Кубанскиот ресторан е најдобар угостителски објект
Кубанскиот ресторан „Лабодегита Дел Медио“ на кејот „13 Ноември“, е прогласен за најдобар ресторан и е добитник на првата награда на годинешната манифестација „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2008“, што ја организираше Градот Скопје и агенцијата СВОТ. На второ место е ресторанот „Момир“, а ресторанот „Национал“ ја доби третата награда. Во категоријата гостилници, првонаградена е гостилницата „Ив“, а втората и третата награда ги добија „Биос“ и „Дојрана“. На добитниците на наградите градоначалникот Трифун Костовски им додели плакети и им посака успешна работа и уште подобар квалитет на услугата.
Угостителските објекти беа рангирани според квалитетот на храната, услугата кон гостите и хигиената во објектите. (Сн.К.) |