Број 3050  петок, 31 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Си велам...

Миленко го собори Дарвин

Ерол Ризаов

Денес е многу полесно човек да стане мајмун отколку обратно

Миленко Неделковски, заедно со едно попче на Канал 5, ја собори теоријата за еволуцијата на човекот и живиот свет на Дарвин. Беше тоа незаборавно доживување и голем светски прилог на македонската научна мисла. Силен надомест што Охридско Eзеро не влезе во светските чуда. Охрид не влезе, ама Миленко влезе. Вакво шарлатанство далеку под нивото и на секогаш интересниот и возбудлив Деникен не би било вредно за внимание ако Македонија навистина не загазува се' подлабоко во провинционализам и примитивизам кој се граничи со безумие и, што е најзагрижувачки, е под закрила на власта и на црквата.

Приказната е трагикомична. Во спокоен и идиличен манастирски амбиент, Миленко, една од новите македонски ТВ-ѕвезди за планетарни будалштини, онака кул, олабавено, како типичен какаван кој веќе соборил успешно неколку светски научни заблуди, како онаа дека секое тело потопено во вода истиснува онолку вода колку што тежи телото, Миленко наш потопен во вода не истиснува ништо, иако многу тежи, и едно духовно лице си прикажуваа три-четири часа дека Дарвиновата теорија за еволуцијата е комунистичка измислица и голема светска измама. Најсилен доказ на нашите главни јунаци беше, ако Дарвин тврди дека од мајмун станал човек, зошто тоа сега не го направат научниците. На пример, да земат едно шимпанзо и да го еволуираат во денешен човек. Па сите тоа да го видиме и да се увериме. Што да ви кажам, парада на бисери на глупоста кои стасаа до правот, амебите, парамециумите... Една од најинтелигентните тези на наш Миленко беше дека и на Марс има вода, ама нема живот. Зошто само на планетата Земја има живот, се прашува мудриот Миленко и поентира со одговорот: затоа што Господ го создал животот само на Земјата, а теориите за еволуции се заговор на безбожниците. Попчето беше повоздржано, но одлично ги искористи неукоста и бездарноста на Миленко кога овој се исчудуваше како тоа сега никој не може од мајмун да направи човек. Се разбира, еволуцијата која трае со милиони години, научните истражувања и стотиците универзитетски центри кои работат со високи научни дострели за овие двајца дибеци не значат ништо. Всушност, тие се типичен доказ дека еволуцијата во обратна насока е многу побрза. На пример, од неандерталец до хомо сапиенс биле потребни милиони години. А од човек да стане мајмун, доволно е времето од една телевизиска емисија.


Зошто да дебатираме за рецесија, за името и за ММФ кога е подобро да го срушиме Дарвин, да го викнеме Александар Македонски на помош, кој веќе има роднини во Скопје

Во овие три години се изнагледавме еволутивни процеси во Македонија во спротивна насока, односно како нормални луѓе влегуваат во некаков времеплов и за ден-два гледаме во живо будалетинки кои по природен еволутивен пат е невозможно да се создадат. Па како поинаку да се протолкува дека преку националната телевизија МРТВ се емитуваа филмови, божем документарни, кои докажуваат дека првите луѓе биле македоноиди од кои настанал првиот бел човек. Потоа се појави современ наш човек Македонец, научник, кој тврди дека првиот јазик во светот, протојазик, татко на сите јазици, е македонскиот и дека индоевропската група јазици, како и сите други е измислица и голема научна заблуда. И словенските јазици, се разбира, како и сите други настанале од македонскиот протојазик. Затоа, ете, биле слични македонскиот и словенските јазици. Потоа откривме нови македонски цивилизации и писмо од пред шеесет илјади години, откривме свирче старо пет илјади години, па откривме дека Дедал и Икар биле Македонци, па откривме дека Филип и Александар се наши предци, па откривме дека Адам и Ева се Македонци и се така со ред до Дарвиновата теорија која, ете, наш Миленко ја растури на парчиња.

По некаква случајност, додека Миленко и попчето прикажуваа зошто денес може да се направи од мајмун човек, на првиот канал на Хрватската телевизија одеше научна емисија за еволуцијата на човештвото и живиот свет. Се изредија десетици доктори на науки кои на популарен јазик и со толкување на досегашните пронајдоци во разни периоди, особено за развојот на човечкиот мозок, го објаснуваа епохалното значење на Дарвиновата теорија на еволуцијата. Да се соборува Дарвиновата теорија е шарлатанство рамно на тоа да се соборуваат Ајнштајн и неговата теорија за релативитетот или, пак, да се оспори Питагоровата теорема, ако сакате посликовито, соборувањето на Дарвиновата теорија во телевизиска емисија со Миленко е исто како да тврдите дека Земјата не е тркалезна и не се врти околу Сонцето. Навистина, Црквата едно време ги гореше на клада луѓето кои го тврдат тоа, ама со време ја увиде големата заблуда, па му се извини на човештвото. И нашата ортодоксна црква која е најмалку реформирана ги почитува науката и научните достигнувања. Но, ете, во Македонија црковните великодостоинственици ја прифатија примамливата мамка да ги негираат Дарвин и теоријата на еволуцијата. Дури и крајната десница во развиениот свет и католичката црква бегаат од оваа замка, но нашата преселба во славното минато каде што имаме досега невидена мешавина на паганство и христијанство не' направи заробеници на тотален анахронизам напуштен уште во доцниот среден век. Дури ни на екстремните Срби кои се прогласија за небесен народ не им текна византискиот император Константин роден во Наисус (Ниш) да го прогласат за Србин. Арапите не се ни обидуваат да се прогласат за наследници на старите Египќани, иако се гордеат со пирамидите и профитираат од нив. Ни Италијанците не се воодушевуваат од своите националисти за да бидат внучиња на Цезар и Помпеј.

Ова се навистина одлични теми за овие летни горештини кога земјата влегува во длабока рецесија која мораше конечно да ја признаат и Груевски и Ставрески. Се разбира, со мала исправка дека рецесијата е поголема кај другите. Таму повеќе паѓало оти има што да падне, а кај нас помалку паѓало оти нема што да падне. Брилијантен е примерот на власта во споредбата на Македонија со Исланд. Во оваа земја националниот доход по глава на жител паднал од 40 илјади на 25 илјади долари. Замислете. А кај нас никој не знае колку е сега националниот доход по глава на човек. Кога од 5 илјади ќе падне на 3 илјади, било помалку од Исланд, кој банкротирал. Види богати каква генијална поента. Кога од малку ќе падне на ништо, според Ставрески, тоа е подносливо. Овие научни теории се извонредни кога треба да се гради стратегија како да го смениме уставното име на државата, да ги обновиме преговорите со ММФ и да ги исполниме барањата на Брисел. Зошто сега би дебатирале околу тоа кога многу е поинтересно како се прави од човек мајмун отколку обратно. Зошто да дебатираме за рецесија, за името и за ММФ кога е подобро да го срушиме Дарвин, да го викнеме Александар Македонски на помош, кој веќе има роднини во Скопје. Сето тоа ќе се докаже само за неколку месеци кога со целиот свој сјај ќе излезат на виделина спомениците на Градскиот плоштад, кога ќе почнат да рикаат лавовите пред мостот Гоце Делчев, новите згради на стариот театар, музеите на восочни фигури, на жртвите од комунизмот, новата арена „Филип Втори“. Сето тоа ќе биде најграндиозниот споменик на македонскиот примитивизам во првата декада од 21 век. Единствена утеха е дека, сепак, науката ќе победи, како и секогаш, но оваа генерација на македонски властодршци тоа најскапо ќе го плати од сите досега познати забегувања во антиката во светот.

Уште неколку децении сиромаштија е цената на македонската антиквизација што ќе мора да ја платиме сите. Толку чинат два-три мандати на оваа власт.


#
Статијата е прочитана 5304 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 31.07.2009 00:19:53
Teorijata na relativitetot e izmislica na komunjarite. Mao Ce Tung rekol: "Kako i da se svrtis, gazot ti e od pozadi".
Од: ја
Датум: 31.07.2009 00:39:04
Така е кога народецот им верува на епп владата на чело со мистер рејтинг и неговите продолжени говорници од типот на јади бурек,бумбари,латаси и луди Миленко.Тие ги исполнуваат условите Тврд,туп, глуп упорен а кои се критериуми за прием во полицајци(ама има и деликвенти меѓу набројаниве на кои сдсм им е крив што кога правеле криминали ги уапсила па сега ќе галамат).
Од: boban
Датум: 31.07.2009 01:03:56
koga ne go pocituvash mislenjeto na kolegata, togash netreba i tvoeto mislenje da se pocituva .NO NE SI TI KRIV ,TAKA TE UCEA ,ti si losha istorija na novinarstvoto vo MKD .moze i kolegata tvoj ne e nesto posebno ,ama ti go shies.
Од: Se nadmina samio sebe
Датум: 31.07.2009 01:05:33
Milenko i dosega bese n3edostizen vo tresenje na "zeleni" imbecilno- nalunicavi teorii od razni oblati na naukata i istoriujata, no navistina vo ovaa emisija, se nadmina i samiot sebesi. So takvo rafalno tresenje na shizofrenoidni obmisli i idei za taka kratko vreme navistina ne moze da se pofali ni dusevna bolnica Bardovci. Prosto covek da ostani zacuden i da ne mu se veruva na sto se gluposti moze da se treskaat na Tv
Од: Ljubotan
Датум: 31.07.2009 01:17:06
Popceto,Milenko,nitu Erol ;Ne se kompetentni,da komentarisuvaat edna vakvaa tema,sto e povisoka nivnata intelektualna,a da ne kazam naucna moc ! Somnevam deka si slusnale za delata na Justin Popovic; Dostojevski o Evropi,Crkva i Ekumenizam ,i mozebi za site niv Troicata ,Filosofske Urvine.od istiot Justin ,Mozda najgolemiot Teolog i Mislilac vo minatiot Vek! Redoven sum slusatel na edna emisia ,koja odi niz celiot svet Scince On FridaysI Deneska naucnata misla e;Deka zivotot e kreacia na Super Misla i Super Blue Print.! Bibliskiot Prv Den, nee Denov sto nie deneska go znaeme,Toj Biliski Den mozda bese i milion godini sto nie deneska gi znaeme i merime!
Од: pepi
Датум: 31.07.2009 01:24:19
Cudno na nikogo ne mu padna na pamet da go prasa ludiot Milenko i popceto kako Isus hristos voskresnal ama eve posle 2000 god.nikako da se sluci novo voskresnuvanje a greskite na covestvoto vo ovie izminati godini se tolku golemi sto ni 100 voskrenuvanja ne ni gi prostuvaat,ili pak eva za primer da vidime kako se sozdava zena od covecko rebro,ili da ni go opisat rajot ili pekolot seedno.Veruvam vo Boga i vo moralnite nacela no ovoj ludiot se pogubi vo prostorot i vremeto,bog da te cuva od takvite koi grabaat od narodot a propovedaat vera,od takvite novinari koi karierata ja merat so gluposti za koi gi placaat
Од: Bekim
Датум: 31.07.2009 01:39:50
Jas sum covek, i potekloto mi e od covek. Ako nekoj misli deka pradedomu bil majmun, neka misli taka. Ne sum FAN na Milenko i negovite teorii, koi mi se smesni i mi deluvaaat tragikomicni osobeno koga zboruva za antikata i za "Alexander the Great" kako da izmislil topla voda vo 21 vek, no teorijata za evolucija na covekot e golema zabluda. Vi go preporacuvam DVD-to na turskiot naucnik Harun Jahja za evolucijata, pa bujrum vie koi veruvate deka ste majmuni.
Од: Makedonija
Датум: 31.07.2009 01:41:46
Ерол мора да си љубоморен на Миленко?..Миленко е Жељко Молнар,а ти па Азрети Алија со сабјата,сечеш,или сечеш...ама не можеш и Миленко тој е навистина потомок на Александар Македонски...Позз од Кичево
Од: Goce Andrevski
Датум: 31.07.2009 01:54:36
Naucnite teorii ne se absolutni vistini. Vprocem, Newton-ovata fizika, koja bese racunata za najgolemoto dostignuvanje na naukata se dokaza deka ne e univerzalno tocna. Ajnstajn dokaza neizdrzlivost na nekoi nejzini premisi. Megutoa, za da se dokaze deka edna teorija e nidna, treba da se razvie nova teorija koja ke dokaze deka objasnuva i predviduva podobro od segasnata teorija (see Lakatos). Mnogu e naivno da Milenko, nekoi popovi i site privrzanici na kreacionizmot probuvaat da soborat teorija koja e poddrzana so mnogu empiriski studii. Megutoa, mnogu e pobitno da gi najdeme pricinite za vakov napliv na nestrucni komentari. Erol tvrdi deka toa e zaradi cvrstata vrska vlada-crkva. Jas mislam problemot e vo nedostatok od makedonski naucnici koi publikuvaat vo prestizni naucni journals. Dokolku publikuvaat, togas se sto ne e publikuvano, ke bide samo neosnovano tvrdenje. Toa e nacin da eliminirame nenaucni tvrdenja, kako i tvrdenja na "subjektivni" i nestrucni naucnici.
Од: Револт
Датум: 31.07.2009 02:14:06
"... една од новите македонски ТВ-ѕвезди за планетарни будалштини...", "... Миленко наш потопен во вода не истиснува ништо, иако многу тежи...", "... од човек да стане мајмун, доволно е времето од една телевизиска емисија...", "... гледаме во живо будалетинки кои по природен еволутивен пат е невозможно да се создадат...". Е, сум се помочал од смеа, фрази за памтење! :))) Море чичко Ерол, кај ти текна... :)))
Од: Citatel
Датум: 31.07.2009 02:57:02
Sakam edna konstruktivna kritika do besnicite, imeno kako mozete da im dozvoluvate na lica kako Vlatko Gorcev da pisuva deka situacijata e polosa vo Island i Litvanija nego vo MK,odnosno kako sto velite koga ke s epadne od pomalku e podobro nego od nesto sto ima mnogu pa da padne na pola. Sekoja cest da ima i razlicni mislenja da ima prestavnici koi ke ja branata i vladinata politika, ali mora to ada bidat obrazovani, koi ke iskazuvaat izdrzani luge, a vaka samo gi navreduvate citatelite. Eve pr. e Dnevnik vo toj odnos. Deneska pak ne navredi vo rukrikat aotvorena. Se nadevam ova ke go objavite, kako komentar
Од: Историчар
Датум: 31.07.2009 02:58:36
Г-н Ризаов е еден од единствените кои со перо се спротиставува на некои работи што се случуваат и тоа е за огромно поздравување. Меѓутоа, треба да се имаат предвид неколку работи. Со оглед на тоа што оваа пропаганда не ги тангира власите, кои се де-факто антички македонци, или пак на пример србите, кои исто така се славјани, ова што се спроведува не е антиквизација, туку продолжување на процесот на дебугаризација од крајот на Првата светска војна. Затоа се додека не расчистиме со некои прашања од нашата историја ние во очите на светската научна јавност ќе изгледаме како мајмуните на Дарвин.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 31.07.2009 03:00:40
Darvinovata teorija e prifatena samo kaj 5- 7 % ludje , dodeka drugite koj ne neruva, koj ama bas im e seedno ...Toa se fakti zemeni od anketi i ispituvanja poslednive 20 godini. Ako tebe Erole i na site izrodi SDSM- ovci vi smetaat Makedonci, Anticki, Filip, Aleksandar... itn... itn... najpristojno bi ve zamolil da odite da se izlecite, so pomos na bilo koj odza... Milenko duri sega vi smeta? Pa ako vredite vie, a drugite ne, sto se sekirate? Narodot ve saka i ceni mnogu. Zatoa ste i ce bidete vecno vo opozicija, a takvi ko Milenko vo pozicija. Tragikomicno,neli? DO YOU GET THE POINT? I HOPE SO !
Од: мене
Датум: 31.07.2009 03:01:04
браво Ерол. Редно време е на жаите во нашава жаокречина да им се каже како што треба. И не ги вреѓајте само мајмуните... овие се парамециуми во споредба со мајмуните. беда. ДНо!
Од: Red Rose: Greshka na prirodata
Датум: 31.07.2009 03:11:55
.."Миленко се исчудуваше како тоа сега никој не може од мајмун да направи човек." A zoshto se ishuduval koga na negoviot lichen primer se dokazhuva deka e vozmozhno i toa i obratnoto.Najgolema pobeda na" komunjarite"(negoviot omilen izraz) e shto mozhat gordo da se pofalat deka ,za nivna srekja,vo toa vreme ne vireele chovekoliki majmuni ala Milenko vo ovakva forma i vid vo kakvi postoi i opstojuva(so sesrdna pomosh na vozjlubeniot mu Nikolche) toj denes. Za prostiot i neuk narod-konsument na biserite na gluposta na milenkovci i ne e za zinenaduvanje prifakjanjeto na propagandistichkata mamka ,koja im se frla so odredena namena i cel -da ja goltnat i da ne mozhat da prashaat nishto.Ama,kade e nauchnata fela od MANU,DPM,Institutite i poedincite-intelektualci od analiziranite oblasti?Zar ne gi jade sram za tolkava uka i nauka shto ja imaat koga dozvoluvaat neznajkovci i primitivci da pishuvaat istorija i nebulozni teorii po porachka i so zadacha,plateni od vlasta.Hrabrite se malku.
Од: Stavre od Dolno Dupeni
Датум: 31.07.2009 03:48:46
Mnogu nisko padnavme so toa revolucionerite moj Erole, no skoja cest za niv, majstori se za potiknuvanje na primitivizmot pomegu sirokite narodni masi. P.S: Moja prognoza za ovoj Petok e deka Ace od Avstralija prv ke go prasa Erol kolku pari zel od komunjarite. ;)
Од: misla
Датум: 31.07.2009 04:27:37
haah. poglupa statija nemam niti procitano, niti ke se napise nekogas vo nekoj makedonski vesnik... Do Makedonskiot Carls Darwin (avtorot). Stom veke zboruvas za teoriite na Darwin treba da znaes deka osven teorijata za potekloto na verstite, evolucijata, postojat i drugi teorii, i deka toa se teorii a vo praktika teorite se samo teorii. Zivotot na zemjata spored najnovi istrazuvanja e star nekolku milijardi gopdini, dodeka covekovata civilizacija poveke od 12 millenumi pred Hrista. Znaci eden enormno golem period kade nema bas nikakva evolucija na coveckiot organizam. Ako trebalo da evoluira ke evoliral posto sekoja teorija e zasnovana vrz zakonitost, no toa ne e taka. Inaku teorijata na Darwin ne e sekade vo svetot prifatena vo celost, a tamu kade e prifatena toa e so rezerva.. Do Utrinski. Ve molam da go objavite komentarov, i ne plakajte za dzabe za statii polni so zeleni....
