Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Со пиштол-плашливец им се заканувал на лекари

Скопјанец го нападнал обезбедувањето во Дневната болница за зависности при Клиничкиот центар во Скопје и со пиштол-плашливец им се заканувал на лекарите, бидејќи одбиле да и' ги дадат лекарствата на неговата мајка.

Според полицискиот билтен, инцидентот се случил завчера околу 9 часот кога 24-годишниот Д.Ј. телефонски бил известен дека неговата мајка не може да ги добие лекарствата што биле наменети за него, туку дека треба лично да ги земе.

„Најпрвин се заканувал, а потоа отишол на клиниката. Носејќи пиштол во раката, почнал да им се заканува на обезбедувачите, а потоа и физички ги нападнал. Почнал да им се заканува и на лекарите, по што бил совладан од обезбедувањето“, објаснуваат од МВР. Дури тогаш забележале дека скопјанецот им се заканувал со пиштол-плашливец, по што бил приведен во полициска станица. Против него ќе биде понесена кривична пријава. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 777 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Фатен разбојник што ограбувал таксисти
Отишол по мајонез и не се вратил






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis