Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали ќе го следи обраќањето на Црвенковски

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, задутре во 12 часот ќе им се обрати на пратениците

Оливера Војновска

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, задутре во 12 часот ќе им се обрати на пратениците, но неизвесно е дали и ова последно годишно обраќање на претседателот ќе се претвори во скандал, како многу пати досега. Во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не знаат дали ќе присуствуваат на обраќањето на Црвенковски, допрва ќе разговараат на оваа тема.

Директорот на Центарот за комуникација на владејачката партија, пратеникот Илија Димовски, вели дека се' уште немаат решено, деновиве ќе зборуваат за тоа и најверојатно ќе имаат координација на пратеничката група. И од Владата не откриваат дали премиерот Никола Груевски и министрите ќе дојдат да го проследат настапот на Црвенковски во парламентот. Владиниот портпарол Шефик Дураки цел ден не можеше да обезбеди информација дали неговиот шеф, премиерот Груевски, в четврток ќе биде во Скопје и дали ќе го удостои претседателот на државата со своето присуство во Собранието.

Портпаролката на ДУИ, пратеничката Ермира Мехмети, вчера кусо ни кажа: „Па се обраќа претседателот на државата, би требало да присуствуваме. Пратениците на ДУИ и досега ги следеле сите настапи на претседателот“. Сепак, во ДУИ не знаеја дали говорот на Црвенковски ќе го следат и министрите од нивните редови.

Какви пораки ќе испрати Црвенковски во годишното обраќање пред нацијата, зесега не е познато. Од неговиот кабинет не откриваат на кои теми ќе се фокусира тој и кои ќе бидат главните поенти на говорот на претседателот. Наредната година е изборна, Црвенковски во неколку наврати јавно кажува дека нема да се кандидира за уште еден претседателски мандат. Но, во политичките кругови постои сомнеж дека тој можеби ќе се премисли и ќе влезе во трката. Веројатно, поради тоа го има и во анкетите што ја мерат популарноста на потенцијалните претседателски кандидати.

Премиерот Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираа сите излагања на Црвенковски, освен минатата година. Груевски го игнорираше Црвенковски неколку пати како опозициски лидер. Но, и пред две години како премиер заедно со комплетниот состав на Владата не дојде на обраќањето, што во политичките кругови и од дипломатите беше протолкувано како скандалозен потег. Груевски лани го следеше експозето на Црвенковски, но имаше полубојкот на Владата. Во собраниската сала беа само дел од пратениците на владејачката партија и двајцата министри чија надлежност е директно поврзана со надворешната политика, одбраната и НАТО.

Настапите на Црвенковски првите две години од неговиот мандат ги следеа само 50-ина пратеници од редовите на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Меѓутоа, забележително беше отсуството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Обраќањата на Црвенковски во континуитет ги игнорира целата пратеничка група на ДПА.


