Бледа расправа за извештајот на Европската комисија
Останувањето на Македонија надвор од ЕУ и од НАТО е темпирана бомба, предупреди Бонева од ВМРО-ДПМНЕ
Светлана Унковска
По еден и пол месец откако Европската комисија го достави извештајот за напредокот на земјава за изминатата година и откако надлежните собраниски комисии го разгледуваа секој својот дел, вчера пратениците расправаа на собраниска седница. Поради познатата содржина на извештајот, како и веќе изречените критики од опозицијата, вчерашната дебата беше бледа и измина без да се слушне нешто ново.
Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Ивица Боцевски, рече дека Владата со тоа што направила сеопфатна анализа и скица на сите забелешки од извештајот покажува колку сериозно пристапува кон него.
„Европските интеграции претставуваат клучен и врвен приоритет на Македонија и наша цел е колку што е можно побрзо земјава да влезе во Европската унија. Владата направи скица на сите забелешки и во иднина не смееме да дозволиме ниту една причина, ниту алиби за натамошно одложување на овој процес“, истакна Боцевски. Тој ги потсети политичките партии да направат се' претстојните избори во март да бидат спроведени фер и демократски.
Многуте критики кои дојдоа од опозициските пратеници, главно, се однесуваа на недобивањето датум за преговори, затоа што, како што беше наведено, Македонија не тапка во место, туку одела наназад. Пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули, обвини дека Владата нема јасна стратегија за клучните прашања и дека Владата веќе трета година по ред ја губи шансата да направи барем еден од стоте чекори на преродбата на патот кон ЕУ.
„Кои се приоритетите на Владата најдобро покажува изјавата на премиерот Груевски, кој рече дека ние сме ги исполниле критериумите, но поради спорот со Грција што и да направиме нема да влеземе во ЕУ, кој кога го добивме извештајот снимаше спор и рече дека не го прочитал и единствено што знае е дека годинава нема да добиеме датум за преговори“, критикуваше Макрадули.
За делот на економските реформи каде што се вели дека е набележан напредок, говореше претседателот на ЛДП, Јован Манасиевски. Според него, ваквите тврдења не се точни и дека состојбата во економијата е многу полоша од минатата година.
„Од извештајот на Економскиот форум во Давос се гледа дека во изминативе две години одиме надолу за пет места во конкурентноста на европскиот пазар. Како тогаш со толку спроведени реформи одиме надолу. Или не ни чинат реформите или некој не ја кажува вистината“, рече Манасиевски.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, ги повика политичките партии да се обединат, да лобираат и да работат за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО, затоа што, како што истакна, останувањето на земјава надвор од ЕУ и од безбедносниот чадор на НАТО претставува темпирана бомба.
Koj znae po koj pat go popusivme od izvestajot na EU.Narodot mozebi saka vo Evropa ama narodot ne gi pravi reformite.Niv gi pravi nekoj drug koj sto muva ne go lazi za Evropa.Nekoj umen covek rekol : Podobro prv vo selo otkolku posleden vo grad.A toa nasiot Premier si go vrzal vo krpce i tera po nego.Za da EU se zainteresira za nas nie trebe vnatre da resime da bideme evropejci a ne so drva i kamenja po Grcija.Pa ova so imeto e teatar na glupite politicari a ne na Grcite ili Makedoncite.Izgleda Gruevski si veli Makedonija toa sum jas.Reformi i toa uspesni dobri reformi se pravat so rabota na teren a ne so kabinetski reformi.Prvo ekonomija prvo odzaci fabricki a ne stranski investicii na fantomski firmi swed milk.Koga na pocetokot se slikase Premierot so tie od Svedska mnogu gordo i optimisticki rece ke nema povece mlecna kriza i frlanje t.e.prosipuvanje mleko na ulica.Koe e toj silen investitor svedmilk.Itaka natamu i taka natamu do besvest.Pa pak od pocetok. iI na krajot uste nekoe s
Од: Ne mi se veruva
Датум: 16.12.2008 01:45:01
Posle izgubeni tri godini bez datum za pregovori,bez troska sram stanuvaat ovie mali luge od vlasta i zboruvaat za uspesni reformi,za podobar zivot i za pobezbeden zivot,za ne znam sto i za ne znam kako,i deka se bilo vo red,ama ovie od Brisel ne mrazele,pa sakale da si se druzat samo so grcija,pa toa deka opozicijata e kriva,pa nastavnicite se krivi...Mali deca!
Од: zamislen
Датум: 16.12.2008 02:04:29
citam ova i se zamisliv, a be eden edinstven ne mozam da izdvojam od vmrovcive sto vredi, da receme kolku edna radmila, ili da ne ispadne deka um oboen, kolku edna ermira mehmeti. a be kako se pod ista matrica praveni kako da e osnoven kriterium sto pomalce mozok za da si polushen i poprotachko pljukanje . celo sdsm, ili dui i bilo koja druga partija nema takva prostotija kako eden bicikliski na primer. a be kako gi biraat izgleda se plashat od pametni ovie, pa bar licni da bea na izgled
Од: stole
Датум: 16.12.2008 08:25:26
do ovoj bocevski li dojde drzavava da se nadeva i potpira za vo EU. do vcera "dobar" clen na SDSM sega strucno lice vo VMRO-DPMNE po makedonski kazano toj e prav janicar.Bocevski preterano ja zaobikoluva vistinata nisto ne raboti samo si se seta,samo nesto zboruva ama pak nisto ne kazuva sto srabotel za makedonija cudo od covek tolku li si go mrazi makedonskiot narod sto non stop go laze deka nas site ne sakaat i ne gledaat kako del od Evropa,a nie sme zatvoreni kako vo kokosarnik cudo
Од: Kicevo
Датум: 16.12.2008 14:35:24
Најнови вести...од странство сите странци,гасарбајтери ги вракаат во нивните матични земји.Никој нека не ве лаже за ЕУ...пред малу зборувам со Лондон нема повеке работа за странците....Бугарите се вракаат,сите странци се вракаат...само некој што се појдени поодамна и имаат државјанство во Англија..Затоа чувајте го името МАКЕДОНИЈА..Ова го кажувам од блиски луѓе кој сега ми се јавија дека во странство ги вракаат...нема повеке странство нека не ве лаже никој мој Македонци...Таква е нашата судбина..да си ги поправиме и уредиме сите своите земји,да им речеме НЕ на политичарите нема повеке лажење за ЕУ..нема повеке странство оденје на работа.Позз.