Број 3050  петок, 31 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кој стои зад гафот на Иванов

За пропустот со помилувањето на Арнаудов ВМРО-ДПМНЕ го обвини Бранко Црвенковски

Соња Крамарска

Претседателот Ѓорге Иванов за кусо време направи два гафа што ќе се паметат: премислувањето околу нивото на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на Македонија и потпишаната, па отповикана одлука за помилување на Ламбе Арнаудов. И додека гафот со косовскиот колега беше пеглан на „интимна вечера“, Арнаудов веројатно нема да добие ниту шолја кафе во знак на извинување што неговите затворски денови ненадејно експлодираа во политички случај меѓу шефот на државата и засега н.н. (непознато) лице.

Вчера скандалот со помилувањето беше топ-тема во политичките кругови и на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Подобро е да не знаеш да пишуваш, а камоли да потпишуваш“, „Претседателе, помилувај ме и мене, но немој така како Ламбе Арнаудов“ - се само дел од сеирџиските пораки до претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Притоа, во фокусот на вниманието е прашањето која е таа политичка сила што го натерала Иванов само за неколку минути да се повлече од својата првична одлука. Дали е тоа политичката моќ што ја има над него премиерот Никола Груевски, кој го смета Ламбе Арнаудов за дел од фракцијата на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, или пак се случило нешто друго.

Гневни поради скандалот и во обид да го забошотат, први реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, фрлајќи ја сета вина на поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски. Нивната поента што може да се прочита меѓу редови е дека луѓе на Црвенковски го наместиле Иванов:

„Ги повикуваме Бранко Црвенковски и СДСМ да престанат да ги злоупотребуваат државните службеници и јавната администрација во своето политичко дејствување. СДСМ и Црвенковски не престануваат и кога се во опозиција да вршат инструментализација на јавната администрација“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Сепак, за да ја намалат политичката штета за актуелниот претседател на државата Иванов со една такво тврдење, од ВМРО-ДПМНЕ ги проширија обвинувањата кон Црвенковски и дека на последната лидерска средба покажал доверливи владини документи кои, според владејачката партија, „се украдени“. ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека пратениците од СДСМ при пратеничките прашања „ваделе полуфабрикувани и фабрикувани документи“, а алузијата е на доказите што Владо Бучковски ги поднесе за истовременото примање плата и пензија на министерот Михаило Маневски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Бичиклиски, за крај на овие обвинувања го испали и главниот рафал. „Искористување на државните служби доживеа кулминација вчера кога беа доведени во заблуда службите во кабинетот на претседателот Иванов и на крајно дрзок и безобразен начин во листата беше додадено лице за кое очигледно претседателот Иванов никогаш не дал согласност да биде помилувано“, рече тој.

Но, да биде скандалот поголем, она што го понуди како објаснување претседателот Иванов е сосема поинакво и со поинаков тон. Според него, се случила ненамерна грешка. „До пропустот дојде поради тоа што во ’Службен весник‘ е објавена листата за консултации, а не конечната листа на лица кои целосно или делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор“, вели Иванов.

„Грешката е констатирана, ја признаваме и таа ќе се исправи со објавувањето на новата одлука во ’Службен весник‘. Дојде до одредено отсуство на комуникација, бидејќи во летниот период дел од кабинетот е во Охрид, а дел во Скопје. Им се извинувам на македонските граѓани што направивме ваков технички пропуст“, неуверливо се правда Иванов.

Министерот за правда, Михајло Маневски, кој по функција учествува во процедурата за доставување предлози за помилување до претседателот, вчера одби да даде одговор во парламентот дали дал препорака за помилување на Арнаудов. Прашањето му го постави пратеникот од СДСМ, Менде Диневски, кој рече дека неуспешното помилување е доказ дека претседателот Иванов е марионета во рацете на премиерот Груевски.

„Вчерашното скандалозно помилување е дрско, грубо и повеќе од очигледно газење на државните институции и потценување на македонскиот народ. Оваа одлука ја потпишал лично претседателот Ѓорге Иванов. Нема дилеми дека тој е марионета во рацете на Груевски“, рече пратеникот, додавајќи дека не е прифатливо дека станува збор за техничка грешка. Според Диневски, јасно е дека претседателот не ја потпишал одлуката за помилување како список на имиња, туку дека претходно заседавала Комисијата за помилување.

Опозициската СДСМ со доза хумор ја дочека реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и обвинувањата на Црвенковски дека диригира со манипулациите врз новиот претседател Ѓорге Иванов. „Денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ е дефинитивна потврда за очајот и изгубеноста во која длабоко навлегува. Ги повикуваме Груевски и неговата Влада да престанат да ја заплашуваат и понижуваат јавната државна администрација“, реагираа социјалдемократите. Нивната поента е оти е недозволиво, како што велат, за погрешните политики и одлуки виновници да се бараат во редовите на државните службеници.

„Не може поради фактот што министерот за правда со месеци земал и плата и пензија, виновен да е службеник во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Не може за помилувањето на Ламбе Арнаудов виновни да се службениците во кабинетот на претседателот“, порачаа од СДСМ.

Анонимни аналитичари оценуваат дека фактот што во процедурата за именувањето на најновата рунда македонски амбасадори во странски земји никаде не се споменува претседателот, кој има надлежности во таа област, туку само Владата, и фактот што само една сила може да го натера Иванов да го погази својот потпис за помилување на Арнаудов, а тоа е Груевски, се првиот сериозен упад на Владата во претседателските надлежности. Такви ситуации ќе гледаме уште многу во иднина, загрижено велат аналитичарите.


#
Статијата е прочитана 4463 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 30.07.2009 22:39:17
Пак Бранко крив а? :) Самиот Иванов кажа дека се договарале да го помилуваат Анраудов, ама еве Бичиклиски знае подобро... Бранко го допишал Арнаудов :)) ВМРО Монти Пајтон.
Од: Rade
Датум: 30.07.2009 23:30:44
Последниот ‘гаф‘ како и сите досегашни гафови од неспособните кадри на власта во овие три години, единствено можат да се објаснат со теоријата за ‘Дрогираните кенгури‘ на башиот новинар Гелевски
Од: Сергеј
Датум: 31.07.2009 00:07:57
Да не се чудите, ако уште некој ден не падне дожд, Груевски преку својата сенка Бичиклиски за тоа ќе ја обвини - опозицијата! Груевски „заборава“ дека тој и неговата партија ја имаат апсолутната власт, значи дека се апсолутно одговорни за се‘ во државата, за се‘ што чини и за се‘ што не чини. Не можат тие вечно да се возат на тој воз со тврдењата дека се „безгрешни“, а единствен „кривец“ им е опозицијата. Некој ќе рече дека ситница е ова, но токму низ ваквите „ситници“ се гледа само - проекцијата на нашиот возљубен вожд. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Angel
Датум: 31.07.2009 00:26:11
Monti Pajton vlada! Koga imame narod bez mozok, ke ni se slucuvaat vakvi gluposti.No za debili i ova e malku...
Од: Itar Peyo VMROvec
Датум: 31.07.2009 00:26:42
I vrapcinjata znaat deka Ivanov e marioneta vo racete na Crvenkovski.
Од: ввв
Датум: 31.07.2009 01:03:33
ИРИ веднаш да спроведе нова анкета за рејтингот на Иванов после невидениов сандал. П.С.Со душа го чекам коментарот на Лавица
Од: agi
Датум: 31.07.2009 01:13:20
podmetnuvanj sto znaci toa za pretsedatel na DRZAVA a dali toa moze da se sluci na obicen graganin i dali moze da dokaze deka moze i nemu da mu se sluci podmetnuvanje.Bruka za edna drzava!podmetnuvanje na PRETSEDATEL.A kade e tuka odgovornosta.A ako bese nesto pobitno za drzavata i ako ne mozese da se ispravi taa teh.greska kade ke ni bese krajot.
Од: bobi
Датум: 31.07.2009 02:46:29
Do kade ke odi gluposta na vmro.Zarem tolku go potcenuvaat ovoj narod.
Од: usa
Датум: 31.07.2009 03:13:10
ova e stvarno golema stramota.Pa luge,svesni li ste za kogo glasavte.Jas nemam videno po glup covek od nego.Ke go barate Branko i te kako.Sramota.I ovoj nekogu ucel.
Од: Red Rose:"Koj lazhe,toj krade i ima voshki"
Датум: 31.07.2009 03:26:59
„До пропустот дојде поради тоа што во ’Службен весник‘ е објавена листата за консултации, а не конечната листа на лица кои целосно или делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор“, вели Иванов." Kako uspeal Branko da podmetne lista na konsultacii,predlozhena od Ministerstvoto za pravda?Na koj sluzhbenik mu go pozajmil glasot za da zgreshi vo kucanjeto na konechnata lista? Ima li logika vo taka iskonstruiranata echenica?Ima,kolku shto ima vo presot na DPMNE i Bichikot i redovnata doza na obvinuvanja na edinstveniot vinovnik za site nivni gluposti vo Mkd - Branko i nikoj drug.Zabegaa vmr-ovcive.Definitivno,shto bi reklo Repcheto.Koj na kogo mu podmetnuva i so kakva cel - jasno e.Ima da se znae koj e koj ,a shto e shto vo drzhavata na Hunzo-naslednicite.Tragite na lagite kje gi skrijat,na ukradenoto verojatno - da,ama koga kje pochnat da se cheshaat bez kontrola od voshkite kako kazna -nema da uspeat.Do slednata nenormalna konstrukcija za obvinuvanje na Branko-bye
Од: Goran
Датум: 31.07.2009 04:33:47
Moe razmisluvanje e deka Lambe Arnaudov trebase da dobir sloboda bidejki toj kako i site poniski finkcioneri se samo marioneti vo golemata finansiska igra istoto se slucuvase i so clenovite na SDSM koi preku tendrite ja polneja partiskata kasa i kupuvaja imot istoto se slucuvase i so VMRO taka da ubavo e sega parite sto navodno gi zel Lambe da se pobarat vo denesnoto DPMNE bidejki finansiite odeja za taa partija, kako sto bese primerot so Zaev koj sigurno del od provizii i ostanatai raboti odese na kontotot na SDSM , kako sto imam informacija Lambe nema pari sol vo oci da se pikni kako sto velime nie narodski istoto se slucuva i so Vojo MIhajlovski, zato Gruevski treba da bidi mas i da reci deka Lambe go pomiluvame i tocka istoto kako sto bese Branko hrabar so go napravi so Zaev
Од: Trpre, Kanada
Датум: 31.07.2009 04:45:30
Sonja, Sonja prodolzuvash da bidish najgolem kritichar na Pretsedatelot Ivanov. Ne znam shto chovekot ti zgreshil ama mislam deka ne treba da si tolku losha kon nego. Daj mu shansa prvo, sepak e nash pretsedatel, a i chovek e a chovechki e da se greshi.
Од: Stoje
Датум: 31.07.2009 05:35:38
Komunarcinja ,liglevci, aj ne tkju drdorite!. Vi se poduvaa ocite od krokodilski solzi. Ujstu, ajt.
Од: Trpe 2
Датум: 31.07.2009 05:53:49
I na malo dete mu e jasno sto se slucuva !GOLEM REZIL.
Од: POSMATRACH
Датум: 31.07.2009 07:14:32
Psihopatstvoto na premierot ja dirigira vlasta.Bichikliski e instrument na toj diktat. Toj so naglaseniot udar protiv politichkiot protivnik go voznesuva instrunmenaliziranoto chlenstvi.Koalicionite partneri vo potsvesta po neshto svakjaat,no nemaat nachin i daleku se za spas od diktatot na psihopatstvoto.
Од: mitko gi broi gafovite
Датум: 31.07.2009 07:17:47
Sto coek e ovoj Djole sto pravi ovolku gluposti za ovolku kratko vreme. Bukefalci fala vi sto ni go izbravte pretsedatelot. (Pred nekoj den nekoj prasa dali pod zborot Bukefalci gi smetam potomcite na Antickite Makedonci, ne pod ovoj termin gi razbiram glasacite na VMRO koi potsekaat na potomcite na slavniot Bukefal).