Статијата е прочитана 1049 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 16.12.2008 01:21:21
Bas bi sakal da znam kakvi nebulozi ke kaze Brane.no siguren sum deka negoviot govor ke izobiluva so cinizam,i napadi,so cel da ja prikrie sopstvenata nesposobnost.
Од: Nino
Датум: 16.12.2008 01:33:05
Ajde konecno da vidime dali ke pocnat so sproveduvanje na preporakite na EU i dali ke porabotat na politickiot dijalog i kohabitacijata,ili kako i dosega ke zboruvaat kako nekoj drug ne pocituva institucii,a tie se cvekinja koi ne go osporuvaat pretsedatelot samo koga im dodeluva mandat.Ma neka zaminat sto pobrzo ovie stetnici od dpmne
Од: glasac za branko forever
Датум: 16.12.2008 01:53:45
na prostotilakot znaci mu nema kraj...i prostata masa sto e najtragicno se pali na takvi protitilaci. i posle evropa da ne cenela, a be ova e nemanje domasno vospituvanje a ne politicko. ne go priznavale hunzite branko zad koj stojat 550 iljadi glasaci. pa nie sto ne ve priznavame vas to da pravime? ja gledav ermira na XO, so diplomatskiot recnik i elokventnost site od vmro vkupno i se nedorasnati. taa znae kulturno i vaspitano da odgovori, patriotive ssto go krijat dzemaili ne udostojuvale pretsedatel na drzavata. a be ima li spas od ova zlo
Од: USA
Датум: 16.12.2008 02:27:10
Edno e jasno deka na ovie od vladata na celo so Grujo nesto im e izmesteno vo glavite pa procesot na racionalno razmisluvanje im e poremeten.Crvenkoski ne gi vikna doma na gosti pa ovie ne odat i go bojkotiraat pa nikomu nisto.Tie moraat i so golemi bukvi ZADOLZITELNO moraat da bidat tamu koga se obraka predsedatelot na Makedonija bez obzir dali toj se vika Branko ili Petko ili Janko.Grujo ti ne go bojkotiras Branko tuku sebe si i cela tvoja svita na kogo Branko e predsedatel sakale vie ili ne.Mozebi i mnogu od pratenicite i ministrite ne mozat da te gledaat tebe no sepak se tuka.No tuka ima eden golem prasalnik koj treba da si go postavis dali tie okolu tebe se tuka bidejki te respektiraat, te postuvaat i cenat ili pak za da drpnat nesto od medot koj go delis po svoe ubeduvanje a ne po zasluga.Grujo od tebe ne biduva politicar .
Од: sulejman
Датум: 16.12.2008 03:38:06
Abe koj e toj Crvenkovski. Go slusav na A1 i si velam zarem ova e pretcedatelot na Makedonija - pa toj ne znae da zbori - ne znae da bekni be lugje. Abe ne se pismeni politicarite vo Makedonija za da mozat da ja izvadat od kriza. Vam vi treba pismeni - uceni i so iskustvo lugje za da gi nadminite problemite. Treba da izgradite generacija koja ke gi zaseni site zapadno evropski velesili a ne da se borite i da se nadmudruvate so komsiite: grci, bugari srbi i albanci. Povisoko treba da celite za da ve cenat site vo Evropa i Svetot - vi fali PROFESIONALIZAM. So Singo, Zegin, Andov, Petkoski, Gligorov, Crvenkovski, buckovski, Boskovski, Velija, Tinex, Ljubco Georgeievski i sega novite pilistari (sekoja cest na poedincite - koi se retki) so eden zbor BAGRA - nema Makedonija nikogas da uspee, zapamtete go ova - ne ve vregjam sakam da vi pomognam - da ne bidete i ostanete slepci
Од: Vlado Masalko-Resen
Датум: 16.12.2008 03:53:12
Druze pretsedatele!!! Ispeana pesna ste!!!Samo ednoi te isto verglate!!!Vekje videno.Imavte dosta shansi da se pokazete i dokazete ama za zal site gi opleskavte.I sto sega ke barate vtora shansa li???Izvinete,no smetam deka ne ja zasluzuvate!
Од: Ljubotan
Датум: 16.12.2008 04:36:48
Pa o takvo brasno ne se pravi leb- 0d takvi lugje i so takvi politicari ne se pravi drzava! Bugrakiot Premier tocen!
Од: ljupco,bitola
Датум: 16.12.2008 05:49:22
Помина скоро целиот мандат на местото председател на Р Македонија,а сеуште се дискутира за една најобична работа,кој ќе присуствува на неговото годишно обраќање? За цело тоа време држалникот не се ни обиде да се промовира себеси како председател на сите граѓани. ``Неговата``сдсм му е во центарот на сите збиднувања,за цело ова време смени тројца в.д. лидери и партијата му е резервна варијанта, во случај да не добие уште еден мандат. Премиерот ќе присуствува на неговото обраќање,за да не добие опомена од Фуере, за непостоење на минимум кохабитација, тоа е патетично!
Од: Stojan
Датум: 16.12.2008 07:58:03
Па зашто да го следи говорот на Црвенковски? Некои во историјата велеа: “ВМРО е држава во држава.“ од времето и како што се однесуваше и го сметаа макеодонскиот изрод кој никојпат нестапнал во Македонија, а кој “многу ја сакал“ да ја види како автономна држава како прва етапа во нејзиниот развој. А потоа, народе, претпоставувате каде ќе оди. Можеби во Европската унија.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 16.12.2008 08:15:24