Од: usa
Датум: 31.07.2009 04:55:52
e da razmisluvaat bar 50%vo makedonija kako tebe se bi bilo drugacije.Procitav eden podatok deka posle Avstralija najpoveke ovci imalo vo Makedonija.I mene mi e mnogu zal kade odi i do kaj ke stigneme so ovaa vlast i narocito so lugeto vo taa vlast.Redovno ve citam,dosta godini sum nadvor no sekoj den citam vesnici i razgovaram so dosta prijateli dole.pa jas nieden do sega ne slusnav da kaze dobro za gujo a pak pobeduva.Pa sto e bre ova luge.Cestitki do utrinski koj edini imaat m...nja,da kazat stvarno kakva e situacijata vo Maked.
Од: Makedonec od Toronto
Датум: 31.07.2009 05:54:22
Sindromot na samounistuvanje kaj nase prisuten vo ovoj tekst. Vladata na Gruevski saka da ja razviva makedonskata svest a vie sakate na depresiven nacin da ja unistuvate makedonskata svest Gospodin Rizaov.
Од: Ерол, можеш вода да му носиш на Миленко
Датум: 31.07.2009 07:52:21
Неколку децении сиромаштија не „цената на македонската антиквизација“, туку е последица од владеењето на предавниците. Дедо ми бил сиромашен, ама со гордост се нарекувал Македонец.
Од: MAKEDONEC
Датум: 31.07.2009 07:52:42
Prvoto svetko pismo, prviot covek na planetava, adam i eva uste kakvi budalstini ne , zatova ke go jadime stapot od siot svet grcistata tova i cekaat do koga do koga so bezumje NARODE RAZBUDI SE TONEME OD BIDALSTINITE.
Од: riste
Датум: 31.07.2009 07:59:17
Vakov diletanski i vulgarno neargumentiran komentar ne zasluzuvaat mesto vo eden javen medium.Na svetsko nivo,postojat dva koncepti koi go tretiraat potekloto na covekot:kreacionizam,koj duri na naucna osnova potkrepeno so arheoloski naodi pokazuva deka Bog e sozdatel na se sto postoi vklucitelno i covekot i evolucionizam koj se bazira na teorijata na darvin koja poradi nedostatok na osnovnite dokazi duri ne moze da se narece teorija tuku gruba hipoteza.Samo totalno nepoznavanje na detalite okolu ovaa svetska realnost moze da rezultira so vakov komentar i atak vrz g-not Milenkovski,komu mozam da mu zameram mozebi okolu povrsnoto poznavanje na kreacionizmot i silnite dokazi vo prilog na postoenjeto na Tvorec vo kosmicki dimenzii vklucitelno i na ovaa planeta.
Од: toni
Датум: 31.07.2009 08:11:59
tocno taka.preplaveni sme od provincijalizam i primitivizam. samo se nadevam deka nema da ne razberat posiroko i taka da staneme cel na potsmev vo svetski ramki
Од: Alek
Датум: 31.07.2009 08:34:51
Половина нација дозволува Миленко, Латас и МПЦ ДООЕЛ да им го перат мозокот, а останатата половина се плаши да се спротивстави на, рака на срце, добро организираната машинерија. Ероле, ќе да важи реверзибилниот процес за сите нас.
Од: Veselin Anastasov
Датум: 31.07.2009 08:35:52
Ima li kraj na vasata omraza kon se sto e Makedonsko?Mojot dedo ne ja smeni ni nacijata i ni verata.A bese roden 1899.Milo mi e sto moite deca go zapametija kako makedonec,koj ne znaese dali e slovenski ili anticki i takvite lazni dilemi,tuku potomok na Aleksandar.A celiot vas komunjarski sistem bese nemilosrden vo isteruvanje na nasata makedonska svest i verbata vo Boga.E ama ne se otkazavame od seto toa.I zatoa od tvoite komunjari zaghlavija i dedo mi i tatkomi po dve godini vo zatvor i na moite roditeli im bese konfiskuvan stotuku steknatiot skromen imot..I jas se vencav vo crkva 1971,moite deeca gi krstam,si ja slavam slavata na moite pretci,i vo komunizmot i potoa si odam vo mcrkva. Gruevski ne e idealen.No prv saka nesto da napravi.A i nego ke go smetam zaa predavnik,ako se obide da napravi bozemen kompromis.Site znaeme sto znaci toa.A kade bese koga Branko i kompanijata go smenija imeto i mznameto,go pokradoa narodot so bozemnata denacionalizacija i se porede.I t.n.
Од: Игор
Датум: 31.07.2009 08:56:45
За Миленко, Јанко Илковски (водителот на емисијата со високо интелектуално име "јади бурек"), Латас и слични воопшто не вреди да се дискутира. Ниту ги гледам ниту ме интересираат. Ете има луѓе од типот на Аце од Австралија кои се воодушевени од нив па нека си ги гледаат тие. За темава: истите оние кои го проповедаат креационизмот, пред неколку стотини години би ве убедувале и дека сонцето се врти околу земјата бидејќи нели господ така сакал. Се надевам дека барем за тоа им е јесно дека не е така.
Од: George od NJS
Датум: 31.07.2009 09:06:55
Многу грдо и кусогледо од новинарот. Цитира некоја емисија на хрватска телевизија како меродавна, а што не погледен малку подалеку од балканот? Еве, ако Америка е предалеку, нека погледне кон Западна Европа. Вавки „бранители„, демагози на нешто има само на Балканот, но во земји како на пример Холандија, слобода на мислењето е на прво место. Погледнете малку што и како таму се учи, односно како и двете страни ги бранат своите теории. Но, не сте вие криви, ако така ве учеле, таков и ќе си останете. Само, едно би ве замолил, престанете веќе еднаш да плукате по македонското.
Од: Марко
Датум: 31.07.2009 09:07:17
Целава ГРОТЕСКА од држава која ја гледаме последниве три години, со разни Миленковци, буреци, Латаси и други креатури со непремосливи дупки во образованието, може само да се објасни со новата ТЕОРИЈА ЗА ДРОГИРАНИ КЕНГУРИ од вашиот колега Никола Гелевски. За оние кои не ја прочитале, нека го отворат Утрински од 28 Јули.
Од: Трајко
Датум: 31.07.2009 09:12:21
Ќе биде штета,навистина голема штета доколку овој напис на г.Ризаов не биде преземен и објавен во повеќе познати светски медиуми.Неговата содржина е извонредно содржајна,со сите нијанси и примеси на трагикомичното,во кое,сепак,доминира трагичното,колоритно обележувајќи ја,во случајов,слабоста на некадарниот човеков разум,кога тој ќе почне,и во форма на званични изјави,јавно да се експонира.Не велам дека досегашните написи,кои редовно ги читам,не беа на потребната висина но,денешниов е право мало ремек- дело,од почетокот па до крајот.Со еден збор,што би се рекло,вистинска ода на глупоста.Господине Ризаов,многу ви благодарам што ми овозможивте да прочитам еден ваков напис.Честитам.
Од: Ilija
Датум: 31.07.2009 09:22:49
Ja zapustija zemjata vmrovcive so Milenko, latas, janko i ostali...Koj mozese da predvidi deka isfrustrirani luzeri, kriminalci i platenici ke stanat portparoli n vlasta!!Katastrofa!
Од: Anticko makedon. ne bil grcki jazik
Датум: 31.07.2009 09:23:01
Vo svetot ima mnogu TV-kanali na verska (bibliska) osnova koi zborat non-stop. Vatikan na site jazici.E od kade go najde g.Erol makedonsskiot primitivazam, ili pak SDSM se primitivci. Grcite od kako ja zedoa Egej.Mak. pravat tamu teror. Vo naucni enciklopedii pise deka antickite Makedonci ne zboruvale grcki. E na kogo da veruvam sega??????
Од: Maxi
Датум: 31.07.2009 09:26:38
Jas sum direkten potomok na Isus a ne na majmunite i imam dokaz. I jas kako nego imam 30 godini, setam kako goltar bez rabota, i uste ziveam so roditelite.
Од: Marija
Датум: 31.07.2009 09:26:52
Kako sum propustila takva emisija od istorisko znacenje? Moze zosto voopsto ja nemam memorirano MTV, a uste pomalku da go gledam Milenko! I za takvi budalastini da plakame pretplata za nasata NACIONALNA TELEVIZIJA! STRAMOTA!!!
Од: Truth H8R
Датум: 31.07.2009 09:27:53
I taka eden den na gospod mu beshe malku dosadno i se reshi da go stvori svetot... Prvo ekperimentirashe so amebi i prosti organizmi a koga mu pojde od raka pochna i so dinosaurosi...T-Rexovi itn .Potoa mu se smachi od ovie reptilni sushtestva i se reshi za "Global Warming" so cel da gi unishti,se razbira so cel za da zapoche so noviot proekt " Adam i Eva" Na "Gospod" 2000 i kusur godini posle "Isus" se seti na stariot dobar "Global Warming" i se reshi pak da go upotrebi....Pa mu sku**i od ovie glupi sushtestva is e reshi za nov proekt "ALIENS" (To be Continued)
Од: Jovanni
Датум: 31.07.2009 09:32:16
A bre site se eksperti za se,da mi dadat eden den vlast ke ja iscistam zemjata od ekspertite po se i sesto.jas se razbiram mnogu povekje od planetarniot sistem odkolku vie g.Rizov.Siguren sum neznaete koja po red e planeta Jupiter,a emisiite na Milenko dosega se tocni,t.e.se sto emituva na emisiite za planetite e vistina,a za Darvin e 100% vo pravo,ako razmislite logicki ke razberete kade se greskite na Darvin,bidejki i jas se cudam ako sme nie od majmun,zosto seuste ima majmuni i kako tie dosega ne stanaa lugje,ili izgleda ne se dovolno inteligentni za da stanat lugje,a pa nekoj lugje navistina treba stanat majmuni,taka ke izgledaat poubavo.Sramota e sto pisuvate za se i sesto,a vsusnost nikoj neznae po sto ste ekspert i lugjeto samo citaat kako sto pisuvate.
Од: Darko
Датум: 31.07.2009 09:35:51
citam i nemozam da poveruvam na dve raboti. prvata e idiotizmot na Milenko. odkoga se iznasmeav mnogu glasno, se zacudiv kako moze ovoj covek da izleze na Tv i da kaze nesto vakvo. bilo kade na drugo mesto vo svetot ke treba da go smeni imeto i da se maskira. od kade mu taa sila? vtorata e od nasiot makedonski idiotizam, i sposobnosta da bideme ovci :) posebno ovie prekuokencive sto se pravat pametni mnogu a nemozat dve recenici da svrzat. da kazes golema glupost bi rekol deka ne e retkost. se slucuva na sekoj. Da branis nekoj koj kazal takva golema glupost e kretenizam. i e nevideno sekade niz svetot. do you get my point?
Од: Mapkoc
Датум: 31.07.2009 09:38:55
-н Ризаов не ги разбира работите. Овде станува збор за почеток на епохална културна револуција. Најпосле Владата, кај „културтрегерите„ ала оние од Канал 5, Јади бурек и слични, најде интелектуални капацитети на кои ќе се потпре во својата света мисија Македонија да ја одведе во драгоценото НИШТО. Додуша, малку збунува што таа, Владата, сака во ЕУ и други асоциации, каде сосема се почитува Дарвин. Ќе биде да е тоа само стратегија. Штом таа го има Миленко (и слични лунатици), не треба да бере гајле. Демек, знае таа што работи („Знае Македонија„ - би рекол Коштуница). Затоа браќа и сестри- Миленко за Председател!
Од: dimitrov
Датум: 31.07.2009 09:43:39
србите велат: људи верују у Бога, а мајмуни у дарвина. е па видете кој за каде е.
