Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

„Таксират“

Mузичко загревање

Македонската публика викендов ги следеше настапите на „Бернаис пропаганда“ и „Дарквуд даб“ пред 12. „Таксират“

Бојан Шашевски

Полека почна звучното загревање за овогодишниот, 12. музички фестивал „Таксират“. Литиумци, отсега познати како „Пасворд продукција, се фатија во клинч со „Оне“ за да обезбедат сосема квалитетна, еклектична музичка програма за сечие уво што решило да биде дел таксиратската недела. Во период на масовна наезда од поранешните југословенски феномени, себедеградација, силикони и носталгија, од 27 ноември до 4 декември на неколку скопски локации ќе се распостели и реализира еден од можеби најдобрите фестивали што и' се имаат случено на матичната Македонија. Во рамките на „Таксират 2010“ организаторите веќе успешно ни ги прикажаа првите промотивни настапи на келтското-панк лудило „Д Рил Мекензис“ и францускиот арт-квартет „Нувел Ваг“, па така, во пресрет на централното музичко доживување, закажано за претстојната сабота, викендов на неуморните супкултурни фанови им засвиреа два големи бенда од малата, непретенциозна балканска рок-сцена.

Како поддршка за најавениот концерт на „Бернаис пропаганда“, во петок, на бината во „Колосеум“ продефилираа млади македонски групации. Први беа „Фонија“, панкерското-хепи хардкор алтер его на гитаристот Крстев, басистот Ристовски и тапанарот Лафазановски. Момците многу енергично, во свој стил, ја отпочнаа звучната пресметка со публиката во клубот. Посетителите можеа да го слушнат и деби-настапот на четричлениот состав „А Венус флај треп“, алтернативна-гараж-панк комбинација. Оригинално музичко загревање. Бендот што носи име на месојадно растение многу умешно не' инфицираше со електрицитет, вокална дрскост и гитарска провокација.

Првиот тон на „Бернаис пропаганда“ ги повика присутните пушачи да долетаат од терасата на клубот и да заземат позиции пред бината. Се окупираа и шанковите. „Колосеум“ се наполни, а главниот петочен бенд веднаш ги врза фреквенциите со публиката. Водени од политичкиот импулс, антиглобалистичката агресија и гневот од медиумската пропагандна, вокалистката Кристина Горовска, басистот Ненад Трифуновски , гитаристот Васко Атанасоски и тапанарот Џано Куч, последните двајца се дел и од бендот „Ха-ха-ха“, ги редеа темите „Убиј ме!“, „Мај персонал холидеј“, „Анонимен непријател“, песната на која познатиот тапанар од „Генг од фор“, Марк Хини, неодамна направи свој микс - „Булдожер“, потоа „ВИП ин передајс“, „Овој ден да помине“, „Се плашам од луѓе“, „Безбедно лево“… Експлозивните ритми и бунтовничките пораки ги кренаа на нозе речиси сите од клубот. Од љубопитни средношколци до закоравени панк и рокенрол фаци. Иако „Бернаис пропаганда“ вирее само неколку години, сепак, публиката веќе наизуст ги пее темите од двата албума „Хепинес машинс“ и „Мај персонал холидеј“. Инспирирана од манипулативните модели на Едвард Берни, Кристина и овој пат подели зборови од својата идеологија со разиграната публика. Присутните го минаа концертот во еден здив. „Бернаис пропаганда“ потврдија дека се диско-панк оружје за масовно уживање.

Саботата донесе ново, поинакво музичко рок-искуство. Таксиратите се преселија во клубот „Хавана“. Немаше предгрупа за „Дарквуд даб“, па на појавувањето на белградскиот бенд се чекаше дури еден и пол час и пол од претходно најавеното време. Но, не помина долго за Вуча, Лав, Мики и Бамби да го разгорат уметничкиот и естетски израз. Составот, чии почетоци се од 1988 година и зад себе има седум студиски албуми, брзо создаде интимна, интригантна, но и танцувачки ориентирана атмосфера. Нијансите на нивните тонови брзо одекнаа на лицата на многуте обожаватели, кои повторно дојдоа да го слушнат култниот српски колектив. Можеа да се слушнат теми како „О пустињи“, „130“, па се' до „Запремина тела“ и „Недалеко одавде“. Повторно ни дадоа музичко парче од соничниот, многу емотивен микс од рок, даб, драм-енд-бејс, реге и денс креација. Вокалистот Вуча не престана да скока, а истовремено да пее и да се заблагодарува за аплаузот од присутните. Фановите дишеа во ист ритам со членовите на српскиот рокенрол бренд-бенд, „Дарквуд даб“. Уште една убава музичка ноќ од „Таксират 2010“.


#
Статијата е прочитана 902 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Џана Нанини
По мерак на кафеанските сладокусци
Под нож поради брчките
Предизвик му беа сите женски здолништа
Плусови и минуси за секаде присутната пластика
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars