Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

„Транспарентност - Македонија“ ќе ја тужи Владата за кампањите

Катица Чангова

„Транспарентност - Македонија“ најавува дека ќе ја тужи Владата на Никола Груевски за расипничко трошење на јавните пари во функција на кампањи. Невладината организација вчера побара од Владата да престане со чување на тајната за кампањите и конечно да објави колку милиони евра даночни пари потроши во изминатите три години.

Бројните критики и економската криза не ја поколебаа власта да отстапи од прескапата забава на сметка на народот. Напротив, велат во „Транспарентност“, Владата доби стимул со уште поинтензивно темпо да инвестира во себефалење. Најнови агит-пропки на Владата се огласите „Кампања за борба против корупцијата“ и „Истражи ја Македонија“.

„Експертски тим размислува за тужба и проценува дали има основа за кривично гонење. Се' уште не сме сигурни дали тоа ќе биде колективна тужба, за Владата во целина, поединечна, за некои министри, или ќе биде адресирана за генералниот секретар“, изјави вчера за „Утрински весник“ претседателот на „Транспарентност - Македонија“, Сашо Орданоски.

Владата не се откажува од маркетинг-владеењето, но затоа лицемерно, под слоганот „И душата да ни ја земете - пари во Буџетот нема!“, силно го стегна ременот за просветарите. Притоа ги одби барањата на СОНК за поместување на платите и надоместоците за луѓето во образованието, беше потенцирано на вчерашната прес-конференција на „Транспарентност - Македонија“, кога беше презентиран ноемврискиот извештај.

„Хипокризијата на власта е уште поголема и поради фактот што не штедеше во зголемување на платите на стотина директори на владини агенции, бироа, дирекции за да им помогне во справување со скапотијата“.

Провокациите на новинарите во вид на прашања упатени до премиерот и до министерот за финансии, како и до сите надлежни институции во државата, досега не открија колку пари од Буџетот отидоа за владина пропаганда. Веќе не поминува вообичаениот одговор кој стигнува од претставниците на власта, дека користа од закупувањето простор за промоција во домашни и во странски медиуми ќе биде поголема отколку потрошеното.

И додека стигне одговор од власта или додека не го обелодени тоа Државниот завод за ревизија, јавноста и натаму калкулира со износи од 20 милиони евра до 50 милиони евра п��трошени за кампањи.

„Транспарентност - Македонија“ вчера побара од Антикорупциската комисија да излезе со став околу неспојливоста на функцијата и конфликт на интереси во случаите кога високи владини функционери и државни службеници блиски на министрите членуваат во неколку управни одбори во јавни претпријатија и установи. За невладиното тело е неприфатлив ставот на ДКСК дека станува збор за комплексни случаи.

„Неефикасноста, колебливоста и селективноста на Антикорупциска во одлучувањето за ваквите случаи придонесува оваа скандалозна политика на власта, наместо да се санкционира, да продолжи со засилен интензитет. Пасивниот и селективен однос е нотиран и во извештајот на Европската комисија за прогресот на Македонија во 2007, каде што јасно стои дека ’Државната комисија за спречување на корупцијата не ја исполнува во доволна мера својата улога на предводник во антикорупциската борба и дека треба да биде поактивна во јакнење на јавната свест‘“.


Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар

Од: Nino
Датум: 16.12.2008 01:38:19
Pa kogo ke tuzat?Zarem ne gledaat deka pretsedatelot na sudski sovet vo dogovor so pretsedatelot na Veleski sud go sokrija dosieto za brutalno ubistvo,a vaka da gi tuzis dpmne za nivnata sveta tema ( reklamite )-ke gi proteraat od zemjavaa !( ne se mislat mnogu ako si protiv nivnite reklami )
Од: alal vera
Датум: 16.12.2008 02:00:48
sekoja cest i da tuzite. i radmila sega treba da gi tuzi za voznemiruvanje i trohenje vreme da odi po udovi a ruralcive arogantno ne se ni pojavuvaat. sve sto e mislecko i intelekualno treba da se zdruzi kako sto pisuva frchko vo civilna mreza, zastodrzavata stana edno golemo kratovo, titanik koj tone poleka ama sigurno, a pacovite prvi ke go napustat brodot sto tone...kako na vremeto nivnata ikona ljubco
Од: tra la la
Датум: 16.12.2008 04:02:36
Koga go procitav imeto na pretsedatelot na Transparentnost Makedonija-Sasho Ordanoski alias Frenki Dalavera,se mi e jasno!!!I vladava e haj faj ama i a la prezidente Ordanovski e "na nivo"!!!Demek vo slucajov-mu rekol zajakot na magareto-leele kolkavi ushi imas!!!Abe urnebes e ovaa nasha zalosna Makedonija!!!
Од: Boban
Датум: 16.12.2008 04:11:13
E fala mu na boga sto nekoj se seti (osven opozicijata ) da se osvrne na nemilosrdnoto trosenje na Narodni Pari ... Golemo Bravo za Transparentnost i neka ne podlegnat na pritisoci i na uceni (mozni ) od instituciite na sistemot ili na valdeackata nomenklatura (koi sekako ge gi ima i ke bidat zestoki ) ....Samo Napred i sekoja Cest!
Од: МК
Датум: 16.12.2008 04:38:48
Владата со 50 мил $ эа рекламирање може да иэгради над 25 нови училишта, т.е. секоја година по една нова училишна эграда во 25 поголеми градови во Македонија. За 3 години рекламните кампањи на владата можеја да иэградат дури над 75 нови училишта по 3 во 25 градови. Славевски или Сатврески доколку имаат проблем со математика можат слободно да ме контактираат..
Од: anita
Датум: 16.12.2008 08:59:58
Banda rasipnicka!!!Ke gi vrakaat parite, ke dojde den i za toa!
Од: Kiril
Датум: 16.12.2008 09:02:26
Па кого ќе тужиш во земјата на тиранијата од овие. И јас тужев, а се на јдов на работа од Ресен во Н.село!
Од: zabegan
Датум: 16.12.2008 09:39:31
so ke bese ova transparentnos???? da ne e nekoja politicka partia ? pa sega saka da ja primat vo rozevata koalicia,kaj bea dosega zar sega pred izbori sakat na GRUJA da mugo rusat gejtingot. nesto tuka mie cudno,no aj zivi bili pa videli.
Од: petar
Датум: 16.12.2008 09:40:36
Zatoa prosecnata plata ke bide kako sto e prikazana izgleda i od zavodot za statistika tamu ima nekoj clen sto se ofajduva.Zosto komentirate negativno ako nekoj progovori javno.Se raboti za narodni pari.Ne zboruvam da nekogo go podrzuvam tuku da kazam deka eden takov glas znaci mnogu ili nie sme zadovolni sto ke ni serviraat pa makar i toa ke go frlime ama nema da dozvolime da ni kazuva nekoj sto znae kako se rasfrlaat parite oti toa se nasi pari ne negovi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
ВМРО-ДПМНЕ размислува да оди сама на избори
Бледа расправа за извештајот на Европската комисија
ВМРО-ДПМНЕ не знае дали ќе го следи обраќањето на Црвенковски