Општина Центар денеска официјално ќе се збратими со Шевченкивскиот реон на градот Киев. Двете општини планираат соработка во неколку области, со крајна цел премостување на културите и разликите на двата народа и во интерес на трајно пријателство. Општините планираат да разменуваат искуства за развој на образованието и науката, па за таа цел ќе вршат размена на ученици и учители, ќе соработуваат на полето на спортот, за што ќе организираат спортски натпревари, а во план е и размена на искуства во подготовка на европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Украина. Соработката на општините, како што велат од Центар, е прв чекор за интензивирање на соработката на двете држави и на локално ниво. (Дс.Т.)