден локален жител станаа насилни и беа запалени автомобили и продавници.
Областа во северниот дел на Лондон експлодира во гнев во саботата вечерта по убиството на едно 29-годишно момче од страна на полицијата што се случли во четвртокот. Две партолни возила, една зграда и двокатен автобус беа запалени додека демонстрантите се судрија со припадниците на силите за бебзедност пред полициската станица во Тотенхем, каде што толпата се собираше за да бара „правда“ за Марк Дуган.
Низ градот можеа да се слушнат сирени додека властите упатуваа засилувње до местото на настанот. Излози беа искршени додека жителите ги ограбуваа дуќаните, туркајќи колички полни со украдена стока низ улицата. Полицијата соопшпти дека околу 300 лица учествувале во претходните демонстрации.
Полицискиот командант на Скотланд јард, Стивен Вотсон, вчера го опиша местото на настанот како „вознемирувачки“, но нагласи дека јавната безбедност е „најважна“. Тој уште додаде дека полицијата „е свесна за зголемените тензии, што се разбирливи по трагичната смрт“.
„Она на што бевме сведоци вчера вечер беше мирен протест пред полициската станица во Тотенхем – немаше индикации дека ќе се влоши на овој начин. За оние што се инволвирани во ова ниво на насилство нема да има оправдание“, изјави тој.
Неколку километри од туристичките дестинации во централниот дел на Лондон, Тотенхем е еден од најсиромашните области на Англија. Во 1985 година таму беше сцената на еден од најнасилните безредија во историјата на земјата откако локална жителка претрпе срцев удар кога во нејзиниот дом упадна полицијата. (АП) |
#
|
Статијата е прочитана 1338 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 08.08.2011 00:30:58 |
|
Ovie pocnaa da se zagrevaat. Kako li samo ke izgleda ona glavnoto. Ke pocne sekoj kvart da proglasuva nezavisnost.Edno vreme tamu imase i takvi obidi. |
|
|
|
|
|
|
Од: mima |
Датум: 08.08.2011 08:18:29 |
|
E vaka se protestira protiv vlasta koga policijata e brutalna i ubiva,a ne so pesna i mirno.Zatoa oni si teraat po staro i neznaeme koja ke bide sledna zrtva na policijata.Nemame hrabrost duri ni za protesti kako i vo Grcija,Anglija.....zatoa ke ne java koj kako ke dojde |
|
|
|
|
|
|
Од: seirdzija |
Датум: 08.08.2011 13:35:32 |
|
Kakov James Bond 007,kakvo MI 7,niv pod itno im e potreben MI(7)JALKOV...hehehehh |
|
|
|
|
|
|
|
|