Од: Cvetko
Датум: 31.07.2009 07:35:10
Eden chas ,Grujo go ispusti od kontrola Predsedatelot , /poradi zafatenost na Gujo/ i eve sto se sluchi. Grujo daj ne go ostavaj taka samo da odlucuva - Pa uste e taze covekov.
Од: Moni i prijatelite
Датум: 31.07.2009 07:45:34
Ovie ovcive navistina zabegale!!! Vo nemokta sto ja cuvstvuvaat pred sekoja glupost sto ja produciraat, zabeganive se nafrlaat na Crvenkovski, na nivniot dezuren krivec, i bez oko da im trepne go lazat li lazat narodot. I veruvajte, kolku tia go napagaat Crvenkovski, kolku poveke mu nametnuvaat glupsti sto sami gi pravat, mene i na moite prijateli, ovoj covek ni stanuva se posimpaticen i ne e cudo ako utre izlezeme i so polno srce glasame za nego. Iskreno, kako neopredeleni, dosega dali ednas sme bile da glasame. No Bicikliski tolku ni go ponizuva intelektot i razumot so plasiranite lagi, sto definitivno za nas tie ostanuvaat ovci i sejaci na magli.
Од: mara
Датум: 31.07.2009 08:27:33
Ne se brukajte bruki edni ,pa i da go napravel, vie treba da kutite a ne dase brukate znaci vie ste nesposobni da vodite koga sekoj moze da vi pravi sto saka pa ve molam ako volkot mu zede ovca na ovcarot koj e kriv po vase volkot ,sramota sekoj den sve pomalku i pomalku vi veruvam pa vie ste bile stvarno beter od detska gradinka ,pa 3 god samo placete te ovoj te onoj mie kriv po kilava vlada nemalo aba Ljubco za vas e izmislen nemozete da go dostignete 100 g. plackovci toa e mojot zaklucok,pa ako ste odlucile pomiluvajtego kako sto napravivte so Djemaili covekot sto gi masakrira gradeznite rabotnici pa valda moze i Lambe da pomine koga pominaa tolku UCKI i kriminalci sramota sramota i bruka sto pobrgu ve nema tolku podobro za site vakvi plackovci ni bile ni ke bidat.
Од: realna
Датум: 31.07.2009 08:31:20
Kako moze eden pretsedatel taka brzo da go menuva stavot osobeno koga se raboti za akt koj se izleguva vo Sl.vesnik na MK. Od nego doprva ke se ocekuva cvrst stav, istoriski odluki za drzavata a toj se spletka za edno pomiluvawe.Prvin dade pomiluvawe potoa vide deka loso odekna vo javnosta, aj, ke go povlecam,bozem toa e odluka na nekoj kuken sovet. Se isplasi da ne mu padne visokiot rejting, Mnogu mi izgleda isplasen nesnaodliv,zavisen.i kako takov ke treba da go podnesuvame celi 5 godini?Bravo za site pola milion glasaci koi ni go donesoa na vlast !Kade se sega?Barem da go odbranat, da kazat nekoj zbor za podrska.Sto ne trpela ova nasa mala, mila drzavicka pa i ova ke pomine.
Од: petko
Датум: 31.07.2009 08:46:15
Навистина Бранко, е човекот кој е крив за се во државава, а највише треба да го окривуваме и за 48`година на инфорбирото и за Втората Св. Војна кога беше присатен и ХИТЛЕР,како ни ви е срам бе` ДПМНОВЧИЊА, толку сте писмени и затоа такви грешки правите и да ви кажем на време да си земете пристапници на БРАТОТ ЉУБЕ заклучно до 31-декември, зошто после нема да ве примаме и оставете го Бранко нека работи Човекот, а вие гледајте што повеќе да правите гафови и грешки за да може што побрзо да си заминети односно САНАДЕР СИСТЕМ (таква ви е среќата) и да во иднина за својте неписмени постапки не обвинувате ама баш никого зошто сте навистина смешни. Поздрав..........
Од: Nikola - Germanija
Датум: 31.07.2009 08:55:20
Ovoa ne veke cirkus,tuku Drama!Vlastta priznava deka nema kontrola vrz slucuvanjata vo Drzavata!Ednas sudot bil "SDSM"-ovski,sega SDSM imal platenici vo vladinite sluzbi i sto nema da mu tekne na DPMNE samo da go svrti javnoto vnimanie od sopstvenata nesposobnost.Da ne bese tolku tragicno za napatenite MKski gragjani i ugledot na Drzavata vo svetot,mozese da mu konkurira na K-15!Tesko vas so Nikolce i negovata tajfa.Ako nekoj uste i veruva na ova garnitura,togas zaklucuvam,deka kampanjite na Gruevski vo poslednite godini navistina donesoaa "rezultat" i spas nema veke.Arnaudov ne se najde slucajno na listata,bidjeki toj znae nekolku raboti za Nikolce od negovoto vreme kako ministar kaj Ljubco G.,pa toj sega stravuva deka Lambe mozebi ke se progovara.Cirkuzot so pomiluvanjeto e simptom deka vlastta i nikogash nemase koncept za dobroto na Drzava i raboti spored moe licno mislenje edinstveno za nejzinite dzepovi.Sreken sum sto ne mora jas da go izdrzam banditizamot na tn.patriotska vlada!
Од: Andrej
Датум: 31.07.2009 09:06:13
Definitivno e sega!!Nema idnina za drzava so vakva vlast!!Kpj narod ja glasa ovaa mizerna vlast!Monty Payton se sala za ovie!
Од: Трпе.
Датум: 31.07.2009 09:08:12
На овие децата,се некој друг им е виновен.Кога го прашале малиот Коље,кој направил белја во гаќите,неговиот одговор бил дедо Коље..До кога ова наша неспособна ,арогантна ,разгалена ЕПП влада се некој друг ќе им биде виновен.Па гплем број од народот уште пред председателските избори советувавме дека Ѓоле мора да има добри советници зачовекот несакајки да прави грешки.Човекот си е роден за редење бисери.А владата својот народ го смета за малоумен.Па самиот Ѓоле спомна дека наместо 12 месеци на Ламбе ќе го амнестира 10 месеци.Но кој му е советник,госпоѓа Маневска.Случајот ќе биде ист како за примените пензи и плата на нејзиниот сопруг кога му требаше да пронајде вистински одговор 4 месеци ,на крајот да излезе дека фондот му должи уште пари.Пак некој комуњар,близок пријател му подметнал.Па и Ѓоле е бивши комуњар,па и нему близок му подметнал.Друг пат нека гледа што потпишува.
Од: Antonio
Датум: 31.07.2009 09:21:18
znaci stvarno ovie od VMRO se nepismeni kako moze Branko Crvenkovski da e zamesan vo odlukata i izjavata na MARIONETATA IVANOV
Од: zelezara
Датум: 31.07.2009 09:35:27
HA HA.Branko im e nokna mora
Од: bobi
Датум: 31.07.2009 09:45:23
Diletanti koga vodat drzava samo mozat vaka.I Ivanov ako e za vas pretsedatel za mene e obicna marionetka.I ne go branete bidejki nemate sto da branite.Nula si e nula.Kako funkcija ke go kazam deka e pretsedatel iako i toa ne go zasluzuva.Sepak ne mislam da bidam kako vas vmrovcinja.Sepak sum legalista.A vie 18 godini ne priznavate pretsedatel i sega ke solite pamet za toa deka sepak bil pretsedatel.Od koga stanavte legalisti ili taka vi godi.
Од: zika mukac
Датум: 31.07.2009 09:52:03
Eve 3 godini pominaa ke pominat uste 3 pa ke se merime na izbori koj ke ima poveke dali Grujo,dete golomese ili Branko penzionerot a greski ke ima , imeno koj rabote toj i grese
Од: iki
Датум: 31.07.2009 09:57:48
ALOOOOOOOOOOO osvestete se site ovci na celo so N.G zaedno so nedovetniot bicikiski svesni li se sto izjavuvaat ili mislat deka narodot e prost i nisto ne razbira,kako ne im e stram na nivnite presovi da izjavat citiram ama gi nasednavme i izraduvame sdsm so laznoto objavuvanje na pomiluvanjeto na Arnaudov za posle toa G.I javno se izvini so komentar deka bilo tehnicka greska ,da se slozuvam deka i toj G.I i N.G i dvajcate se tehnicka greska i vednas treba za dobroto na makrdonija sto poskoro da gi nema Zamislite kakva smeska za se bil kriv BRANKO CRVENKOVSKI se slozuvam deka e kriv branko ama kriv e bidejki uste ve tolerira sto poskoro za dobroto na narodot HORHE marionetceto i G'UICA so ekipata sto poskoro da si zaminat od politickata scena SE BLIZI 15 septemvri GOTOVI SE
