Од дилер одземени 433 грама марихуана Одделението за недозволена трговија при СВР-Скопје до скопското Обвинителство поднесе кривична пријава против Г.Т.(27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, односно поради поседување 433,5 грама марихуана.
Полицијата, по претходно добиено сознание дека осомничениот подолго време се занимава со недозволена трговија, презеле соодветни мерки и активности за негово откривање и обезбедување материјални докази. Имено, бил извршен претрес на домот на Г.Т., на улица Желево“, каде што тој времено престојувал. При претресот биле пронајдени 30 зипер-ќесички, едно големо пакување, седум најлон-ќеси и едно тенџере со марихуана со вкупна тежина 433,5 грама. Од разговорот со Г.Т. било утврдено дека во текот на септември тој набавил марихуана што ја препакувал во помали количини, а по телефон договарал продажба по цена од 300 денари.
За Г.Т. полицијата потврдува дека е познат како извршител на вакви дела, но и на кривични дела од областа на имотни деликти. (Љ.С.)
g.t.koj e toa,gruuevski toni, tome,trajko......zosto inicijali dajte celo ime i prezime ili voopsto ne pisuvajte gi ima vo drugi izdanija so celo ime i prezime????