Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Стил

Технологија

Еднојадрена верзија на Optimus

Optimus Black поседува 1-гигахерцен ARM Cortex A8 процесор и благодарение на тоа, перформансите на телефонот се солидни, дури и кога се извршуваат задачите како што се зумирање и поместување на веб-страниците со многу објекти направени во флеш, како и репродуцирање на Full HD видеозаписи

Никола Бурагев

РЕЦЕНЗИЈА - LG Optimus Black P970

За LG може да се рече дека малку доцнеше со вклучувањето во сериозна трка на пазарот на модерните смартфони, но според последните модели што ги претставува може да се заклучи дека јужнокрејскиот производител, сепак, го фати чекорот со конкуренцијата. Моделот што пристигна во нашето поднебје е Optimus Black P970, кој слободно може да се нарече Optimus 2X со еднојадрен процесор. Од најпопуларниот и можеби најсилен адут на LG, Optimus 2X се разликува по тоа што не поседува дуал-кор процесор и Tegra 2 чипсет, но, од друга страна, е потенок и полесен и има подобар екран.

Optimus Black поседува 1-гигахерцен ARM Cortex A8 процесор и благодарение на тоа, перформансите на телефонот се солидни, дури и кога се извршуваат задачите како зумирање и поместување на веб-страниците со многу објекти направени во флеш, како и репродуцирање на Full HD видеозаписи. Телефонот доаѓа со 4-инчен капацитетивен IPS LCD екран со резолуција 800х480 пиксели и, како што соопшти компанијата, нова технологија на дисплејот наречена NOVA. Поседува 512 мегабајти РАМ, 2 гигабајти интерна меморија, а работи на 2.2 верзијата на Android наречена Froyo.

Средна класа

Со цената и изведбата, LG, сепак, Optimus Black не го позиционираше меѓу најпрестижните модели, туку приближно меѓу средната класа смартфони, што со оглед на тоа дека уредот навистина нуди се' што може да се очекува од современ топ-телефон, навистина ќе наиде на добра реакција на пазарот. Самиот апарат, иако е целосно црн, нема некој посебно модерен дизајн, и со оглед на тоа дека е многу тенок 9,2 милиметри и тежок само 109 грама и изработен од пластика, во рака изгледа како евтина играчка.

Наместо физички, Optimus Black има четири капацитативни копчиња, вообичаени за уредите со 2.2 верзијата на Андроид, сместени веднаш под екранот. Овие копчиња се респонсивни и многу згодни за употреба. Истото тоа важи и за контролата за звук на левата страна и копчето за вклучување/искулчување на врвот каде што се наоѓа и стандардниот аудиовлез.

G-копчето е дополнителен начин за навигација низ телефонот и галеријата со држење на копчето додека го затресувате телефонот во посакуваната насока, а освен тоа, можете да лизгате и зумирате со неговото притискање. Ова се должи на многу иновативниот сензор на движење што региститра 9 оски, кој LG го нарекува G-sensor.

Интерфејс и функционалност

LG Optimus Black работи со Android 2.2 Froyo и има 1GHz TI OMAP 3630 мобилен чипсет, кој, исто така, можете да го пронајдете во најновите модели на Motorola DROID, а издржливоста на батеријата е помеѓу најдобрите на пазарот. Капацитетот од 1.500 mAh е доволен да можеме да го користите уредот цели три дена помеѓу две полнења.

Чипсетот го напојува таканаречениот Optimus UI интерфејс, кој е најновиот труд на LG за посебен скин на Android. Има неколку почетни екрани што можете да ги наполните со виџети и јазиче на дното на екранот каде што можете ќе ги пронајдете најкористените апликации. Тука е и згодниот App Advisor кој на доста прегледен начин не води низ Андроид-маркетот на апликации, но она што посебно ни се допадна е можноста за управување со одредени функции на телефонот со гестови. Така, на пример, фотографиите можете да ги листате со „тапкање“ по бочната страна на телефонот, а со истите гестови е можно да се поместува курсорот во текот на пишувањето на текстот, буква по буква. Наглото движење на телефонот со екранот надолу ја активира паузата во плеерот и така натаму.

Тоа што апаратот има 2GB ROM е малку разорачувачки, но флеш-модулите отсекогаш биле едни од најскапите делови кај мобилниот производител. Предност е што ова ја намалува цената, а секогаш можете да си ја зголемите меморијата со microSD картичка.

Што се однесува до конективноста, LG Optimus Black е добро опремен - 3G, Wi-Fi, Bluetooth, A-GPS и DLNA, но му недостасува FM радио. Исто така, содржи и Wi-Fi Direct, кој работи така што може да контактира со други Wi-Fi Direct апарати и да разменува податоци, без потребата од Wi-Fi мрежа. Ова, најверојатно, ќе ја замени Bluetooth-технологијата во иднина. Засега, LG Optimus Black е единствениот телефон што содржи Wi-Fi Direct.

Камера и видео снимање

Нема нешто посебно во однос на интерфејсот на камерата, затоа што е идентичен како кај LG Optimus 2X, односно содржи доста нагодување на сцени, пресети и разни ефекти. Фотографиите се малку меки, со одреден шум, но репрезентацијата на бојата и контрастот се доста прецизни. Што се однесува до гледање на видеа, чипсетот на телефонот е способен да прикаже HD 720p video. Нема поддршка за DivX/Xvid веднаш по набавка, но ова лесно можете да го решите со преземање на вашиот омилен прелистувач од Android пазарот. А самата камера може да снима HD 720p видеа со 30 слики во секунда.

LG Optimus Black P970

Модел на тест од

LG Electronics, www.lg.com

Процесор

1 GHz Cortex-A8

Меморија за податоци

2 GB, microSD до 32 GB

Екран

4 инчи, 800х480 пиксели

Камера

пет мегапиксели, 720p видео снимање

3G/Wi-Fi/Bluetooth/USB

да/да/да/да

Димензии и маса

122 x 64 x 9.2 мм, 109 грама

Оперативен систем

Android 2.2 (Froyo)

 

„Нокија“ и „Епл“ потпишаа патентен договор

По 20-месечниот спор околу правата за патенти, „Нокија“ и „Епл“ постигнаа договор, со кој „Епл“ еднократно треба да и' плати на „Нокија“ за да продолжи да ги користи патентираните технологии, пренесува Би-БиСи.

Во 2009, „Нокија“ гo тужеше „Епл“ за кршење патенти, меѓу кои интерфејсот на допир, идетификација на повик, заднинско осветлување, 3-G и безжична технологија. Во меѓувреме, „Епл“ возврати со противтужба, обвинувајќи ја „Нокија“ за кршење на нивните патенти.

Со овој договор, не само што „Нокија“ извојува победа, го збогати портфолиото на патенти туку и се очекува „Епл“ да и' исплати одредена сума за користење на правото на патент и понатаму. Иако сумата не е откриена, Си-Ен-Ен објавува дека ова ќе ги зголеми приходите на „Нокија“’ за четвртина.

Стефан Елоп, претседател на „Нокија“, изјави: „Многу сме задоволни зашто ’Епл‘ се придружи кон растечкиот број корисници на патенти на ’Нокија‘“. Официјалната изјава на „Епл“ по договорот беше: „Двете фирми се договорија да ги отфрлат судските парници и да влезат во постапката на заемно признавање на патентите на двете компании, но не и на повеќето иновации што го прават iPhone-от уникатен.

По оваа разврска на можеби најголемата судска парница во светот на технологијата, двете компании сега ќе можат повторно да се фокусираат на бизнисот.

„Гугл“ најави подобрувања во пребарувањето

„Гугл“ најави низа подобрувања врзани за своите пребарувачки услуги за мобилните уреди и класичните компјутери. На собирот наречен Inside Search, акцентот беше ставен на мобилното пребарување. „Гугл“ објави дека пребарувањето преку компјутерите паѓа во текот на викендите, додека истовремено се зголемува бројот на пребарувањата по пат на мобилните уреди. Исто така, беше нагласено дека кај мобилните пребарувања нема пад во текот на летото или празниците, како што е тоа случај кај компјутерите.

За да го задржи растот на мобилните пребарувања, „Гугл“ најави неколку подобрувања, вклучувајќи го новиот збир на икони на мобилните страници за пребарување, кои им овозможуваат на корисниците брзо пребарување на локалните содржини, вклучувајќи ресторани, знаменитости и бензински пумпи. „Гугл“, исто така, додаде „плус“ икона за сугестии што се појавуваат како се впишува поимот што го бараме. Оваа икона овозможува испис на дополнителните сугестии со предложениот поим.

Освен подобрувањата првенствено наменети за корисниците на мобилните телефони, „Гугл“ претстави и нов пребарувачки интерфејс за таблети, кој обезбедува подобро искористување на поголемите екрани на овие уреди.

Најавени се и подобрувања врзани со пребарувањата кај класичните компјутери. „Гугл“ најави како некои од функциите достапни на мобилните пребарувачи сака да ги направи достапни и за десктоп-компјутерите. Најпрвин беше најавено дека корисниците во рамките на веб-прегледникот Chrome наскоро ќе можат видат икона на микрофон на страницата за пребарување, која ќе им овозможи поставување гласовни пребарувања.

„Гугл“ ја најави и новата функција наречена „Search by Image“, која овозможува барање на резултатите на темел на сликата. Корисниците можат само да ја „повлечат и испуштат“ фотографијата на полето за пребарување, или да ја копираат, залепат или да ја вчитаат за да ги добијат резултатите од пребарувањето врзани за таа фотографија.


#
Статијата е прочитана 871 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Стил
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Величествено славење на животот
Како мафијашите даваат ветувања
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак

"""