Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Струмица ќе се гасифицира со свои пари

Проектот чини 3,8 милиони евра, а ќе се реализира во средината на 2011

СТРУМИЦА - Градоначалникот Зоран Заев и официјално го повлече барањето за кредит од Светска банка за финансирање на проектот за гасификација. Струмица ќе се гасифицира и без согласност од Министерството за финансии. Ваквата одлука ја донесе Заев откако владиниот ресор тактизираше 11 месеци, односно не даде ни позитивен ни негативен одговор по барањето за кредитно задолжување. Општината има висок кредитен рејтинг и ги исполнува сите законски услови и критериуми за задолжување.

Проектот чини 3,8 милиони евра. Од овој износ, 2,8 милиони евра требаше да се обезбедат преку кредит од Светска банка, а другите да се покријат од општинската каса. Сега, со повлекувањето на барањето, за гасификација ќе се инвестираат општински средства.

„Исклучиво политички се причините зошто Струмица не добива ваква согласност. Но, резилот и срамот нека останат на оваа Влада, на Министерството за финансии. Струмица е во Македонија, а овој прекрасен проект останува за потребите на струмичкото стопанство, граѓаните, јавните институции. Тоа е добро, бидејќи е одличен пример за да се имплементира и во другите општини. Додека Европа се бори за вакви објекти, ние, во Македонија, за жал, лечиме политички комплекси. Во секој случај, ќе посегнам по изменување и дополнување на законот за оваа работа, тие процедури ќе течат, но Струмица нема да дозволи од политички причини да застане во својот развој. Ние ќе го изградиме гасоводот, со сето она што струмичкото стопанство како финансиска сила го генерира и за нашиот буџет. Се надеваме дека во средината на идната година гасот ќе протече во Струмица“, вели градоначалникот Зоран Заев.

Првиот човек на Струмица смета дека Владата намерно одолжува со давањето согласност за да се истрошат средствата од Светската банка, кои се многу поволно кредитна линија, за на крајот да даде позитивно мислење кое повеќе нема да и' врши работа на Струмица. Барањето за добивање согласност до Министерството за финансии било испратено на 10 јануари оваа година. Во меѓувреме, биле доставени дополнителни информации што ги барал надлежниот ресор, иако според Заев, не биле потребни. Но, и оттогаш поминале пет месеци без Министерството да соопшти каков било став по поднесеното барање.

Токму од овие причини, општината реши сама да го гради гасоводот во должина од 13 километри. Кон крајот на октомври ќе биде распишан тендер за избор на изведувачот и во јули идната година гасот веќе треба да го има во Струмица.

„Во буџетот за 2011 година проектираме сопствени средства, со цел сами да ја изградиме гасоводната мрежа и ги поставиме двете станици за декомпресија на гасот. Наместо да инвестираме во компресија на гасот во Бугарија и во целиот транспортен систем, ќе одиме по системот на увоз на гас што, најверојатно, и ќе ја зголеми цената за 2-3 денари. Но, сепак, е многу поевтин од кој било друг енергенс. Ќе се заштеди во стопанството, јавните институции, земјоделството и домаќинствата“, објаснува струмичкиот градоначалник. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 551 пати.

Испрати коментар

Од: boris
Датум: 14.10.2010 14:15:12
Браво за Струмица и неговите жители! Можеби единствената општина во МК што нормално функционира! Луѓето работат и се вредни таму,а со тоа и стандардот им е повисок. Сосема заслужено.
Од: Risto
Датум: 14.10.2010 16:46:48
Zoran samo napred,ama poglednuvaj i od nazad,3.2milevra i ne se golemi pari,Strumica ima 100 iljadi ziteli,neka dadat po 32 evra i se e odplateno,i uste nesto,parite da in se vratat za 5 godini,a ne kako Telekom go prodadoa a dadov 1200 marki,ne znam koj da tuzam dali popot ili vladikata.
Од: Трпе
Датум: 14.10.2010 19:44:04
Едно големо браво за струмичкиот градоначалник Заев.Човекот работи со глава,затоа има разбирање и со позиционите советници.Има разбирање и со стопанствениците.А што направија и што ке направат позиционите грабоначалници иако позади нив стои бладата.

Најди! во Утрински
Македонија
Лозарите ќе ги корнат лозите
Туристичко биро наскоро и во Берово
Недостасуваат учебници по албански






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia