Број 3050  петок, 31 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Очи ширум отворени

Власт блиска до народот

Гордан Георгиев

Како е можно една Влада блиска до народот да се плаши од истиот тој народ и да бега од соочување со разномислечките луѓе, макар тие биле и „неспособните транзициони комуњари“

Се сеќавате ли на последниот пат кога премиерот на Република Македонија се соочи на јавна телевизиска дебата со лидерот на опозицијата? Трик прашање. Такво нешто не се случило од 2006 година до сега! Цели три години Никола Груевски не излегол на мегдан за да проговори за состојбите во државата, а притоа да се соочи со неистомисленик. Ме разбирате, од естетски причини не ги спомнувам патетичните гостувања кај Миленко, Латас или во „Јади бурек“, кога на сите нам ни се блуеше од раскошниот арсенал од аргументи што премиерот и' ги нудеше на јавноста, притоа вешто одбегнувајќи ги или храбро соочувајќи се со „тешките провокативни прашања“ на соговорниците. Тоа важи и за врвните функционери во државава, министрите, кои никако не успеваат да излезат на соочување со претставници на опозицијата и да дискутираат за горливите прашања во државата. Добро, до пред некоја седмица сите тие велеа дека Македонија ниже успеси и оти „најлошото помина“ (цитат Ставрески). Дека нема потреба да се дебатира кога се' е в ред и државата постојано се искачува на меѓународните рејтинг-листи. Сега, денес, гледаме дека не е така. Македонија се соочува со тешки предизвици. Сите оние меѓународни индикатори, кои беа повод за отворени седници на Владата ("Министре, не за три месеци, за месец ипол има да ја завршиш работата. Нема ама...“), сликање пред камери и мавтање со „Преродбата“, сега веќе ги нема. Само да потсетам: Република Македонија во континуитет вртоглаво паѓа на сите меѓународни мерења: пад на рејтингот на „Стандард и Пурс“ и „Фич“ (најрелевантните организации за економски рејтинг на државите), влошени демократски индикатори кај „Фридом хаус“ и „Херитејџ“ (да не заборавиме, конзервативната фондација „Херитејџ“ беше еден од моделите на оваа Влада за водење конзервативна политика). Конечно, три години по ред Европската комисија не ни дава датум за преговори поради незавршените реф��рми. Ни остана само фантомскиот рејтинг на „Гугл“, за кој да потсетам, Владата и премиерот не излегоа на прес и не дадоа отчет пред граѓаните. Сфатија, смешно ќе биде, ќе пукнеше брука.

Се прашувам, како е можно една Влада блиска до народот да се плаши од истиот тој народ и да бега од соочување со разномислечките луѓе, макар тие биле и "неспособните транзициски комуњари"? А истовремено, истата таа власт да ги повикува истите тие „комуњари“ да бидат конструктивни и да шират единство.

Се плашат, бидејќи и самата нивна матрица на владеење во крајна линија се заснова на страв. Прво, страв од соочување со аргументи, макар тие доаѓале од добронамерни луѓе, а потоа сеење страв кај сите останати, без исклучок.

Се сеќавам, со каква жестина настапи премиерот во првите неколку месеци од „Преродбата“. Тој постојано беше во контакт со интелектуалците, експертите, универзитетските професори. Консултираше и делегираше задачи и проекти на широк слој од експертската јавност. Ги ставаше во игра. Сега се' е јасно. Стануваше збор за купување време, „купување“ луѓе и купување души со една крајна цел: легитимација на недемократскиот поредок кој катадневно ни избива пред очи, на телевизија, во нашите домови. А, тоа е поредокот кој нема друго име освен страв. Држи ги јако, не им давај да мрднат, клукај ги со идентични реченици што секој од нас ќе ги повторува како шаманска мантра, се' дури не ги обезличиш луѓето до граница на непрепознатливост. Токму затоа моментно единствен човек во кој се сосредоточуваат целата слава, знаење, мудрост, власт се вика Никола Груевски. Но, Груевски во вителот на славата и власта заборави една работа: дека таа носи одговорност!



Во оваа прилика би сакал искрено да го поздравам вртоглавото паѓање на рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при последната анкета на ИРИ. Велам искрено, бидејќи убеден сум дека цврстата рака на режимот и неговиот скап и моќен пропаганден воз (платен од народот и со парите на народот!) попушта пред лицето на неговата највредна алатка: анкетите и личната возљубеност на и кон премиерот. Тоа покажува дека обландата што ни се сервираше изминативе три години, а што ја стави државата и нејзините граѓани на ветромет, изложени на тешки ризици од сите страни, полека почнува да ја добива својата вистинска физиономија: дека нам постојано ни се сервира лажна стварност. Внимавајте, првпат во историјата на „Преродбата“ неговиот личен рејтинг е помал од тој на неговата ударничка партија, а тоа е недозволиво за една партија што целосно се темели на ликот и на делото на лидерот. Анализите допрва следат и чувствувам дека некој таму ќе треба да дава отчет за сработеното.

Затоа, бидејќи ја сакаме оваа држава, и бидејќи и' мислиме се' најдобро, СДСМ, без никаков комплекс или задршка, одлучи максимално да ја поддржи оваа Влада во напорите да ги поминеме заеднички клучните закони до септември и да се надеваме на позитивен исход во октомврискиот извештај на ЕК. Најпатриотски и најчесно се ставаме на услуга на Владата да бидеме кооперативни по ова прашање. Бидејќи тоа не е агенда само на СДСМ, туку на сите граѓани на оваа држава. Но, кооперативноста на опозицијата не треба да ја лаже власта дека може да и' помине апелот за единство по сите прашања во државата. Не, ние ќе бидеме отворени за соработка за сите прашања што се важни за сите нас, но жестоко ќе ве растуриме за останатите политики што ја доведуваат оваа држава на работ на неодржливост. Бидејќи не можам да си дозволам, ниту како граѓанин, уште помалку како претставник на опозицијата, нашата мила, пријателска и добронамерна Македонија да претставува трн во окото на меѓународната заедница, да ни се потсмеваат на меѓународните форуми, да висиме по ходниците на бундестаговите, а секоја посета на странски државник да ја дочекуваме со страв и трепет дека "еве, повторно странциве ќе не' пеглаат ".



Во меѓувреме, поздрав до сите душегрижници, од аналитичарите блиски до „власта блиска на народот“ до партиските раководства: СДСМ интензивно ја подготвува својата програма. Бидејќи постојано велите дека во една демократска држава не можело јавно да се дебатира ако едниот имал, а другиот немал програма, ќе ви го дадеме и тоа задоволство, на наше задоволство, а веруваме и на задоволство на сите граѓани. А , ние постојано ќе ве повикуваме на јавни дебати, секој ден ако треба. На народот веќе му здодеа редовно да гледа празни столчиња во телевизиските студија. Поздрав до следното алиби на власта, блиска до народот!

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 2002 пати.