Од: Marina
Датум: 31.07.2009 10:12:48
nema sto da ja sirime temata na komunjari i hristijani zasto ona sto e bitno e deka Milenko e sramno, kafanski nespremen da zboruva na temata za koja zboruvase. Znaci ne ja komentiram temata (Darvin) tuku toj nemien podprosecen slucaen covek sto duri imase rasean pogled koga zboruvase popceto zasto cekase da dojde na red da go kaze svoeto. Smeniv kanal i vi go preporacuvam istoto i vam isklucivo od edna pricina - za da ne otupime.
Од: Mahir
Датум: 31.07.2009 10:12:53
Fatile lugjevo dva tri reda od prevodot na nekoj dokumentarec za evolucijata, dodeka idele reklamite na nivnoto omileno show "dnevnikot na sitel" i sega site se golemi poznavachi na darvinovata teorija :)) Inache ne ja gledam poentata na tipot shto duri i smenil kirilichno pismo vo latinichno da go napishe imeto na Darwin koga nemal pojma kako se speluva. Znachi,, it's CHARLES DARWIN!
Од: дими61
Датум: 31.07.2009 10:23:05
Ерол коментарите ти се навистина добри , но незнам дали вреди да се споменуват личности како Миленко ,Јади бурек, Бумбарот Латас , Томиќ и нивните телевизии.Таму нема ништо со нормалност.А овие луѓе се стварно како што викаш еволирани во обратна насока.
Од: Марјан
Датум: 31.07.2009 10:27:00
Неверојатно е колку е полуписмен и подложен на перење мозок нашиов народец. Доволно е да се погледнат коментариве и да се исчитаат сите смешни заклучоци „прадедо ми не бил мајмун“, „теоријата била прифатена од 5-7%“, „креационизмот бил поткрепен со арехолошки докази“. Понекогаш се прашувам дали луѓево воопшто читаат и размислуваат со нивна глава или своите ставови ги базираат врз „рекла-казала“. Фаци ко Миленко секогаш имало и ќе има, не само кај нас туку во било која држава, разликата е во тоа колку ќе биде прифатен од народот и колку ќе биде сфатен сериозно.
Од: struga camo
Датум: 31.07.2009 10:35:55
briljantno erole.a komentarite tragikomedija.vidi bogati do koj stepen e deformirana svesta kaj nas makedoncite so agresijata na mislata i ne ke zgresam gebelsovata prostacka propaganda preku antikvizacijata.nisto ne ne spasuva.
Од: Lora
Датум: 31.07.2009 10:44:25
Kako i skogas odlicen tekst!
Од: m.m.
Датум: 31.07.2009 10:57:31
milenko e glup kolku sto e tezok, ne znam kako kanal 5 mu dava prostor da iskaze takvi gluposti... megutoa ne se soglasuvam ni so g. Rizaov okolu teoriajta na evolucijata. pred se treba da se pravi sporedba pomegu teorija i naucen (priroden) zakon. teorijata na darvin e samo teorija, nikogas naucno ne e argumentirana, a ima dosta dokazi koi ja demantiraat, dodeka priroden zakon e sekogas tocen, kako sto se spomnati Nutonovite zakoni ili slicnite. pozdrav od kumanovo
Од: едноимеимаме
Датум: 31.07.2009 11:00:48
Чуден текст, Си помислив ?! Политички коментатор коментира забавно ноќно шоу (телевизиска емисија според Е.Р.) на еден чисто алтернативен шоумен? И ТОА ТЕМА НАСТАНОКОТ НА ЧОВЕШТВОТО !? почнав да се вртам во круг санки Балтазар сум И Одеднаш ми светна !!! Почна прогонот ! ловот на Вештерките ! Кристалната ноќ! На се и секој што за ЗАЧУВУВАЊЕ НА ИМЕТО !!! (Миленко е еден од тие што тоа Јавно и храбро се бори за Каузата Македонска ) пред неко број еден магистер по политичка комуникологија го најави прогонот на сите „правични популисти“ -на тие што почитуваат конзервативни вредност��, како што се религиозност, многудетност, „семејни“ вредности; - патриотизам , - што не сакаме децата да ни бидат педери , сакаме јазикот да си го зачуваме. Ваше право е да си имате свои ставови за сите овие прашања промовирајте си ги !, ама немојте нас останатите да не набивате на колец затоа што си ја сакаме религијата, семејството, традицијата! Ве молиме немојте!
Од: Talent
Датум: 31.07.2009 11:05:07
Kako gledam pogresna percepcija se javuva pa da dadam i ja komentar, imeno vo slepiloto na opococopnite analiticari sto mene mi smeta i sakam da se smeni, nejkam da trcam u mini market do 7 po pivo, nejkam da mi e zabraneto da pusam cigara u zaednicki prostorii, dobro si bese toa so prostori kaj moze da se pusi, nejkam da palam svetlo na kola preku den nejkam uste mnogu raboti ama koj ke gi smeni ovie za nego ke glasam na slednite izbori, a ne da se zamaram zasto darvin i sto ocekuvate svetovno lice da kaze za darvin, koj imal sreka sto ne mu bil sovremenik na Bruno
Од: acko
Датум: 31.07.2009 11:06:46
Milenko,Latas .......i ostanatite i se e mozno.No ne mi se veruva deka vo 21 vek nekoj ozbilen medium otstapuva pa makar i sekunda prostor na vakvi lakrdijasi kako niv.Mora da sme mnogu beznadezni kako nacija koga voopsto mu obrnuvame vnimanie na vakvi kako niv.Treba brzo da se preispitame a uste pobrzo da deluvame dosta se nevkus i gluposti dajte da ja vidime realnosta i perspektivata ama ne onaa imaginarnata tuku realnata i ostvarlivata.
Од: b
Датум: 31.07.2009 11:18:51
БРАВО ЕРОЛ! Но бадијала, ниту тој немиенко ке Те разбере што му пишуваш, ниту може нешто да научи. Ниту тој, ниту оние што го гледаат.
Од: ljupco,bitola
Датум: 31.07.2009 11:20:04
Milenko e genie! So edna polcasovna emisija predizvika debata koja trae cela nedela po site mediumi. Toa e dokaz geka vo Makedonija ima premnogu majmuni koi kasnat so evolucijata i zatoa se drzat za Darvin kako pijan za stap.
Од: Миле
Датум: 31.07.2009 11:21:15
Зошто објавувате текстови за глуперди од типот,(не врдеи да се споменува неговото име)!
