Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
3457

Ен Ардин и Софи Вилен

Кои се „жртвите“ на Џулијан Асанж?

За сексуално злоупотребување, присила и силување, Асанж го обвиниле две жени, Ен Ардин и Софи Вилен, меѓутоа, нивните приказни се преполни со дупки, а некои детали се толку натегнати што мора да се посомнева во нивната веродостојност

Британскиот дневен весник „Дејли мејл“ објави реконструкција на настаните, кои на крајот резултираа со обвинувања на сметка на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ дека е силувач.

Асанж е уапсен вчера, во средата на 8 декември, во Лондон, врз основа на потерница од Интерпол, откако тој во 9,30 часот наутро, во придружба на двајца адвокати дошол да и' се предаде на полицијата.

За сексуално злоупотребување, присила и силува��е Асанж го обвиниле две жени, Ен Ардин и Софи Вилен, меѓутоа нивните приказни се преполни со дупки, а некои детали се толку „натегнати“ што мора да се посомнева во нивната веродостојност. Инаку, обвинувањата најнапред се отфрлени во Стокхолм, но повторно се покренати Готенбург откако „Викиликс“ ги објави тајните документи на американската дипломатија.

Својата првата „жртва“ Ен Ардин, Асанж ја запознал на 11. август во Стокхолм, каде што престојувал во нејзиниот стан, во текот на својот службен пат, додека таа била надвор од градот. Но, Ен се вратила нешто порано, а истата вечер заминале во ресторан и по враќањето имале сексуален однос. Почетокот на приказната го потврдиле двете страни.

Меѓутоа, во текот на односот пукнал кондомот. Асанж тврди дека тоа било случајност, додека Ен верува дека тоа го сторил намерно.

Наредниот ден, во неделата, Асанж и Ен, која познаниците ја опишуваат како „радикална феминистка“ многу ангажирана во борбата против сексуалното злоупотребување и родовата дискриминација, продолжиле да се дружат. Таа, истиот ден организирала и забава во својот стан, во негова чест, не знаејќи дека Асанж тој ден ја запознал и својата втора „жртва“ Софи Вилен, со која ќе ја „изневери“.

Софи и Асанж ручале заедно со колегите, по неговото предавање во седиштето на Шведската трговска комора. Иако некои тврдат дека Софи сама се поканила на масата, а други дека токму Асанж ја поканил, сите се согласни дека парот очигледно флертувал цело време. По ручекот биле во кино, па потоа во парк, а Софија на полицијата и' кажала дека уште тогаш „биле интимни“, иако не спиеле заедно.

Асанж, вечерта морал да се врати во станот на Ен на забавата, додека Софи заминала дома во Енкепинг. Се слушнале по телефон, по што Софи и' се пофалила на пријателката дек „мати“ нешто со најпознатиот светски „свиркач“.

Таа вечер Асанж повторно завршил во кревет со Ен.

Веќе во деновите што следуваат Асанж и Софи договориле состанок во Стокхолм, по што отишле кај неа дома и спиеле заедно. Софи тврди дека Асанж првиот пат имал кондом, но не и во текот на сескот идното утро. Наведува и дека го молела да стави заштита, но тој одбил. Истиот ден, Асанж се вратил во Стокхолм.

Продолжението на приказната е многу матно, зашто може да го потврдат само Ен и Софи.

Имено, Софи истата вечер и' се јавила на Ен, со која била во политичката партија „Братско движење“ и и' признала дека спиела со Ааснж без заштита и дека стравува од бременост и полови болести. Тогаш Ен сфатила дека Асанж „седел на две столчиња“ и многу лута, веројатно и љубоморна, признала дека и таа спиела со основачот на Викиликс. На полицијата и' раскажала дека веднаш ( во вторник) побарала од него да го напушти станот, но Асанж тврди дека тоа го побарала дури во петок.

Токму тој ден, во петок на 20. август, двете „жртви“ заедно отишле во полиција да го пријават Асанж. Иако Ен тврди дека пријателката ја повикала само за поддршка, и таа на крајот ја раскажала целата приказна. Полицајката им објаснила дека имаат основа за пријава: Ен за сексуално злоупотребување, доколку Асанж намерно предизвикал да пукне кондомот, а Софи за силување, ако навистина не сакал да стави заштита откако повеќе пати го замолила.

Во саботата, по новото испитување на Ен, полицијата покренала истрага по Асанж, а веќе идниот ден медиумите се распишуваа за „силувањата за кои се товари основачот на Викиликс“. Шведските власти не сакале да го забрзаат случајот, поради медиумското внимание, но по прегледот на документацијата, главната обвинителка ги отфрлила обвинувањата, заклучувајќи дека нема основа, за Асанж да се обвини за силување. Ако и се случило нешто незаконски, се работи за неважни дела. Тоа ја разлутило Ен и со приказната излегла во медиумите и уште тогаш се потрудила да демантира дека се работи за меѓународен заговор против Асанж.

- Пентагон нема никаква врска со ова. Асанж мора да понесе одговорност за она што ми го стори мене и на другите девојки. Тој е личност со искривен поглед на жените и не знае дека „не“ е „не“ - објаснила Ен Ардин.

Меѓутоа, нејзините изјави ги дискредитираат пораките што ги оставала на „Твитер“, а подоцна се обидела да ги избрише. И пред да го запознае Асанж истакнала дека ќе му се одмазди на мажот што ќе ја изневери.

Кога увиделе дека ја губат битката, Ен и Софи го ангажирале Клас Боргсторм, адвокат специјализиран за такви случаи и голем борец против половата дискриминација, кој, наводно, го отворил случајот во Готенбург.

Неодамна по Асанж е изд��дена потерница врз основа на која во средата е уапсен во Лондон. Шведска бара негово испорачување, но адвокатите на Асанж истакнуваат дека се' ќе сторат да не дојде до тоа. Се плашат дека по доаѓањето во Шведска, властите би можеле веднаш да го испорачаат на САД основачот на „Викиликс“. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1927 пати.

Испрати коментар

Од: Erikson
Датум: 09.12.2010 12:37:07
Kakvi se tie „натегнати“ detali?
Од: nikola
Датум: 09.12.2010 15:26:39
Gluposti...!!!!!
Од: pero
Датум: 09.12.2010 15:55:49
Wikileaks ја симна лицемерната маска од политиката и го покажа вистинското лице на многу политичари и држави. Дури сега гледаме колку всушност предходно недостигал ваков медиум. Подршка!!!
Од: Realen
Датум: 09.12.2010 21:43:13
Neznam sto da kazam ovaa i najgolema feminstka ne bi go podrzala,ama stvarno Svedska treba da se zaobikoluva pa tamu ni vo WC da ne smees da odis.ke razberete mislam sto sakam da kazam.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Колумна
Нина Нинеска-Фиданоска
Поглед
Катица Чангова
Мислења
Ден Дончев
„Летачкиот дипломат“ ја изгуби последната битка

Елизабет Харли
Развод по петгодишен брак

„Златно славејче’“ - 40 години
Песни на нашето детство

 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud