Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Недостасуваат учебници по албански

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Наставници од повеќе основни и средни училишта во Тетово алармираат за недостиг од учебници по албански јазик, а истовремено бараат и повлекување на одредени книги поради содржински недостатоци. Овие забелешки се адресирани до Секторот за јавни дејности на Општина Тетово, а ќе бидат проследени до Министерството за образование и до Владата.

Таков е случајот со учебниците по музичко воспитание за вишите одделенија на албански јазик за кои се вели дека „немаат ниеден елемент од албанскиот фолклор и култура, односно нема ниедна албанска песна“. Ист е ставот за учебниците по географија и по историја за средно гимназиско образование.

„Во учебникот по географија картите и топонимите се на македонски јазик, содржат терминолошки недостатоци, додека во историја не се споменува албанскиот народ и неговата култура и традиција“. Овие забелешки вчера на прес-конференција ги презентираше Илјаз Халими, раководител на Секторот за јавни дејности н�� Општина Тетово. Тој додаде дека во четири основни училишта недостасуваат учебници на албански наставен јазик.

Во нижите одделенија има недостиг на учебници по предметите: англиски јазик, албански јазик, запознавање на околината, музичко, ликовно, физичко и здравствено воспитание, природни науки и македонски јазик. Во други пет основни училишта има недостиг од учебници на албански јазик за вишите одделенија по предметите: математика, македонски јазик, англиски јазик, хемија, географија и биологија. Во шест училишни средини нема учебници по англиски јазик, математика, историја, информатика, техничко образование, природни науки и запознавање на општеството. Слична е ситуацијата во две училишта во Тетово каде што наставата се изведува на турски јазик. Учебници недостасуваат по германски јазик, англиски јазик и историја за седмо одделение во две училишта каде што наставата се изведува на македонски јазик.

„Неадекватен превод од македонски на албански има во учебниците за албански. Таков е случајот со книгите по музичко, ликовно, запознавање на природата, географија, математика, историја кои се од македонски автори и со содржина од македонската култура. Без ниеден пример за соживот, меѓуетнички и меѓуконфесионални односи е учебникот по етика за шесто одделение, чиј автор е Македонец. Учебникот по запознавање на религиите за петто одделение на албански јазик е превод од македонски и од 21 наставна содржина, само во пет поглавја се зборува за исламот. Другите се за христијанството и за јудеизмот. Учебниците по запознавање на околината и македонски јазик не се оние за кои се определиле наставниците“, нагласува Халими.


#
Статијата е прочитана 235 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 14.10.2010 15:09:11
Imaat na makedonski .... neka ucat !
Од: Ricka
Датум: 14.10.2010 22:10:11
Kako i da e neka imat knigi bez greshki no ushte po dobro shto sekoj ke uci na svoj jazik poradi toa shto po dobro go razbira i potoa go transmetira....

Најди! во Утрински
Македонија
Лозарите ќе ги корнат лозите
Струмица ќе се гасифицира со свои пари
Туристичко биро наскоро и во Берово






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia