|
|
|
|
|
|
Кина му одржа лекција на Вашингтон
ПЕКИНГ – Кина ги укори САД за нивната „зависност“ од долгови и предупреди на дополнителни превирања на финансиските пазари откако „Стандард енд Пурс“ првпат и го намали ААА кредитниот рејтинг на најголемата економија во светот.
Кина, најголемиот кредитор на САД, соопшти дека има право да бара од државата да ги реши структуралните должнички проблеми и да осигура безбедност на 1,2 билиони долари од американскиот долг кој таа го држи. Уште предупреди дека намалувањето на рејтингот би бил проследен со многу „деструктивни намалувања на кредитниот рејтинг“ и глобални финансиски турбуленции ако САД не успеат да научат да „живеат во рамките на нивните можности“. „Американските власти треба да го прифатат болниот факт дека старите добри денови кога можеа само да зајмуваат за да се извлечат од сопствените проблеми конечно се завршени“, соопшти Кина во коментарот објавен од новинската агенција Ксинхуа.
Долгот на американската влада е камен темелник на светскиот финансиски систем, се држи од голем број на странски кредитори како Кина и Јапонија и се користи како споредна на дневна основа од страна на банките и инвеститорите.
Винс Кејбл, британскиот секретар за економија, изјави дека деградирањето е „во целост предвидлива последица на збрката што Конгресот ја креираше пред неколку недели кога не можеа да се согласат за зголемување на лимитот за задолжување“.
Францоа Баро, францускиот министер за финансии, изјави дека неговата земја има целосна доверба во американската економија, додека пак Индија рече дека „ситуацијата е сериозна“, а Русија наведе дека ќе го задржи нивото на инвестиции во долари во нејзините национални резервни фондови, додавајќи: „Нема голема разлика меѓу рејтингот ААА и АА+“. |
#
|
Статијата е прочитана 1570 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 08.08.2011 09:05:43 |
|
Aman veke, prestanete so toj "bilion". Amerikanski bilion oznacuva nasa milijarda. Taka da 1,2 bilioni dolari ne e nisto nitu za nas, a kamoli za Kina. Vsusnost, se raboti za suma od 1,2 trilioni dolari. Ama, sto ednostavno ne kazete 1,2 iljadi milijardi dolari - za da ve razbere sekoj covek. |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 08.08.2011 10:26:25 |
|
Америте нека се припремаат не за лекции, туку за цели семинари па и школи што ќе им бидат одржани од кинезите! |
|
|
|
|
|
|
Од: преку стојко |
Датум: 08.08.2011 11:01:47 |
|
преку стојко од неписмено стојковци. провери си во речникот колку во македонскиот јазик е билион. неписмена раја. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pero |
Датум: 08.08.2011 11:07:04 |
|
Vistina, nekoj ima problem so brojkite... :) |
|
|
|
|
|
|
|
|