Од: Graganin
Датум: 31.07.2009 11:27:49
Bravo za napisanoto!
Од: Ози
Датум: 31.07.2009 11:52:47
Ги читам писмата на читателите и се вџашувам од примитивизмот и неукоста на читателите. Знам дека како народ сме наивни и со малку заостанат интелектуален развој, но сомневањата во дарвиновата теорија ги надминува сите глупости на светот. Теоријата е презентирана во 1856, докажана со безбројни докази и прифатена од целата научна, па и црковна јавност. Само крајно ретардирани типови и психопати имаат потреба за живот вон реалноста и во времињата на мрачниот среден век. Ероле пази се, овие може и да те запалат на столб, како еретик. И талибанците се прогресивни во однос на нив.
Од: Realist
Датум: 31.07.2009 11:54:35
Просто неможев да се воздржам а, да не кажам збор-два. Ероле, секоја чест, мајсторски согледано и срочено. Но, жално е што оваа машинерија и тоа како функционира, па затоа имаме „мајмуни“ од типот на Аце од Австралија, Мисла, Лавица и др. Не ми е жал што подоцна сите ќе го сватат она што јас и ти Ероле го знаеме и тврдиме, туку што за нивната будалаштина и јас и ти ќе треба да го плаќаме цехот.
Од: Menka
Датум: 31.07.2009 12:19:39
На Ерол да му се додели почесен докторат што ни ги објасни работите и ги демаскира Миленкото и попчето. Браво! А и друг почесен докторат да му се додели што „документирано” не’ ослободи од грдата антиквизација на словеноидно-отоманскиот македонец. Уште да може да придонесе (или веќе може) за современата отоманоизација на Македонија, ќе му бидерме неизмерно благодарни.Ех, таков учител да имавме порано, немаше да заскитуваме ниту во востанија, ниту во атентатрорства и многу лесно ќе се прилагодевме на современите состојби и ќе бевме доасимилирани, па денес немаше глава да не’ боли. Вака, ќе претаме де лево, де десно, де горе, де долу, а Ерол ќе ни се смее...
Од: verag
Датум: 31.07.2009 12:22:09
МТВ не ја следам но гледам дека сун пропуштила добра хумористична емисија. Секојпат имало и ќе има глупи луѓе и глупи теории, но не разбирам како може да се дозволи на национална Т�� да се даваат такви глупости. Очигледно,оваа не е национална ТВ,туку ТВ на вмро-ОВЦИ,бидејќисамо од нив може да очекуваме вакви ступидности. Тие нема вечито да бидат на власт,но нажалост нивните кич споменици,пренатрупани на мал простор,ќе останат уште долго.А Груевски најмногу ќе го памтиме по џамијата на плоштадот,бидејќи нена да се осуди да ги одбие Албанците. Не се тие кротки како Македонците,па затоа мора да им удоволува на нивните барања.
Од: Daron
Датум: 31.07.2009 12:49:04
Samo nekolku neshta : Na Mars navistina ima voda (vo kristalna forma), a ima ostatoci od morinja na nego. Ako ne si chital za toa , ne zboruvaj... Teorijata na Darvin. Ima edno neshto sto nauchnicite 100 godini go baraa i nikako da go najdat "the missing link" nauchno go vikaat.. proveri si sto e toa sto nedostasuva vo teorijata (evolucija ima, ama godinite Darvin gi utnal) A inaku za potekloto na makedoncite od antichkite Makedonci, na eden Turchin mu preporachuvam da ne se mesha mnogu-mnogu. Svirchinjata (6000 godini stari sto se najdoja) se realni ispitani i se nashi, ne se od Turcija... Jazikot nash go pishuva na kamenja 7000 godini PNE ama neuki lugje ne se ni trudat da vidat sto se e otkrieno novo (kamenot na Trp Ruen, na primer) Teorijata na Ajnshtajn inaku (golemi delovi od nea) se osporeni, ako ne si znael, od Nikola Tesla !!! Pobaraj si podatoci... I da ne dolzham, poentata e: Ne kritikuvaj Laik so Laichki podatoci !!!
Од: Lile
Датум: 31.07.2009 13:08:26
Milenko ne go gledam oti poodamna pochnav da vodam smetka za svoeto mentalno zdravje.Toa deka konechno go soboril i Darvin voopshto ne me iznenaduva bidejki toa beshe logichen sled vo nacionalistichko-ksenofobichnoto ludilo shto go nametna ovaa nasha nesrekna vlast. Vprochem, Milenko ne napravil nishto novo-toj samo ja sledi matricata na srpskiot necionalizam(chitaj na srpskite PR sovetnici na premierot i nivnite sekundarti)..Darvinovata teorija za postanokot na chovekot prv oficijalno ja sobori Belgrad za vreme na vladeenjeto na "umereniot" nacionalist Voislav Koshtunica. Toa go napravi lichno na pres konferencija ministerkata vo negovata vlada za obrazovanie i nauka, a potoa i decata vo uchilishteto pochnaa da ja uchat novo postavenata "nauchna" teza deka chovekot e sozdaden od Gospod(sic!!). . Za sreka pod pritisok na javnosta ministerkata beshe razreshena, no tezata seushte zzivee vo nekoi uchbenici i megu zaludenite srpski nacionalisti. Za zzal kaj nas nema koj da vikne DOSTA
Од: Trolejbus
Датум: 31.07.2009 13:42:29
Do Dimitrov, pa zatoa e toa Srbija....... po definicija: puska i opinok (napred podvrten prema nazad da funkcionira pri nuzda.... Od Ace od Avstralija ne mozeme poveke da ocekuvame, tolku mu faka crpkata, za greota e covekot.
Од: tode
Датум: 31.07.2009 13:58:50
KATASTROFA!Ponekulturen poglup tekst odamna ne sum procital .GOLEMA SRAMOTA za novinarceto cist amaterizam.Pa novinarce ti ako sakas veruvaj si deka si postanal od MAJMUN a nas koi ne go delime tvoeto mislenje ostavi ne vo nasata prostotija i neukost da si veruvame deka sme od Boga sozdadeni i nemoj da ne vregas.I molim te daj ne mesaj babi i zabi ne mesaj emisija za teorija za postanok na svetot so Nikola Gruevski.P.S. Te molam napisi eden vakov biser okolu visokite temperaturi i Nikola Gruevski mozi covekot e kriv i za toa
Од: дексо
Датум: 31.07.2009 14:02:54
Ја гледав емисијата и беше дури смешна, под интелектуално ниво. Му препорачувам на Миленко да го работи она што најдобро го знае (формула1).