Испрати коментар

Од: gragjanin
Датум: 31.07.2009 00:22:39
Da se simne Kurto, da me javne Murto ...
Од: AMET
Датум: 31.07.2009 01:07:33
bla bla bla ,VIE I NAROD kako fiko i mersedes.
Од: Angel
Датум: 31.07.2009 01:24:11
Latas, Milenko i Janko mu se nivoto na premierot. Sto ima so drugi da debatira koga se dalehu nad nego.Of mori majko da bese cunami ke pominese, ama ova trae...eeee!
Од: roza
Датум: 31.07.2009 01:25:07
BLA>BLA>BLA Vikat holandzani na ovaa,i vas ve slusavme so godini ,vie ste edna najkobna organizacija i tolku negativna, Ne go lazete narodot i ubeduvajte na ovoj nacin ,nego i najposle se setivte deka nemoze veke taka morate da sorabotuvate zaedno ako ne nema makedonija .Dajte im sansa na drugite,daj te mu sansa na narodot samo so pozitivna energija i doverba(vera)mozete da uspeete i da bidete zaedno jaki,Jas ne sum politicki opredelena nit sum glasalea vo makedonija,no ovaa ne go veruva ni dete od 6 godini ,Morate da ja promenite vasata strategija i rabota pozdrav
Од: agi
Датум: 31.07.2009 02:10:40
ajde dojdete dosta e so segasnive ne stavija vo super kor sokak ili nivnoto sekojdnevie pu,pu,pu, nevazi te.kako se raspolozeni
Од: Red Rose: Ochi shiroko zatvoreni
Датум: 31.07.2009 02:47:18
NA NARODOT! Istiot onoj, zaslepen od reklami i EPP velichenja na Pastirot,narod.Pred chii ochi maftanjeto so" Prerodbata vo 100 chekori "go ostavi vo sostojba na postojana nadezh deka podobroto utre e samo so niv i samo shto ne doshlo.Ama,dojde vreme i nade4zhta posledna da ispushti dusha.Pred se poochiglednitelagi i prazni falbi na najnedomakjinskata Vlada dodega,chii nezasitni apetiti za troshenje go dovedoa budzetot i drzhavata do bankrot.Mozhebi sega od septemvri vistinskoto lice na troshadziite-kleptomani kje pridonese ochite na NARODOT da se podotvorat i stanat shiroko otvoreni.Posle toa kje se vidi vistinskiot lik na dikatorskiot ,nenaroden rezhim,koj vo ime na istiot toj narod so izmami i potkupuvanja saka vechno da vladee.Dzabe se puvaat so programata so chija pomosh ja iskubaa Makedonija do gola kozha.I taa im e samo alibi za formalno-pravno pokritie na krazhbite koi nemilosrdno gi pravat.Toa im e osnovnata programa.Se drugo e samo obichna farsa i rezhija na PR-te im.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 31.07.2009 06:34:09
Na Zapad e sramota vaka opozicija da traska gluposti i da se zanesuva. Treba samo vizii, makotrpna rabota i iskrenost da poseduvaat. So star despot ( Brane) za predsedatel, Gruevski (kakov, takov) ce bide vecen. SDSM ce trgne nekako od minus pozicija, ako go trgnat Brane i javno go osudat za site mucki i mahinacii i sto so privatizacijata unisti 90% vo siromastija, 7-8% nenormalno zbogateni edinki i drugoto simpatizeri na SDSM, medju koi i na slikata gorenavedeniot potpredsedatel.
Од: Игорче, Битола
Датум: 31.07.2009 07:21:42
Со враќањето на власт на СДСМ воопшто не треба да се грижиме за својата иднина, затоа што токму Гордан и неговиот ПАПА (Б.Ц.) повторно ќе вработат по еден од секое семејство (нешто сл. на 15-ти септември), дека повторно 14 год. ке ги печатат пасошите (повод за визна либерализација), дека повторно битолчани можат да очекуваат уште по некоја пипка на октоподот од ТАТ, дека повторно привремено ќе ни го променуваат името, дека повторно ќе помилуваат осуденици од типот на Заев, Верушевски и уште кој не. Дека повторно ќе ни направат Бачило (секој ќе ја стриже овцата), дека повторно ќе ги праќаат своите шофери по пури во Куба. Да не бериме гајле, сето ова ќе ни оствари Б.Ц. во својата програма која ја подготвува. И премногу Ви е рејтинг од 7,5 проценти. Штета што вака “добри“ идеи уште долго, долги нема да се реализираат, останувајќи во длабока опозиција.
Од: GOGO
Датум: 31.07.2009 07:59:33
Za kakov megdan zboruvate premijert nee vo sostojba da sostavi tri zbora, nego go podrzuvaat poltroni za troska leb i nepismenata dijaspora.
Од: Alek
Датум: 31.07.2009 08:56:54
