Тони Паркер
Предизвик му беа сите женски здолништа
Кошаркарот Тони Паркер не ја измами славната сопруга Ева Лонгорија само со жената на својот соиграч, туку и со многу девојки , пишуваат американските таблоиди. Всушност, не можел да се воздржи и секое здолниште му претставувало предизвик.
Разводот на славната богата двојка, според текот на настаните, може да стане голем срам. Освен што двајцата побараа развод во различни држави, во јавноста се слушнаа приказните за не��ерствата на Тони. Јавноста одамна знае дека не е светец, но Ева му признала на еден свој пријател дека можеби ќе му прогледала низ прсти, доколку времето што го минувале заедно било квалитетно.
|