Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Стил

Сурја Намаскар: Поздравот на сонцето

Величествено славење на животот

Љубен Луј Ѓорѓиоски

Нема поголема сила од јогата,нема поголем пријател од знаењето: од Гхеранда Самхита

Јогата може да се практикува на која било возраст од животот и во секое годишно време. Со доаѓањето на топлите месеци и летото, таа добива една сосема поинаква, пред се', поприродна и амбиентална димензија. Конечно, во овие денови пред летото и во текот на неколкуте топли летните месеци, ние можеме својата јога-програма да ја практикуваме надвор, на отворен простор.

Од непресушниот извор на јога-вежби, динамичниот сет телесни вежби познати како Сурја намаскар: Поздравот на сонцето, го претставува личниот и интимен разговор на поединецот со природните витални аспекти на животот. Таа е вистинска благодарност на секој човек посветеник во јогата кон сонцето: дарителот на животот. Од најстари времиња, луѓето биле свесни и знаеле за поврзаноста на животот и сонцето. Мудрите и искусни јогини на Индија, живототворната енергија - праната свесно ја добивале, црпеле директно од природата. Нејзиниот најважен „извор“ бил, е и останува сонцето. Тоа е непресушниот вруток на живототворната енергија - прана, повеќе од четири и пол милијарди години, далеку пред времето на појавата животот и на човекот на Сината планета. Благодарение на јогините денес ја имаме јогата и нејзиниот врвен репрезент: Сурја намаскар - Поздравот на сонцето, како природен и практичен метод за будење на нашата возвишена свест.

Сурја намаскар - Поздравот на сонцето е исклучителна јога-вежба. Таа претставува серија на седум класични јога-асани, сукцесивно мудро вклопени, а некои двапати повторени кои заедно ја оформиле најграндиозната респективна, благодарност на човекот: тоа е почитта и величењето што поединецот го манифестира спрема сонцето како творец, одржувач и сублиматор на животот. Така бесмртниот творец и заштитник на јогата: Шива, му вдахнал неповторлива креативна инспирација на анонимниот творец на Поздравот на сонцето: Сурја намаскар. Непознатиот и скромен јоги ни го подари највозвишениот сегмент на јога асаните, нивниот врвен репрезент Поздравот на сонцето: како природен и, пред се', едноставно практичен метод за будење на нашата возвишена свест. Сурја намаскар - Поздравот на сонцето несомнено денес е една од главните и препразентативни „икони“ на јогата. Таа плени со својата едноставна, мудра и возвишена совршеност.

Поздравот на сонцето: Сурја намаскар претставува серија на јога-асани што лесно се вклопуваат во катадневниот животен ритам на секоја личност. Таа бара минимално време на себепосветеност, а нејзините благотворни резултати може да се почувствуваат многу брзо. Напредокот на јога- практикантите што редовно го вежбаат Поздравот на сонцето: Сурја намаскар се евидентно забележливи. Тоа значи зголемена позитивна енергија за целото тело, негова живототворна виталност и катадневна флексибилност. Поздравот на сонцето: Сурја намаскар дава сила што постојано го дополнува телото со оптимална енергија, негова совршена координација, функционалност и рамнотежа. Јога-аспирантот стекнува смирен, концентриран ум и се исполнува со ведар дух. Ова не е нарцизам или егоизам, туку вистински и еволутивен развој на свеста.

Поздравот на сонцето ќе овозможи најскапоцениот дар на космичката еволуција: човековото битие да биде во можност отворено, сосема природно и лесно да ја впива живототворната енергија - праната директно од Сонцето. Познато е од дамнина, со векови се пренесува, а секојдевно се потврдува: најблагопријатни се сончевите зраци кога сонцето изгрева или кога тоа заоѓа. Во тие раноутрински или предвечерни часови негативноста на сонцето спрема животот на Земјата е сведен на минимум, а неговите позитивни ефекти максимално се нудат. Ние, вежбајќи го Поздравот на сонцето: Сурја намаскар, максимално се отвораме да ја впиеме праната - живототворната енергија што ги опсипува посветеници на сонцето и јога-практикантите со вечна мудрост за здрав, среќен, креативен и, пред се', со хармонично-доблесен живот.

Со Поздравот на сонцето: Сурја намаскар започнува еден сосема нов и, пред се', позитивен период во нашите животи. Тој го облагородува дотогашното монотоно и тревијално секојдневје. Внесува софистицирана спиритуалност во исушеното духовно катадневие на современиот човек. Со тоа животот добива деликатен вкус на спиритуалност што е неопходен за создавање здрава, креативна и продуктивна личност. Сурја намаскар го осветлува патот по кој милениумски чекореле мудреци и јогини: позитивни и духовно доблесни личности во насока кон светлината на сопственото внатрешно сонце. Искусните практиканти на јогата секогаш и секаде се восхитени од оваа вежба. Таа е идеална за почетници и совршена садана за напредни аспиранти. Се вежба од млада возраст, а претставува во исто време вистинска сладост за стари и доблесни практиканти. Аплицирајќи го Поздравот на сонцето во својата катадневна јога-вежба - садхана создаваме врвно искуство во кое се сладат сите наши сетила, ужива умот и се збогатува духот. Ритамот на креативност зачестува, доблесноста и позитивноста од нас протекуваат како непресушен извор, создавајќи вруток на активен и целосно исполнет живот. Со практикување на Поздравот на сонцето: Сурја намаскар создаваме од себе личности богати со здравје, виталност и духовност и создаваме еден богат свет на среќни, креативни и доблесни лица.

Уверете се во сето ова преку непосредно, лично ангажирање. Затоа, драги мои, дозволете си на себеси едно ново животно и, пред се', позитивно искуство. Вежбајте јога и внесете ја Сурја намаскар: ПОЗДРАВОТ НА СОНЦЕТО во вашето секојдневје!


#
Статијата е прочитана 980 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 18.06.2011 10:40:16
Se slozuvam so Joga, oti taa fiskultura gi sreduva telesnite energiji vo balans / ravnoteza. Za zal, dok ke ja ocistim kujnata, i go sprostrem vesot, i ke ja kladam mandjata vo rerna, i ke go sredan stolot za vecera, i ke gi nahranam, kuceto i maceto, i ke se napijam voda, i ke gi zberam rubite od vonka, i ke gi sklopam vo dolapite i ke se istusiram, i ke gi viknam site na vecera, ke si kazam na sebe, eh, utre ke pravam Joga. Togiska ke go naplnam dish wosherot, fala na taa mashina za pomok, i ke me snema do utre. Eh, pak Jovo na novo, a mazite vo Budizam, ke si odat od doma na eden holidej, i ke brkat na nekoe brdo / samit, osvetluvanje na bozjite sili i oprostaj za nijnite greovi, sto ke lazat na mehot se do samitot na svetlosta. Na Jogata i obicaite na vera. A zena mu so familijata i decata i kucinja i macinja i kokoskite, i magarinja, i sto da vi zboruvam, ropstvoto oste ne e izbrisano, a lugeto veruvat vo se nesto, pa i vo Joga. Jo,man, go,go,go,u P.M.

Најди! во Утрински
Стил
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Еднојадрена верзија на Optimus
Како мафијашите даваат ветувања
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак

"""