Платеници на власта, се искажавте ли сите? Ај сега оставете ги луѓето нека понудат тоа што подготвуваат, а ако не ви се допадне, не ги гласајте. Барем во нивно време не се ограничуваа човековите права и слободи на секој чекор и не ни кажуваше никој како да живееме и мислиме (освен ограничување на работата на угостителските објекти и објектите за исхрана од страна на министерот Хари Потер, со што замре животот по 24 часот).
Од: Бобан
Датум: 31.07.2009 09:10:05
Јас би сакал да живеам во обединета...не не демократска држава, макар и економска, не не владата ни беше економска...поздрав до Гордан, останува да се види дали вистината ќе победи во нашата држава
Од: andrej
Датум: 31.07.2009 09:33:26
Bravo Gordan, mnogu rabota ke traba i mnogu govori, kolumni, kilometri i vreme da se simne ovaa fasizoidna vlast!!Izdrzete!
Од: Neopredelen
Датум: 31.07.2009 09:55:18
Slaba kolumna (2+) !!
Од: дими61
Датум: 31.07.2009 10:29:57
Ма каков дуел.Со кој капацитет располага Груевски го видовме.Тој не може да испадне ни пред еден новинар ако не му ги дадат прашањата однапред .Он има капацитет само пред Миленко.
Од: Струга
Датум: 31.07.2009 10:46:16
Не ми е мака што се осмелува некој од СДСМ да кажува после се што и направија на Македонија. Ми е мака Груевски што не разбира дека се повеќе ќе има прилика да Ве слуша ако не му дојде акалот. Претседателе, имаш маса на инетелектуалци и способни професионалци симпатизери или членови на ВМРО ДПМНЕ, колку време треба да помине за да ги ангажираш најдобрите. Со вакви какви што си избрал најдоцна до 15-ти септември ќе стигнеш, па после Бранко ќе ти биде крив. Ако се врати Бранко те уверувам дека ти ќе бидеш виновен за сите злодела што ќе ги направи во наредниве десет години. Свести се Претседателе.
Од: gotti
Датум: 31.07.2009 11:09:50
GOGO-izgleda ti momche blikash od inteligencija.Gordane-fakt e deka politicharite ne dovedovte do ova deredze,site bez ogled na partiska pripadnost.
Од: terezija
Датум: 31.07.2009 11:35:51
Nema kraj na AGONIJATA...Beshe prvo SDSM-vlast na AROGANCIJA(shminkeri i fasaderi) koi "veshto"izvedoa kriminalna PRIVATIZACIJA -najg.zasluga za FYROM."Spasiteli"od niv treb.da bidat DPMNE(ne meshajte gi so VMRO;kolku shto Versache(vistinsk.)ima dopirna tochka so Versache -vnukot na A.Bajram)-vlast na NEZNAENJE i amaterizam(samobendisani Vojvodi i Pastiri)promovirajki ja edinstv.KANIBALSKA vlada na ovie prostori-najg.nivna zasl."sozdav."na NOVA PALESTINA na Balkanot t.e. Narod bez drzava i identitet.Air ne vidovme niti od ednite nitipak od drugite!Sepak ,sekogash ima i POSTRASHNO:momentalno fatalna figura za nacionalna propast,e doZIVOTNO nasila nametnat.Poglav.na MPC,G-din (i toa X2)Stefan-rasvkolnik so kriminalno dosie i sijaset dr.grevovi,koj ne se ni trudi da ja prikrie B'lgarskata opredelba i predavnichkoto"pripojuvanje".Majstor Ljubcho-zapochna,kalfa Grujo-prodolzi a MANTIJATA(chit.Mafija)so chesni iskluchoci ke NE' dokrajchi stvarajki novi "netrpelivosti"na Verska i Nacionalist
Од: izgrev
Датум: 31.07.2009 14:53:13
Gordane, Gordane, zal mi e tolku mladi deca ste a tolku polni so omraza. Dajte podsmirete ja topkata malku eden narod sme,Bez razlika na koja partija pripagjate, imajte barem malku respekt prema drugite, toa ke ve pravi pogolemi.
Од: skarlet
Датум: 31.07.2009 15:41:14
Bravo! Vaka treba da gi "peglate" kralot na populistite i negovata tajfa. Samo malku poenergicno da gi demaskirate na ekonomski plan za narodot da sfati deka stvarno nisto ne pravat na toj plan, ke ja bankrotiraat drzavava
Од: nacional-patriot
Датум: 31.07.2009 16:18:25
a pa jas iskreno go pozdravuvam rejtingot na VMRO-DPMNE 3:1 protiv SDSM.
Од: nikolovski donco
Датум: 31.07.2009 19:04:22
pocituvan g.georgiev vo vasata kolumna barate da so soocite so vlasta,mislam deka nema potreba od toa ,terba samo da soocite so narodot i nemu da mu gi objasnite vasite stavovi i vizii za makedonija,moe mislenje za sostojbite vo nasata zemja e daka kako narod go cekame GODO

Најди! во Утрински
Насловна
Пишман одлука
Кризата удри и по македонските банки
Скутерџиите непожелни во Охридско Езеро
Кој ги пишува анонимките до УЕФА?
Колку се богати градоначалниците
Миленко го собори Дарвин
Кој стои зад гафот на Иванов
Криминал со дрва
И Министерството за култура, ако треба, ќе штеди
Од август парното поскапува од 8 до 17 проценти