Од: Jov
Датум: 31.07.2009 14:11:08
Кант вели дека има две работи за кои вреди да се живее;ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене(„Критика на практичниот ум“).На Ризаов двеве работи му се туѓи.Во „Критика на чистиот ум“(Кант) откриваме дека не е можен онтолошки доказ за постоење на Бог,но исто така не постои доказ дека Бог не постои.Кант верува во постоење на врховна интелегенција што е причина за стварање на светот.До Бога се приближува преку моралниот закон во себе,бидејќи сетилата со кои што е снабден човекот не овозможуваат логички доказ за Бог.Кртот не гледа и не може да докаже дека Ризаов постои.Но Ризаов постои,како што постоеше оној Шоловиќ,кој што словенците го избркаа кога се обиде да им продава памет.„Тешко“ е да се биде Босанец,Турчин,Србин... во Словенија.Пискотниците на Ризаов укажуваат дека Македонија го оди патот на Словенија. Атеизмот е религија колку и теизмот(Шопенхауер,„Светот како воља и представа“).
Од: Bubastis
Датум: 31.07.2009 14:25:47
I Milenko i nasava vlast ne se nisto drugo do plagijatori. Milenko svoite inspiracii gi crpi od web stranite koi se zanimavaat so konspiracii i generalno se nameneti za neobrazovan svet, koj za zal e mnogu cest, a od koj patem receno dobro zarabotuvaat. Samiot Milenko pravi pari od svoite nebulozni emisii, ne gi podgotvuva za da mu otvori nekomu oci, sigurno. Sto se odnesuva do antickoto minato, Rizaov gresi: mnogu nedemokratski vladi go koristele "slavnoto minato na svojot narod". Nasive nekako najmnogu me potsekaat na Musolini vo fashisticka Italija, koj se povikuvall na slavnoto Rimsko minato. Istoto e i denes vo Egipet, "arapite" i toa kako se smetaat za potomci na Egipkjanite, itn.
Од: Никола,Ср.
Датум: 31.07.2009 14:45:21
Миленко го собори Дарвин, а Ерол ќе го докусури веќе кутнатиот гениј! На година-две до пензија, кутриот никако да еволуира од пропагандист во новинар.
Од: kristo
Датум: 31.07.2009 15:05:25
Кој сака нека си биди мајмун, негово право. Јас верувам во бог и спрема тоа верувам дека човештвото потекнува од Адам и Ева а не од некакви мајмуни како што тврдат атеистите(мајмуните по потекло)
Од: ѓакон Тони
Датум: 31.07.2009 15:27:31
Во овој текст; научниот статус на Дарвиновата теорија (значи само теорија, само едно гледиште) е спореден со кружењето на земјата, со нејзиниот облик и со Питагорината теорема. Па каде има поголема вера во една пуста теорија и поголемо шарлатанство од оваа споредба на Ерол!
Од: e od kogo de?
Датум: 31.07.2009 15:29:05
Milenko ne ve teral so sila da ja gledate emisijata.Toj si ima polno pravo da iskazuva svoe mislenje.Darvinovata teorija e samo teorija koja postojano se potkrepuva so naucni trudovi i seuste esamo teorija,pa ako nekoj se somneva vo nea ne gi zasluzuva vasite potsmevajna.Naucnicite bi se obidele da odgovorat na tie somnezi so fakti.KUTAR DARVIN koga vie i vaka mu ja branite teorijata.Na pocetokot i negovata teorija naiduvala na komentari kako vasite.Ostavetego penkaloto se srami vo vasiite race.
Од: Горан Талески
Датум: 31.07.2009 16:01:57
Браво! Одлично се изнасмеав и гледајќи ја емисијата и читајќи го написот. Макар што Миленко ми е симпатичен шарлатан, овојпат се надмина во глупостите. По бројот на коментари за поддршка на Миленко, сваќам дека комунистите не успеале во следното: и покрај бесплатното образование нарадот останал прост!
Од: nacional-patriot
Датум: 31.07.2009 16:33:55
Erole,treba da im se izvinis na makedoncite zatoa sto site ovie proekti na vladata(spomenici,stadioni,manifestacii i drugo)gi narekuvas budalstini.Ako odbranata na makedonstinata za tebe e budalstina,togas ti si neprijatel na Makedonija.
Од: zd-Sydney AUS.
Датум: 31.07.2009 17:51:08
Malku da Elaborirame na ovaa tema: Charls Darvin vo naukata bez somnevanje sigurno go ima zasluzeno svoeto mesto, a naukata odi ponatamu se razbira.. Ednoglasno mora da prizneme deka pametuvanjeto na Milenko nitu vo edne moment ne ja namaluva naucnata vrednost na Darvinovite dela. Darvin sigurno vo svoite knigi imal nekolku idei koj bile pod vlijanije na togasnoto drustvo koe bilo neobrazovano i racisticko, no toa ne gi namaluva vaznostite koj gi poseduvaat negovite revulucionerni idei koj potpolno go promenija tekot na razmisluvanje vo site sveri na naukata, a posebno nam ni dadoja najorginalen odgovor na prasanjeto opstanok i razvitok za zivotot na zemjata , odgovori sto seuste ne se zameneti so podobri naucni trudovi. Za sto mislam deka ni Milenkovata teorija - Majmun/Covek odnosno moram da se koregirm Covek/Majmun seuste ne e dovolno dobra da pridonese vakov bran na zainteresiranost. Poveke od edna dekada sum nadvor od Makedonija, iskreno politicki ne sum orientiran, a mo

Најди! во Утрински
Насловна
Пишман одлука
Кризата удри и по македонските банки
Скутерџиите непожелни во Охридско Езеро
Кој ги пишува анонимките до УЕФА?
Колку се богати градоначалниците
Кој стои зад гафот на Иванов
Криминал со дрва
И Министерството за култура, ако треба, ќе штеди
Од август парното поскапува од 8 до 17 проценти
Власт блиска до народот