Од: Marija
Датум: 31.07.2009 09:58:39
I jas mozam da vladeam taka-ke si najdam dezuren krivec i ke si pravam sto sakam. Alooo drzava vodite!!!
Од: Кичево
Датум: 31.07.2009 09:58:45
Е навистина Бранко Црвенкоски беше и остана ноќна мора на овие од ДПМНЕ, кутрите ни јадат ни пијат ни спијат без да го спомнат. Можеби следниот гаф ќе му го припишат на Киро Глигоров или пак на Питу Гули, којзнае ќе видиме. Каде е „најголемиот“ патриот и оптимист-Мачорката???
Од: dbreak
Датум: 31.07.2009 09:59:31
Samom vo Makedonija moze da ima vakvi prosti pretsedateli. Nikade na drugo mesto. .
Од: jas
Датум: 31.07.2009 10:01:38
da ne bese tragicno ke bese smesno.
Од: davidov
Датум: 31.07.2009 10:14:00
Катастрофа.Ако нешто потпишувам треба да видам.А што ако беше некој документ доверлив
Од: zabegan.
Датум: 31.07.2009 10:24:01
Да неје трагично би било ептен смешно.Ај првин договоретесе што ќе изјавете.Бичикот кажува едно Прецеднико (марионетата на Гвуја друго)Бог да чува Бранко бил кривецот.Администрацијата била,Само ГВУЈО и ЃОЛЕ се прави ко ортома во торба.
Од: suzana
Датум: 31.07.2009 10:24:55
NEPISMEN PRETSEDATEL toa e makednoski narode ne e nisto nego toa si e ne si igrajte majtap, toa e ni Branko za se na ovie glupite ovci samo Branko im e kriv a deka tie nemaat 2 cisti za politika toj pak za se e toj kriv kriv e ovoj napaten narod sto ne zemi da gi izbrka edna revolucija pa da vidat koj e kriv.
Од: b
Датум: 31.07.2009 10:45:10
Браво за Бичиклиски. Ја кажува изгледа вистината! Покрај такви како него и магаре може да им подметне било што!
Од: acko
Датум: 31.07.2009 10:57:22
Monti pajton se umetnici ovie nasive se lakrdijasi i cirkuzanti...........za nasa zal.........
Од: koco
Датум: 31.07.2009 11:16:35
abe sto vi e na vas ljuge,zar tolku partiite vi go ispile mozokot pa nemozete da sfatite sto e poentata na ovie gafovi....Namesto da se fokusirate na ekonomskite problemi sto vrijat vo ovaa drzava,na socijalniot kolaps na drzavta ,na amaterite sto gi pustija vo zdrastvoto i red drugi katastrofalni greski,svestete se i da barame ovaa vlada da si gi ispolni vetuvanjata,sto gi najavi kako ekonomski bum, so vas narode manipulira grujo kako sto saka,vi frli nekolku gafovi i vi letna umot po niv, seto ovaa se veli perenje na SVESTA.... RAZBUDETEEEEEE SE......
Од: Емилија
Датум: 31.07.2009 11:22:06
За секоја глупост што ке ја направат Вмровците, криви се Бранко и опозицијата. Не верував дека толку се глупи или тие се паметни, а мислат дека народот е прост па тој пак ке им поверува. Како не им е срам? Претераа!!!
Од: verag
Датум: 31.07.2009 12:07:05
Не се сложувам дека Иванов е глуп- неговото објаснување е за неколку скалила поинтелигентно од она на Бичиклиски- ако за таква глупа изјава може да се прави ваква споредба. Всушност,помалку е глупа од таа на ВМРО.Према нив,председателот се однесува како нововработените во социјализмот- кои не можеа да ги одбијат колегите за потпис за жирант. Па така и тој,му дале нешто да потпишува и без да прошита потпишал. Но што со изјавата на потпаролот на Председателот дека Арнаудов заслужил помилување? И оваа изјава ли му ја подметнал Црвенковски?
