Советот на Скопје се поднови со лаптоп-компјутери
Сите 45 члена на Советот на Скопје од вчера се опремени со нови лаптоп-компјутери ДЕЛ, во рамките на проектот за е-Совет. Од следните седници материјалите ќе ги добиваат на и-мејл, или на ЦД, со што постепено ќе се укине практиката на печатени материјали. Со тоа, истакнуваат во Советот, ќе се заштеди многу, а, од друга страна, ќе се добие брзина и ефикасност. За набавката на 60 лаптоп-компјутери, од кои 15 ќе користи градската администрација, Градот потрошил 2,8 милиони денари. Во тие средства се пресметани и две безжични мрежи и обука за советниците за користење на компјутерите. (С.Н.)
|