Верувајте ми дека нема многу да изгубиме од демократијата и од политичката култура (која и така не го краси нашиот Џо Далтон) од теа што тој и неговоте ,,стадо нема да го следат излагањето на Претседателот Бранко Црвенковски. Искрено им препорачувам на ВМРОВСКОТО раковотство сепак да соберат барем малку храброст, иако знам дека ќе ги болат зборовите искажани од Претседателот но, сепак ВМРОВЦИ послушајте го белки ќе научете нешто.
Од: Petar
Датум: 16.12.2008 09:06:43
Бране, само ти можеш да не извлечеш од овој тоталитаризам.
Од: makedonce
Датум: 16.12.2008 09:10:56
sto ke im kaze brane na pratenicite ..da go smenime imeto.. poarno neka se otkaze od sekakov govor
Од: european
Датум: 16.12.2008 09:48:55
Ako vlasta ne ja poccituva institucijata pretsedatel, kako occekuva nekoj da gi poccituva niv i nivnite zakoni?
Од: Трпе
Датум: 16.12.2008 10:10:38
Ако претседателот Бранко Црвенковски,сака на неговото претновогодишно обраканје на нацијата да учествуват и дпмне-овците треба да и обека дека во неговиот говор ке има фаленје наЕПП владата .Тие живеат од рејтингот.Што да се прави,мора да им се угодува на децава да не плачат.
Од: Kosta Stoimenovski
Датум: 16.12.2008 10:14:33
Одредбата со која претседателот е должен еднаш годишно да го информира Собранието на РМ за состојбите во државава е само уште еден нонсенс во Уставот на РМ. Уставот на РМ беше донесен во време кога претседателот беше биран во Собранието. Од 1994 година наваму претседателот се бира на општи избори и тоја е должен пред нацијата/граѓаните, а не пред пратениците! Доколку настапува пред Собранието, сосема нормално би било по излагањето на претседателот да се отвори расправа! Претседателот на САД, Кралицата на ВБ и шефови на други држави ги информираат своите граѓани/нации за состојбите во нивните држави преку обраќање на националните ТВ, а не пред нивните парламенти!
Од: ljupco,bitola
Датум: 16.12.2008 10:38:37
Nekoj od komentarite spomnuvaat 550 iljadi sigurni glasovi za branko,pa daj kandisajteto go nekako da se kandira.Bez nego ne e interesno,Nema da ima smea.
Од: Bitola
Датум: 16.12.2008 10:39:27
Ic neka neodat podobro ke bidi.A naj dobro ke bidi od Makedonija da si odat.Vmroyo e samo steta za site.
Од: Бастион
Датум: 16.12.2008 11:28:11
Па како сакате Вмро-Дпмне да го следи говорот на претседателот на РМ,Бранко Црвенковски,кога ке седнат,ке подзинат со устите,и ништо нема да го сватат.Се што ке каже Бранко,има големина,а големите зборови,на големите луѓе,не можат да бидат примени и сватени,од мали мозоци.
Од: Dejan
Датум: 16.12.2008 11:42:45
Narodot veli "Koj se plasi neka si odi doma". Abe, Grueski od Sekerinska se isplasi da izleze na duel, a kamoli da se sretne so Pretsedatelot. Nema sansa da prisustvuva na obrakanjeto. VMRO i premierot imaat strav vo koski samo od pomislata na Branko Crvenkoski.
Од: marjan
Датум: 16.12.2008 12:28:11
Pretsedatelot na edna drzava ja PRETSTAVUVA drzavata, a nepocituvanjeto na Pretsedatelot pretstavuva NEPOCITUVANJE na drzavata.Toa e osnova na politickata kultura koj za zal DPMNE i DPA nikogas ja nemale.
Од: форцамкд
Датум: 16.12.2008 12:46:01
Какви пораки може да испрати БЦ, ви се молам! Бидете малце реални! Ако го слушам неговото обраќање може само притисокот да ми се качи. Во името на функцијата што ја претставува (како дојде до неа е друга приказна) треба да се обиде барем да не ни ја оцрнува државава зошто тој е првиот што вика дека државава не ни чини. Многу ми е жал за нивниот низок рејтинг и од таму е нивната исфрустрираност, но ако продолжат вака нема да имаат никаков рејтинг!
Од: krste
Датум: 16.12.2008 13:46:17
Sto da bidat VMRO-vcite vo Sobranieto, koga i onaka nisto ne razbiraat??? Poubavo neka si gi brkaat biznisite i neka cekorat po Prerodbata od Genijot Grujica!!?
Од: Vase
Датум: 16.12.2008 14:09:05
Sekoja cest na onie malkulugje koi pisuvaat iskreno i realno.Nemozam da svatam kako nekoj moze da rece deka Crvenkovski neznae da zboruva.Pa toj e najdobriot orator.Gruevski ne znae da vrze dva zbora lugje-toj kako uste da sedi vo srednoskolska klupa i sramezlivo gleda kako site negovi vrsnici se cekori pred nego.Se sramam sto imam takov premier.Toj nema hrabrost da izleze na bilo kakov duel.Toj edvaj go procituva seto ona sto nekoj koj e skapo platen,mu go pisuva.Toj e beden,zivee vo rozeviot svet na negovite reklami a site ostanati nemo sledat kako ni propagja drzavata.Ili nisto ne zboruvaat bidejki nisto ne razbiraat ili imaat takov strasen pritisok vrz niv i mi izgledaat pomireni so se...
Од: zabegan
Датум: 16.12.2008 15:15:41
VO sobranie ne veruvam ama na televizia sigurno. da naucat kako e da bides pretsedatel i kako se obraka kon narodot a ne da ne znaes 1 +1 kolkuse.
Од: До форцамкд
Датум: 16.12.2008 15:56:17
Колку си загрижен за државата се гледа од твоето име.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
„Транспарентност - Македонија“ ќе ја тужи Владата за кампањите
ВМРО-ДПМНЕ размислува да оди сама на избори
Бледа расправа за извештајот на Европската комисија