Од: ko ko na
Датум: 31.07.2009 12:34:33
Koga ke ni go vidam segasniot ni 'tatko' na drzavava kako otvara usta na dnevna svetlina mi treba vreme za da ne go zamesam so tvorecot na sovremenava ni istorija-Ali Ahmeti: usta bez glas , covek bez senka ,vodenica bez zito., a slicnosta vo izgledot 'slucajna' li e...
Од: jimmy1
Датум: 31.07.2009 12:35:14
Na VMRO-Ovcite za sve im e vinoven Branko. Dali ovie nekogas ke primat na svoja odgovornost barem edna greska, ili nauceni se da obvinuvaat drugi. Po se izgleda site vo Makedonija se vinovnicite, pa duri i zivotnite, za greskite sto gi pravi VMRO. Ajde Lavice gukni nesto gugusko edna. Gledaj kakva stoka ste a nemislam ti da si nesto podobra, mozebi ti si beter. Gledaj na kogo si im go dala zadnikot pod kirija.
Од: sdp
Датум: 31.07.2009 13:06:16
Gospoda od Vmro,ne zaboravajte deka i SDSM na ist nacin go vregaa ovoj ist narod,pa videte kaj se,zatoa ne ocekuvajte na narednite izbori da bidete nagradeni tuku ve ceka istata sudbina kako SDSM, da ve kazni narodot .
Од: Stole
Датум: 31.07.2009 13:26:55
Не дека ме интересира политика али како дибеков да не прочита сто пишува во документ што го потпишува...идиот невиден...е Бранко, Бранко.. за се си крив ти...
Од: Aleksо
Датум: 31.07.2009 13:50:32
Гробарот почна да игра пак валкано, но како што мене ми стојат работиве, гробарот за брзо време ќе му прави друштво на Ламбета, па после ќе го моли претседателот, "аман те молам аболицирај ме , пак ќе бидеме другари, не се лути, ќе го уништиме сега Груевски со своето оружје т.е Иванов " Бранко + Иванов = државен удар е на повидок...
Од: jug
Датум: 31.07.2009 14:40:01
Smea,smesno ,humoristicno i sl. Vladeackata partija i nivniot pretsedatel se molat na televizija na opozicijata da ne gi zadevaat. Kako mali deca. VMRO-DPMNE imate poseriozni problemi od Lambe i slicni sitnici za koj treba vo sekunda da zaboravete koj napravil greska vo spisokot. Imate pogolemi i seriozni problemi vo bliska idnina, se poleka odi vo nepovrat. I ona malko sto sme go napravile za ovie 20 godini ke odi jabana. Ako vaka se prodolzi se soglasuvam so Nevzad Halili za negovite stavovi.
Од: koki
Датум: 31.07.2009 14:42:56
Duhot na Branko e prisuten vo sekoja drzavna institucija.Navistina se frustrirani jadnive VMROvcinja od nego, pa za sekoja glupost sto ke ja napravat se znae koj e kriv BRANKOOOOO. Dusicki duri sega neznaat kade im e glavata, taka da od sega pa natamu mozeme da ocekuvame sekojdneven cirkus od niv, potocno jaki biseri od Bicikliski.
Од: od mene
Датум: 31.07.2009 14:44:04
Lele bre zlatna Sonce ako ne si ti nema kade tvoite sopartijci da si davat odiska. Vaka baremse ispukuvat a nie citatelite samo vi se cudime na vasiot razum.
Од: Petre
Датум: 31.07.2009 15:05:41
I da go "dopisal" Branko svoeracno, VIE Gospoda od Vlasta ste vinovni. Ili poinaku, ako moze nekoj da vi dopise nesto a vie da potpisete, znaci NE VE BIVA !!!!!!!!!!! Jasno kako den!!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Пишман одлука
Кризата удри и по македонските банки
Скутерџиите непожелни во Охридско Езеро
Кој ги пишува анонимките до УЕФА?
Колку се богати градоначалниците
Миленко го собори Дарвин
Криминал со дрва
И Министерството за култура, ако треба, ќе штеди
Од август парното поскапува од 8 до 17 проценти
Власт блиска до народот