Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Отишол по мајонез и не се вратил

Две недели трае неизвесноста во семејството Ангелески по исчезнувањето на 15-годишниот Дарко

Горан Адамовски

Средношколецот бил облечен во сив блузон со ќулавка, долни зелени тренерки и патики. Доколку го видел некој, нека се јави во најблиската полициска станица или на бројот 070/742-439

Отишол по мајонез и не се вратил. Веќе 13 дена трае неизвесноста во семејството Ангелески во скопската населба Илинден откако 15-годишниот Дарко исчезна во близина на семејниот дом. Каде заминал, дали некој го грабнал, дали е здрав и жив, каква врска има тепачката во која учествувал само еден ден пред да исчезне или, пак, можеби виновникот треба да се бара во црниот џип што постојано врвел низ Илинден и од кој Дарко имал уплав...

Ова се прашањата со кои мајката, таткото, трите поголеми сестри, помалиот брат и големиот број роднини си ги поставуваат секојдневно. Постојано чекајќи абер од полицијата или од некој што го видел нивниот Дарко, седат во собата од трошната куќа каде што се греат на шпорет со дрва.

„Душа веќе немаме, неизвесноста не' убива“, вели првиот братучед на Дарко, Бобан, кој живее во соседната куќа.

Мајката на Дарко, Лиле Ангелеска, е невработена. Таткото работи, најмалиот син е во шесто одделение, а имаат и три ќерки. Живеат сиромашно, но чесно, не се замериле со никого и како што велат, не можат да си објаснат зошто им се случува сево ова.

За Дарко велат дека бил мирно дете. Бил ученик во втора година во АСУЦ. Учењето не му одело како што треба, но бил многу вреден. Иако за два месеца требало да наполни 16 години, тој честопати подработувал на разни места за да заработи некој денар. И сега помагал во блиската кафеана.

„Ние му дававме колку што можеме, но тој самиот си заработуваше за да си купи патики, облека. Лани една недела работеше во Крива Паланка. Ни кажа дека ќе оди таму да работи и замина. Знаевме каде е“, вели мајка му Лиле. Дарко честопати знаел да мине цел викенд кај своите другари, а дома да се врати по понеделничкиот училиштен ден. Токму затоа, кога исчезнал во предминатиот петок, родителите не биле премногу загрижени.

„Сега кога размислувам, гледам дека многу работи ми укажуваа дека нешто не е во ред“, раскажува Лиле.

Дарко во петокот попладне се вратил од училиште. Дошол дома, се преслекол и ја прашал мајка си каде се подготвува. „Му реков дека ќе одам кај татко ми во Бучинце. Тој ми рече да одам и да останам таму неколку дена. Ми беше чудно зошто ме брка. Рече дека ќе оди да купи мајонез во блиската продавница. Ме чекаше да заминам“, вели потресената мајка.

Околу 15 часот неколкумина од соседите го забележале момчето и го прашале каде ќе оди. На некои им велел до продавница, а на некои дека ќе оди на работа во кафеаната. Но, во продавницата не влегол, а последен пат бил забележан во 18 часот во близина на кошаркарското игралиште, оддалечено стотина метри од семејниот дом.

„Веројатно отишол во интернет-клубот и тогаш тргнал накај дома“, вели братучедот Бобан. Оттогаш му се губи трагата. Едно од момчињата во соседството тврди дека го видел Дарко како влегува во автомобил. Но, семејството смета дека тоа се само гласишта што не се потврдени ниту од полицијата. Три дена семејството не го пријавиле случајот во полиција. Мислеле дека и овој пат Дарко ќе се врати дома.

„Се подготвуваше да оди да се тетовира во Кратово кај другарот и зат��а мислевме дека викендов заминал таму, иако имаше закажано за идниот петок. Затоа и не го баравме, ама јас трите ноќи во Бучинце само на него мислев, имав претчувство дека нешто не е во ред“, се присетува мајката.

Момчето од Кратово целиот викенд го минало кај тетка му во Трубарево. Во понеделникот кога Дарко не се вратил дома, случајот го пријавиле во полиција. Заминале и во телевизија, да замолат да буде пуштена негова фотографија и да се апелира за помош.

„Само една секунда откако сликата беше пуштена, добивме јавување од момче од Свети Николе. Ни рече дека го видел нашиот Дарко со уште едно дете во казино во Штип и дека од него побарале 100 денари. Точно го опиша како бил облечен Дарко, дури и рече дека е малку покрупен отколку на сликата, што беше вистина“, вели Бобан. Веднаш се упатиле за Штип. Контактирале со човекот од Свети Николе, а ја алармирале и полицијата во Штип. Кога сакале да влезат во казиното, полицајците им рекле дека тие ќе завршат работа. Влегле внатре, но набргу излегле и им рекле дека Дарко не бил во казиното.

„А келнерките преку други луѓе рекоа дека Дарко бил внатре два дена“, тврдат блиските на момчето. Тоа е последната информација што ја добиле. Изминативе неколку дена имале две јавувања на бројот 070/742-439, кој служи за контакт доколку некој го видел Дарко, но јавувачот само молчел.

„Сестра ми му рече да ни каже се' што знае, но тој само молчеше“, вели една од сестрите на Дарко. Бројот бил прикриен, поради што и полицијата не успеала да го дешифрира.

Но, кој има врска со исчезнувањето на Дарко? Семејството се сомнева дека можеби има врска тепачката во која учествувал тој само еден ден пред да исчезне. Наводно, детето од Кадино, со кое се степал, имал „опасен“ татко. Оваа варијанта, сепак, им изгледа помалку веројатна.

„Црниот џип без регистрација што кружи низ Илинден и околните села веќе една година е мамката“, се сомнева братучедот Бобан.

Како што велат, џипот постојано барал жртви, наводно, пред неколку дена во Кадино било грабнато дете, но селаните набргу забележале, ќе го линчувале возилото и луѓето внатре, по што детето било пуштено.

„Од него Дарко имаше уплав. Уште од лани го бркаа, тој ќе дојдеше дома, не можеше здив да земе од страв. Велеше ‘мамо, ме бркаат во џипот, сакаат да ме земат‘. Си го поврзувам тоа со ланските исчезнувања на трите мали деца. После, нели, стивна работата, џипот го снема, ама сега пак се појави“, се јадосува мајката.

Дека Дарко сам не ја напуштил семејната куќа, најмногу упатува фактот што ја оставил на масата училишната тетратка, во која ги оставил своите 2.600 денари, парфем и алка. Не ги обул ниту новите патики. Неговите сакаат само да слушнат дека тој е жив и здрав, па макар и да не врати дома ако самиот заминал. Сакаат на полициското вообичаено „истрагата продолжува“ да му дојде крајот.


#
Статијата е прочитана 8882 пати.

Испрати коментар

Од: Rim
Датум: 04.11.2010 12:57:36
Se nadevam deka se ke se zavrshi srekno, no roditelite mi izgledaat mnogu naivni. Deteto mozebi e zameshano vo somnitelni raboti. Ima samo 15 godini a odi kade saka da 'zarabotuva' i ostanuva kolku saka. Kako go pushtile da vleze vo Kazino bez napolneto 18 godini?
Од: Sramota i greota
Датум: 04.11.2010 14:20:30
Ete toa se rezultati od portokalovite tranzicii i prerodbi vo duhot na "globalizacijata" i rasprodazbata na duhot na gjavolot! Prasanje e do kode e trpenieto na Makedonija i na narodot?
Од: divna
Датум: 04.11.2010 15:03:25
Kako koristite, na se mu davate politicka konotacija..........
Од: Vasko
Датум: 04.11.2010 15:09:19
Grueski e kriv sto go snemalo deteto, ama narodov e epten budala. Neka izlezat na predvremeni izbori neka go izglasaat Branko i vecerta odma po objavuvanje na rezultatite deteto ke se vrati doma....:-)
Од: јас
Датум: 04.11.2010 16:00:07
Е портокалчина, портокалчина !! Со ваква „полиција “ и вакви „стручни служби “ е дојдено до ова дереџе ..Да не си сигурен мало дете да пуштиш до продавница ..Благодарете му на вашиот овчар и неговата министерка за ваквата состојба и молете Бога вас лично да ве одмине ваквото зло !!
Од: Goce
Датум: 04.11.2010 17:25:56
A be nekako sive prikazni mi se mnogu matni... Sve nekoi nejasni raboti... Site kako da krijat nesto
Од: влатко
Датум: 04.11.2010 21:43:38
срамота каде ви е човечноста лугето се во мака и чекаат било каков абер за детето а вие веднаш политика а и не ме чуди зошто нацијата не напредува од толку политичари во државаа не ни останаа луѓе.
Од: naser
Датум: 04.11.2010 23:03:17
grevota takvo neshto dase slluci na ovoj vek kako mozhe dase izgubi dete pred kuqa do koga vaka ke ideme da dade gospod dase najde deto na familiata im posakuvam se naj dobro da zavershi ova a nie narodot da staneme site za dago najdeme ova dete sega ne e samo na negova familia na site nas e toa bi mozhel da nise slluci na site nas za toa me bolim kako da e moje dete
Од: aleks
Датум: 04.11.2010 23:32:09
Ludi ljuge ne mu davajte politicka konotacija na ovoj slucaj i na bilo koj gruevski e kriv za se neli podrska do semejstvoto za brzo vrakanje na deteto.
Од: danilo
Датум: 05.11.2010 08:13:50
Како тоа џип без таблици вози по сокачиња и граба деца.Вака грабаја луге во Африка ама пред триста години пред да се роди Јанкуловска

Најди! во Утрински
Хроника
Фатен разбојник што ограбувал таксисти
Со пиштол-плашливец им се заканувал на лекари






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis